Најекономично греење и ладење

Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Kade toa ima Toshiba Daiseikai za 1000evra???
Mislam vo Makedonija.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Kade toa ima Toshiba Daiseikai za 1000evra???
Mislam vo Makedonija.
Зборнав онака приближно, не знам колку е точно цената во моментот. Лани мене ми ја понудија Енергија 3-та за 65.700 ден.
Еве нека биде Сузуми Инвертерот од Тошиба кој е и поефтин од 1000 евра, во секој случај е подобра опција од Мидеата.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Не требало да земаш клима од пониска класа за да загрееш просторија која без проблем ќе си ја загревал со Инвертер од 12.000, односно 3.5 КВ клима.
Троши многу повеќе енергија и нема никаква функционалност.
За тие пари си можел да земеш Тошиба Даисекаи 12-ка и да си немал никакви проблеми.
Ама нејсе пошто ова е завршена работа, сепак не е нормално климата да се однесува така.
Дали забележа кога ја монтираа дали беше употребена вакуум пумпа пред да ја наполнат со фреон монтерите?
Добро се изолирани цревата надворешно? Климата е уште под гаранција, викни ги тие што монтираа и од каде што ја купи.
Не е возможно клима со толкава можност да не затопли просторија од 30 КВ.
--- надополнето: 17 март 2013 во 10:45 ---
.
Можно е дека голема клима а мала просторија па поради тоа да се исклучува брзо.
Кога ќе ја земам следната клима ќе се консултирам со вас на форум :)
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
А некој да не носи клими од Србија? Можеби сум прашал и претходно ама ајде уште еднаш.:D

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.009
Поени од реакции
32.014
Jas bi odel so najkvalitetnata opcija za sekoj slucaj poradi taa pricina sto intervencija otposle e teska i skapa. Iskreno ne ocekuvam da bide kojznae kolkava razlikata vo kvalitet so turskite ali bi gi izbral avstriskite onaka da ne mi e "sube" da spijam na raet :)
Инаку сум имал искуство со ПВЦ цевки од турско производство за водовод и истите имаат одличен квалитет.
Во случај да е големка разликата во цена, распрашај се и посети објекти каде што имаат инсталирано турска инсталација.
Не мора ништо да значи земјата на потекло.
Искрено на неколку места ми ги фалеа турските (Firat е иначе фабриката) ама разликата до варијантата со Herz некако не беше претерано голема, па решив да одам со „австриските„. Ги ставив во наводници зошто сега фабриките им се во Романија, Бугарија и други источно европски земји.
Сепак сајтови за повеќе европски земји, сертификати со ISO стандарди, документација на сајтот... само по себе зборува за квалитет. Деновиве ќе одам до Коском да купувам, ветија попуст за 150м цевки па ќе видиме...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве една анализа од Друштвото на физичари на Швајцарија за истовремено добивање на топлина и струја од гориво
http://www.sps.ch/en/articles/various_articles/heating_with_mini_cogeneration_systems_and_its_potential_for_the_electric_energy_generation_in_switzerland/
Во анализата е наведено дека ова претставува најрационален начин на искористување на горивото. Поради неможноста за топлината да се пренесува поголеми растојанија единствено решение семалите домашни централи опремени со мотори со внатрешно согорување.
Даден е пример од таков мини агрегат со моќност 5.3 KW електична енергија.
Анализата завршува со следниве зборови:
„ Оваа инвестиција во мини-комбинирано производство е од редот на 30 000 швајцарски франци, во споредба со инвестициите во Leibstadt нуклеарна централа може да се каже, дека инвестицијата на kWel е на исто ниво. Мини-комбинирано производство на електрична и топлинска енергија е речиси непознато (во Швајцарија). Технологијата е зрела и е погодна за масовно производство и затоа има потенцијал за намалување на трошоците. “
Во уводот на оваа анализа е дадено дека за среќа во Швајцарија се повеќе се користи затоплување со помош на топлотни пумпи. А тоа е она што во оваа тема сите се залагаме - што поголема употреба на клима уреди за затоплување, а што помалку користење на греалки кои работата на електричен отпор. За ова се вели:
„Бројките покажуваат дека замена на фосилните горива со електрична енергија ќе бара огромни инвестиции во генерирање и транспорт капацитет. За среќа, елктро - отпорното греење постепено се напушта во корист на топлински пумпи. Според код. [3, 4] СОР, соодносот помеѓу топлинската енергија излез и електрична енергија на овие машини е околу 3. Претпоставувајќи СОР од 3, моќта на побарувачката во јануари се намалува во просек од 7 GW, што е уште повеќе од годишната просечна моќ од нашата вкупна производство на електрична енергија (во 2005: 6,3 GW).“
 
Член од
19 март 2013
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво на сите. Нов сум на форумот па ќе поставам едно прашање за поискусните, гледам има луѓе што се разбираат.
Ме интересира дали има некој искуство со електрично подно греење. Запознаен сум топловодното, ама за ова не успеав да прочитам некој што има искуство со него.
Мислам дека е релативно ново на пазарот и има две три фирми што го носат.
Во принцип е исто како топловодното ама наместо цевки се пуштаат кабли во кошулицата и наводно работи на температура до 27С.
Има варијанта од некои од поквалитетните и да се монтира под паркет.
Поз
 
Добро ни дојде....
Најнапред разгледај ја темава.
Најекономично е греење си топлотни пумпи ( клима уред ) или на огревно дрво
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Здраво на сите од уште понов. :)

Имам прашање за клима за ладење (можеби и за греење, ама многу малку), па дали да го поставам (опишам ситуацијата) во темава или на друго место? Не гледам друга тема за клими, а оваа тема е огромна и нема шанси да најдам тоа што ми треба, и да го има.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Вака, климата би се користела за ладење, догревање, но најмногу за вентилирање на мала просторија каде што интензивно се пуши.

Просторијата е многу мала, некаде 10 квадрата максимум, но во најтоплите денови би се отварала врата да лади (колку што може) натамошни простории. Изолацијата е слаба, најмногу на вратите и прозорите (стари, расклатени). Собата е директно на југ, па знае да стане многу жешко, па и функцијата ладење не смее да се занемари. :)

Гледам, прозорски клими слабо има кај нас, а и има повеќе непогодности поврзани со нивната монтажа, па јас би сакал да поминам, ако може, со нормална клима (било сплит било инвертер). Значи, главното прашање ми е која клима да ја одберам, со „потпрашања“ поврзани со:

1. Филтрите. Гледам има многу видови, но не ме интересираат бактериски и слично (иако веројатно и тие не се за потценување), туку кој тип на филтер најдобро ќе филтрира чад од цигари. Со ова оди и да биде лесен за одржување итн.
2. Ако може да препорачате квалитетни мајстори за монтажа, затоа што малку е комплицирано местото каде што би се монтирала, па не сакам фушерај (нели, и без тоа не сакам, но добро...)
3. Цена до некаде 40.000 (може и да се растегне ако има ептен добра причина) - затоа што гледам само поскапите имаат филтри, а и нека има поголема сила за да работи економично и да ги лади другите простории.

Благодарам.
 
Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Последен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:
http://www.technomarket.com.mk/browselist/135/air-conditioner
За ветилирање можат да се употребуваат само прозорски клими.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Тоследен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:
http://www.technomarket.com.mk/browselist/135/air-conditioner
За ветилирање можат да се употребуваат само прозорски клими.
Па, најголема мана е што ќе го затвори единствениот прозор (и до половина да е, многу е), треба да се менуваат стакла итн. И бучавата.

Ако може да му се верува на следното:

http://www.termosistem.com.mk/prozorski-klima-ured

А зошто да не му се верува. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom