Од што е подобро затоа Бугарите живи се палат на плоштадите, Грците се веќе банкрот, Кипар пред распаѓање, Шпанија неверојатна сиромаштија и безработица, Португалија они си знаат како врзуват крај со крај, дури и Италија е пред колапс. Од што е добро затоа и Англија гледа да забега и со очи да не ја видат повеќе.
Предностите на Европската Унија се фондовите со кои може да се подобри инфраструктурата и може да се ќари од субвенциите за земјоделство. Но според мене преовладуват негативностите затоа што влегуваш во едно оро во кое си последен и пред тебе има уште 28 игроорци кои ти го дават правецот. Јас некако сум убеден дека ова што и се случува на Македонија е среќа во несреќа затоа што мислам дека ги имаме потпишано сите трговски договори со Европската Унија а од друга страна имаме слобода за создавање и на други пазари. Не сме ограничени со никакви квоти и стандарди , така да сеуште можеме да произведуваме колку сакаме и што сакаме се разбира се додека има пазар за истото. Што се однесува до субвенциите токму тие ги направија Шпанците и другите земјоделски земји робови на посилните индустриски земји. И додека Германецот ти продава Голф за 30 илјади евра , шпанскиот земјоделец треба да произведе 60 илјади килограми домати за да исплати еден единствен Голф. Па најдете си ја вие математиката.
Исто е и со туризмот каде што цените се паднати на толку мизерно ниво што со 200 евра може да одиш и да се лигавиш во Италија. Затоа европската унија е мајка само за најсилните или за лешинарите како Гејовите додека за другите е маќеа.
Кој му е крив бе на шпанецот што е земјоделец ? Земјоделецот дали во ЕУ или надовор од нејзе,пак ќе прави помалку од тој што произведува кола.Башка споредбата ти е тотално погрешна,индивидуален земјоделец со корпорациски гигант споредуваш......
Треба да продаде 60 тона патлиџани за да го купи голфот,ама надвор од ЕУ без субвенции 100 тони ќе му требаат.
Германците беа паметни,целосно се ориентираа кон тие високотехнолошки и сложени индустрии.Вагони, коли, превозни средства,лекови, сложени електрични системи тоа си инвестираа.Не може ладна и пренаселена Германија да биде земјоделски рај.....паметни се швабите.
Сите земји што си дојдоа пред распаѓање си дојдоа затоа што си се сами криви.ЕУ беше крива што не ги контролораше колку и на што се задолжуваат,а сега кога сака ЕУ да воведен крај и контрола на тоа од еднаш ЕУ не ваља и им ја зема сувереноста на земјите.
Бугарите каков крш и хаос беа пред ЕУ не мора ни да се спомува.Тој влез во ЕУ ги живна колку толку,тие што немаа работа се иселија на запад и работат и праќаат пари дома, со фондовите изградија доста проекти, им влегоа доста фирми од западот.Не е нешто посебно,но ЕУ во овие 5-6 години ги живна и ги крена од европското дно.Романците истото го доживеаа,Полска им страшен напредок од кога е влезена во ЕУ.....тотално непрепознатлива е.
Кој би способен и знаел да ги искористи шансите што ЕУ му ги има давано ги искористил......тој што бил глуп и мислел дека на кредити ќе може да живее без да мрдне со прст - е тој се заебал.Дојде криза и оп наебаа сите такви штеточини......
п.с За болдот.....читав пред некое време за во Хрватска.Со влезот во ЕУ за нив важат сите преференцијални договори што ги има ЕУ со трети страни меѓу кои многу јаки и големи земји како Кореа, Јужна Африка, Мексико и други...
Кина со ЕУ се најдобри другарчиња сега,најголеми трговски партнери едни на други се,испреплетени ко црева.Полесно од ЕУ ќе извезеш во Кина него од Македонија.....
Не е ЕУ мед и млеко и магично стапче што ги решава сите проблеми и слично,ама дека е се црно е ни тоа не е.