Прашање за Христијанството III

M

Muranyi

Гостин
Плус, во Божјата природа не е одредено дека Он може да прави буквално што сака: на пример, зло.
Содома и Гомора,Големиот потоп,зарем не е тоа зло?Што друго може да биде уништување на цели градови,цивилизации?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Мислиш, не ги знам законите божји што ги проповеда црквата.

Фала богу, не ме ни интересираат, се е тоа лопови и преваранти.

Мики1,Одговори само дека според верувањето не е правилно,и што сакаш да кажеш со тоа ова,она што е тоа ова,она или пак воопшто не ги знаеш законите Божји.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не е размислување, прашање е.
На првие луѓе, Творецот им дал одредени способности/склоности, кои требало дабидат насочени кон чинење добродетели. Со падот Адамов, и воопшто, падот човеков, тие почетно дадени енергии, денес се претворени во похоти и страсти, кои не се по Божјата волја. Смислата од живеењето според верата, делумно се однесува и на враќањето на страстите и похотите кон нивната почетна состојба, а не кон нивно бесцелно и бесконечно задоволување.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Сеа ке ти спука некој одговор, ама така добро политички скорен и одоколку..... да се чудиш дури. :) Многу ме интересира одговорот на ова. :)

Содома и Гомора,Големиот потоп,зарем не е тоа зло?Што друго може да биде уништување на цели градови,цивилизации?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Содома и Гомора,Големиот потоп,зарем не е тоа зло?Што друго може да биде уништување на цели градови,цивилизации?
Казна за гревот е смртта.
Гревот нема свое оправдување па не е ни чудно што гневот Божји се насочил кон цели градови, оддадени на пороците.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580

Бог и така го преставил крајот на светот се додека има верници на земјата ќе постои и светот,кога ќе има се повеќе неверници ќе има поплави,земјотреси,болети и тоа се знаци за второто доаѓање на Господ и крајот на светот.
И сега кажи дека е зло...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напротив: Творецот има своја промисла за таквите луѓе.
Која е таа промисла?
--- надополнето: 19 март 2013 во 22:59 ---
На првие луѓе, Творецот им дал одредени способности/склоности, кои требало дабидат насочени кон чинење добродетели. Со падот Адамов, и воопшто, падот човеков, тие почетно дадени енергии, денес се претворени во похоти и страсти, кои не се по Божјата волја. Смислата од живеењето според верата, делумно се однесува и на враќањето на страстите и похотите кон нивната почетна состојба, а не кон нивно бесцелно и бесконечно задоволување.
Како може богот да биде семоќен ако има нешта кој не се по негова волја?
 
M

Muranyi

Гостин
Казна за гревот е смртта.
Гревот нема свое оправдување па не е ни чудно што гневот Божји се насочил кон цели градови, оддадени на пороците.
Дали во тоа време луѓето беа полоши и погрешни од денес?Дали жителите на Содома и Гомора беа најгрешните што некогаш живееле на Земјината топка?Зошто денес не пушти еден потоп да ја исчисти Земјата од гревови,од политичари,владици,криминалци,убијци,проститутки,педофили,силувачи?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Која е таа промисла?
Кога веќе немаат свои (деца), бездетните родители можат да ги сакаат туѓите деца па дури и да посвојат некое новородено а напуштено од родителите и со тоа посвојување, да направат добродетел кон човечко битие кое не им е биолошки блиско а сепак се нафатиле да го израснат и одгледаат.

Или: ако бездените родители по договор се разведат, можат остатокот од своите животи да го поминат во манастир, преку замонашување.

Или: бездетните родители, доколку би имале свои (биолошки) деца, тие и такви деца, би можеле да станат опасни, па дури и опасни за своите родители па нивната бездетност не им доаѓа како казна.

Како што гледаш, можностите се повеќебројни.
--- надополнето: 19 март 2013 во 23:06 ---
Дали во тоа време луѓето беа полоши и погрешни од денес?Дали жителите на Содома и Гомора беа најгрешните што некогаш живееле на Земјината топка?Зошто денес не пушти еден потоп да ја исчисти Земјата од гревови,од политичари,владици,криминалци,убијци,проститутки,педофили,силувачи?
Не: човечката отпадната природа е лоша и во минатото, и во сегашноста, а ќе биде уште полоша во „убавата„ иднина.

Жителите на тие два градови биле комплетно, како граѓани, целосно оддадени на блудот па Бог, не наоѓајќи ниту еден непорочен човек во тие два града, ги збришал.

По Божјото ветување, втор попот нема да се случи, но затоа денешните луѓе, со своето „модерно„ однесување, само го предизвикуваат гневот Божји па и ден-денес сме сведоци на казните Божји.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе тоа дали го претставил така он, или па на некој му текнало тоа и го напишал и по некоја игра на случајности успеало тоа да стигне до ова ниво на кое што е сега ниту ти знаеш ниту пак јас.

Чак шта више,еднаш поставив едно прашање на кое што не добив одговор и еве ке го поставам сега пак. Прво да кажам уште еднаш. Верувам во бог, не верувам во попови цркви и такви слични работи. А зошто верувам? Бидејки на некој начин сум го осетил тоа. Ова морав да го кажам за да знаете дека не сум атеист и дека не ги зборам овие работи од инат, или контра, или да се расправам туку дека нвистина ме инресира. Навистина, не сум читал библии завети и сл. не сум слушал и интересирал многу околу религијата и сл. али доволно ми е да гледам колку се богати попови има, какви коли возат итн итн итн... ама ај, и за тоа тука ке прекинам бидејки не ми е муабетот ни за нив.

Прашањето е дали е навистина она што го викаат дека бог никаде ниту еднаш на ниту едно место или запис ја нема споменато црквата, поповите, дека всушност тие се тие што треба да ја проповедаат неговата воља и збор и сл.

Бог и така го преставил крајот на светот се додека има верници на земјата ќе постои и светот,кога ќе има се повеќе неверници ќе има поплави,земјотреси,болети и тоа се знаци за второто доаѓање на Господ и крајот на светот.
И сега кажи дека е зло...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како може богот да биде семоќен ако има нешта кој не се по негова волја?
Ако Бог ја активира и наметне својата се‘моќ, тогаш би било тешко нас, а плус то, Он не ја наметнува својата се‘моќ и волја, оти Он не Е тиранин, туку човекољубец, а ние не сме роботи и робови, туку живи и слободноволни битија.
--- надополнето: 19 март 2013 во 23:14 ---
Прашањето е дали е навистина она што го викаат дека бог никаде ниту еднаш на ниту едно место или запис ја нема споменато црквата, поповите, дека всушност тие се тие што треба да ја проповедаат неговата воља и збор и сл.
Не е вистина, некој дебело Те излажал.

Имено, на Педеестница (на 50-от ден по Христовото воскресение), слезе Духот Свет врз Апостолите и со тој чин, сам Бог ја основа Црквата, а Апостолите Христови станаа првите свештеници. Кога Св. Ап. Петар покрсти 3-5 000 евреи, со тоа покрстување, евреите станаа првите верници во ерусалимската Црква Така, свештениците и верниците и денес се основа на Црквата.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Абе тоа дали го претставил така он, или па на некој му текнало тоа и го напишал и по некоја игра на случајности успеало тоа да стигне до ова ниво на кое што е сега ниту ти знаеш ниту пак јас.

Чак шта више,еднаш поставив едно прашање на кое што не добив одговор и еве ке го поставам сега пак. Прво да кажам уште еднаш. Верувам во бог, не верувам во попови цркви и такви слични работи. А зошто верувам? Бидејки на некој начин сум го осетил тоа. Ова морав да го кажам за да знаете дека не сум атеист и дека не ги зборам овие работи од инат, или контра, или да се расправам туку дека нвистина ме инресира. Навистина, не сум читал библии завети и сл. не сум слушал и интересирал многу околу религијата и сл. али доволно ми е да гледам колку се богати попови има, какви коли возат итн итн итн... ама ај, и за тоа тука ке прекинам бидејки не ми е муабетот ни за нив.

Прашањето е дали е навистина она што го викаат дека бог никаде ниту еднаш на ниту едно место или запис ја нема споменато црквата, поповите, дека всушност тие се тие што треба да ја проповедаат неговата воља и збор и сл.
Така велиш дека самиот си кажа дека не читаш црковна литература.Бог неколку пати ја има споменато црквата(Храм).Единствениот благослвен и идеален контакт со Бога е молитвата и храмот,Храмот е свето и најчисто место за молитва а поповите се личности кој учеле за тоа и правилно ја манефистираат молитвата(Литургија).
И јас те подржавам дека поповите(поединци) се алчни и грешни но како што велат не ме гледај што правам гледај што те учам.За тоа топло те советувам да читаш црковна литература како и библијата зошто ќе научиш многу работи и како правилно да веруваш и живееш со Бога.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кога веќе немаат свои (деца), бездетните родители можат да ги сакаат туѓите деца па дури и да посвојат некое новородено а напуштено од родителите и со тоа посвојување, да направат добродетел кон човечко битие кое не им е биолошки блиско а сепак се нафатиле да го израснат и одгледаат.

Или: ако бездените родители по договор се разведат, можат остатокот од своите животи да го поминат во манастир, преку замонашување.

Или: бездетните родители, доколку би имале свои (биолошки) деца, тие и такви деца, би можеле да станат опасни, па дури и опасни за своите родители па нивната бездетност не им доаѓа како казна.

Како што гледаш, можностите се повеќебројни.
Кога веќе ги создал без можност да имаат пород, зошто ги создал со нагон за секс?
Ако Бог ја активира и наметне својата се‘моќ, тогаш би било тешко нас, а плус то, Он не ја наметнува својата се‘моќ и волја, оти Он не Е тиранин, туку човекољубец, а ние не сме роботи и робови, туку живи и слободноволни битија.
Друго јас те прашувам. Значи ти велиш дека похотите и страстите биле спротивни на божјата волја! Јас те прашувам: Како е можно да постојат нешта кој се спротивни на волјата на битие за кое се тврди дека е семоќно и сезнајно?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Така велиш дека самиот си кажа дека не читаш црковна литература.Бог неколку пати ја има споменато црквата(Храм).Единствениот благослвен и идеален контакт со Бога е молитвата и храмот,Храмот е свето и најчисто место за молитва а поповите се личности кој учеле за тоа и правилно ја манефистираат молитвата(Литургија).
Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот:
’Небото Ми е престол, а Земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка? Не го направи ли сè тоа Мојата рака?’“ (Дела на апостолите 7:48-50, Библијата)

Грчкиот збор „екклезија“ што во македонскиот превод на Светото Писмо е преведен како „Црква“ не значи храм, туку збир на христијани или генерално „собир на повиканите“ (повикани за иста цел, со иста визија). Екклезии грците ги викале и собирите на грчките филозофи. Значи луѓето се црквата, а градбата е само место, кое само по себе воопшто не е свето.

gt80

И јас те подржавам дека поповите(поединци) се алчни и грешни но како што велат не ме гледај што правам гледај што те учам.За тоа топло те советувам да читаш црковна литература како и библијата зошто ќе научиш многу работи и како правилно да веруваш и живееш со Бога.
Јас му препорачувам Библијата да ја „јаде“ како леб, вклучувајќи ги и трошките. А другите духовни литератури да ги „јаде“ како рибата. Месото да го голта, коските да ги фрла.
Коските се гледаат преку призмата на Библијата. Тука зборувам интерно за христијаните, за нехристијаните се разбира ова нема смисла.
Позз
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот:
’Небото Ми е престол, а Земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка? Не го направи ли сè тоа Мојата рака?’“ (Дела на апостолите 7:48-50, Библијата)

Грчкиот збор „екклезија“ што во македонскиот превод на Светото Писмо е преведен како „Црква“ не значи храм, туку збир на христијани или генерално „собир на повиканите“ (повикани за иста цел, со иста визија). Екклезии грците ги викале и собирите на грчките филозофи. Значи луѓето се црквата, а градбата е само место, кое само по себе воопшто не е свето.

gt80

Јас му препорачувам Библијата да ја „јаде“ како леб, вклучувајќи ги и трошките. А другите духовни литератури да ги „јаде“ како рибата. Месото да го голта, коските да ги фрла.
Коските се гледаат преку призмата на Библијата. Тука зборувам интерно за христијаните, за нехристијаните се разбира ова нема смисла.
Позз
Кај си бе Чорбаџија цел ден те нема што дебати паднаа тука.И јас поставив едно прашање погоре што многу би сакал да чујам твој одговор.
Сакаш да кажеш дека црквите се само градби локација за собирање на луѓе со една визија.Тогаш зошто Бог го вика мој дом, значи се погрешно правиме што одиме во црква палиме свеќи се молиме за мене црквата е најсвето место на земјата и верувам дека Бог може да не препознае само во неа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom