Kaj нас јаглен речиси да не се користи за затоплување, но во светски размери јагленот е ефтино гориво.
Најдов една интересна страница во кој се содржани цените на
светските пазари за јагленот, петролејот, природниот гас( има и многу други податоци, а има и споредбени табели )
http://www.indexmundi.com/commodities/?commodity=coal-south-african
Можете да видите дека дека експортната цена за јаглен од Јужна Африка е помала од 90 долари за еден тон. Се работни за јаглен со топлотна моќ поголема од 24 МЈ по килограм ( 6,7 KWh за колограм ).
Ако се пресмета во денари колку чини еден KWh се добива цена од 0, 63 денари за еден KWh.
Ако додате +100 % за превоз, царина, ДДВ пак е поефтино барем три пати од природниот гас ( сегашна цена на енергијата од гасот е 3,4 денари за еден KWh )