Формула 1 - сезона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Аман бе луѓе уште во првата трка ја решивте сезоната, го наместиле Маса, Алонсо шампион, тимски наредби, Ферарито брзо, Лотусот брз, Ред Булот и Мекларенот шит биле, почекајте малце нека помини некоја трка, не секоја патека му годи на некои болиди, а истите сеуште се во развојна фаза, а и немаат чиста претстава за перформансите на пневматиците, сепак тестирањата се одвиваа во ладни услови каде што гумите не работеа во оптималниот опсег.
 
Чекај за кого збориме!За алонсо ли???АКо е така не би рекол баш....
Секој со своето, тоа е моето мислење :). Претходната сезона беше на чекор до титула со многу поинфериорен болид од Ред Бул, понекогаш и од Хамилтон а и Лотусот беше побрз на моменти.
 
Секој со своето, тоа е моето мислење :). Претходната сезона беше на чекор до титула со многу поинфериорен болид од Ред Бул, понекогаш и од Хамилтон а и Лотусот беше побрз на моменти.
И бабами беше побрза од Алонсо, особено во утринскиот спринт за на мочање - кој попрв да го зафати нужнико. Шо се нема да излупате по темава. Ферарито можеби беше полош болид од оној на Фетел, ама далеку од тоа дека беше многу послабо... згора на тоа немаа нити проблеми со Керс, нити со алтернатор.
 
:eek: Извини, о ти експерту по ф1 и другите автомобилистички дисциплини:cuc: ке пробам да не лупам глупости друг пат.:ROFLMAO:
 
Како за прва трка сезонава не беше лоша, тек за 2-3 трки ке се избистрат работите кој до кај е со развојот.
Кими денес извозе феноменално, Ред Булот стандард имаат добар болид. Ферарито ми се чини има најголем напредок од сите во споредба со минатата сезона, според ова што го видов Алонсо со овој болид е најсериозен конкурент за титула. Хамилтон и Мерцедес имаат уште многу работа, уште не се влезени во шема и мислам дека ако Хамилтон останеше во Мекларен сезонава ке имаше поголеми шанси за титула него сега со овој Мерцедес.
Мекларенот не го видовме денес, Перез жив промашај. Го земаа ради спонзорот за наредната сезона, дечкото излеа е навикнат на позициите од 10 нагоре. И од Батон не очекувам нешто ау, требаше да земат некој искусен пилот како што е Раиконен или Вебер....Крај краева можеа да го трампаат Хамилтон за Розберг.
 
Не разбирам зошто го правиш муабетов кога истата приказна е и во Ред Бул. Виде како стартуваа Фетел и Вебер сабајлево? Фетел си беше право застанат, а Вебер беше малце накриво, за да ги покрие тие одпозади да не го престигнат Фетел. Во ред е дека Ферари го форсираат Алонсо, но истата, ама буквално истата ситуација е и со Фетел и Ред Бул. Згора на тоа не знам дали знаеш али тимските наредби се дозволни според правилникот на ФИА така да што сакаат можат да прават тимовите кога се во прашање возачите и стратегијата, нема ништо неправилно во тоа да фаворизираат некој возач а другиот да биде во сенка на фаворизираниот.
Види какви дуели имаат вебер и фетел и спореди ги со оние на маса и алонсо па кажи дека е исто. Кога алонсо е позади маса овој застанува и се трга од писта ако треба само да жалонсо иде напред.

Точно е дека може да имаат стратегија со прв и втор возач но во моментот кога го имаш раиконен под договор да го оставиш маса а на раиконен да му исплатиш 17 милиони за да го прекинеш договорот е надвор од скоро секоја логика.
Освен од логиката дека сантандер им дава пари и дирегира кој ќе вози, кој ќе менува гуми. А на таков ферари плукни му се затоа што не е достоен за почит.
 
Едно е Вебер да го покрива грбот на Фетел на старт, друго е она шо се дешаваше со Ферари. Башка Фетел и Вебер се далеку поизедначени како возачи, види колку победи има Вебер последните 3 сезони, и спореди ги со победите на Маса. Јас сум убеден дека Маса денес можеше да се бори за победа, а глупаците му ја уништија шансата. Никогаш тоа го немало во Ред Бул.
Маса беше дрво невидено минатата сезона затоа му беше неизвесен договорот,само на крај од сезоната покажа добар перформанс.
И нивна работа е каква стратегија ке водат дали 1-2 возач или еднакви сосема небитно,све е тоа во границите на правилата на ФИА.

Види какви дуели имаат вебер и фетел и спореди ги со оние на маса и алонсо па кажи дека е исто. Кога алонсо е позади маса овој застанува и се трга од писта ако треба само да жалонсо иде напред.

И послем зошто играле со прв и втор возач Ферари,за да не им се случува вакво сценарио.
Послем овој инцидент помегу Фетел и Вебер немам видено друг остар дуел помегу овие двајца.
:)
 
Види какви дуели имаат вебер и фетел и спореди ги со оние на маса и алонсо па кажи дека е исто. Кога алонсо е позади маса овој застанува и се трга од писта ако треба само да жалонсо иде напред.

Спомнав во претходниот пост еве и пак ќе спомнам, дозволени се тимски наредби, не е против правилата. Што ви пречи тоа? Можеби не навивате за Ферари па затоа. Еве ќе ти поедноставам зошто е тоа така. Прво ќе појдеме од тоа дека Ред Бул имаат поразвиен болид од Ферари, а и од сите во Ф1. Па затоа секој можен бод е битен во трката за титулата, џабе е ако Маса победи на 1-2 трки и биде пред Алонсо на истите кога тоа ќе го чини Алонсо на крајот на сезоната титула, доколку е во бодовен егал со Фетел. Реално Алонсо е подобар возач од Маса па аналогно на тоа Ферари го форсираат него и неговиот болид. Умреа времињата кога Ферари правеа 1-2 победи на пола од трките и си играа курташак, сега мора многу повеќе да балансираат. И дај те молам тие зборови жалонсо, шпиун и остали работи остави ги за на улица, Ф1 е културен спорт и нема потреба од навреди. Не е Јуве-Милан ова па да паѓаат пцовки и навреди.
 
А делот од оставањето на маса пред раиконен зошто не сте го коментирале? И онаа голема традиција на ферари кога се продаде за малку пари од сантандер. Не се малку ама во споредба со традицијата пак се малку.

Ајде да го форсираш возачот со повеќе поени во втората половина од шампионатот ама на првата трка уште во 10 круг е само во стилот на ферари
 
2008 малце позаинтересиран да беше Раиконен тој ќе беше фаворизиран, а пошто Маса ја возеше најдобрата сезона во кариерата си ја заработи улогата на фаворит од страна на Ферари.
 
Ајде малку да дискутираме и околу тоа. Раиконен истата година беше намерно саботиран од ферари бидејќи договорот на сантандер беше склучен а во него беше дека тој мора да си оди. Дури има и цела статија како сето тоа е правено. Со доаѓањето на сантандер во ферари немаш појма колку нечесни работи се случуваат во ферари.

2008 раиконен имаше најмногу брзи кругови ама секогаш погрешна тактика. Се случуваше да го викнат во бокс и да му стават гуми за дожд за по 3 круга пак да влезе да менува.
 
Без разлика, моментално дискутираме како Ферари во првата трка сезонава го намести Маса да биди зад Фетел, и ајде некој нека ми објасни како е то поповолна позиција од тоа да биди пред него. И ако беше толку компетитивен во текот на трката , зошто не имаше ниту еден дуел со Фетел. И дај да ја читнам статијата шо ја збораш, да видам шо е муабетот.
 
И дај да ја читнам статијата шо ја збораш, да видам шо е муабетот.
Еве ја
http://f1bias.com/2012/04/05/truth-about-kimi-ferrari-santander-2008/

Но тоа е,сите големи тимови прават нечесни работи не се само Ферари.
На пример РБР нелегална аеродинамика,Мекларен индустриска шпионажа...
 
:eek: Извини, о ти експерту по ф1 и другите автомобилистички дисциплини:cuc: ке пробам да не лупам глупости друг пат.:ROFLMAO:
Простено, само ради то шо фчера беше прочка.

Ајде да го форсираш возачот со повеќе поени во втората половина од шампионатот ама на првата трка уште во 10 круг е само во стилот на ферари
Шо знајме ние... туку да го запукаат 5 - 6 малерозни трки, па да се сврти ситуацијата: Маса да биди во борба за титула а шпиунот да биди втор возач. Е тогаш, ми се чини дека ќе ми порасни 5 цм :)

п.с. уште нема титула со Ферари, а веќе ја ближи 30-ката... до кога му е договорот 2016? Мислам дека ако не освои ништо, ќе го шутнат...
 
Сезонава е на Ферари и Фернандо. Доста беше од Ред Були и тн....
--- надополнето: 18 март 2013 во 18:06 ---
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom