Водата во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување Време на започнување
Дали во водата од чешмите во Скопје има флуорид?
Моментално нема а и не дај боже да има јас прв ќе ти кажам не само на тебе туку и на цела македонска јавност преку форумов и на фејзбук.Има хлор што го ставаат во пумпената станица Кондово после млинот и исламскиот факултет но флуор нема.Инаку за твоја информација Флуорид имаше намера да воведе за мене еден од најлошите директори од постоењето на Водовод чиј коефициент на интелигенција му е испод 80 и кој денес е министер во владата на Никола Груевски со образложение дека децата во Шведска имале многу помал кариес откако почнале да ставаат флуор во нивните водоводи.
--- надополнето: 15 март 2013 во 19:56 ---
Па и јас мислам дека го нема, ама пак да прашам... затоа доста луѓе имаат кариес.... во Америка откако го ставиле флуор-от (или флуорид) во водата, кариесот се намалил за 60%...
Точно но затоа се намалила и интелигенцијата на истите деца.Прво прочитај што е флуор па после одлучи дали е корисен или штетен по здравјето на луѓето.
http://www.ivonazivkovic.net/FLUOR.htm
 
ОК, сфаќам... но зошто да не стават флуор?
http://www.ivonazivkovic.net/FLUOR.htm
--- надополнето: 15 март 2013 во 20:08 ---
Neznam za vas ali Rasce nudi mnogu nekvalitetna voda za pienje...Ne sum od Skopje a koga idam tamu imam problemi da si izmijam race..Nikako ne mozes sapunot da go izvadis od raka. tolku e meka i nepivka toa cudo nesto.
Razlika so izvorot Studencica e den i nok.

Ponekogas si zamisluvam kako bi bilo koga bi imalo "Skopsko" praveno so voda od Studencica :rolleyes:
Да не си се миел во Битола случајно?Си бил некогаш во изворот Рашче па од таму да се напиеш или измиеш раце?Се кладам во што сакаш дека како прво не ни знаеш како изгледа а уште помалку дека си ја пробал таа вода без хлор затоа што е една од најтврдите во Македонија.Водата што ја пиеш од чешма иако е истата во вкус се разликува од првобитната без хлор.
 
Водата во Македонија се третира со хлор. Не со флуор.

Иначе, водата во Скопје се контролира на секои 10 минути со атомска емисиона спектроскопија со индуктивно спрегната плазма (ICP AES) каде што се детектираат ултратраги од секакви елементи.

Така да без гајле, секаде водата за пиење во Македонија е одлична, варираат најчесто концентрацијата на калциум и магнезиум и затоа се разликуваат по вкус.
не лети со глава во ѕид кога не знаеш нешто Куманово има една од најшкарт води за пиење а ако се прашуваш зошто? ке ти кажам сега:Кога беа Американците 1999 ми се чини беше имаше фрлање на некои контењери од страна на Американците и подоцна се створи паника за отстранување но наводно не можеле да ги најдат истотака имаше пропаѓано трактор со исто некаква цистерна за време на конфликтот и никој не знаеше што има во нив.Така да ако имаш осетлив стомак пиј вода на празен желудник веднаш пролив добиваш и болки по стомак.
 
Не лети со паметот, прво, водава се контролира во филтер станица, во центар за јавно здравје во општината и после во државниот центар за јавно здравје.

Водата се испитува на: хлориди, сулфати, нитрити, нитрати, железо, амонијак, арсен, кадмиум, олово, жива. Па физичко хемиски параметри: Кондуктивност, pH, заматеност.

Па ригорозна бактериолошка анализа.

Лично знам од колега дека ги испитуваат со волтаметрија, која детектира количества до нанограм, а дозволените граници се во микрограми.

Тебе стомакот на нервна база да не те фаќа, или можеби цевките ти се стари, оловни, или некаде истекува вода па се меша.

Такви чаршиски муабети не се интересни веќе.
 
Od bunar pie tipot a sere..so izvinenie....za vodata od vodovod!! Klasicen Makedonski debilizam!!
 
Тиичен Балкански мозок се што му се сервира мисли дека е вистина и зима здраво за готово.Распрашај се убаво за претходното мое кажано па ке правиме муабет.!!!!
--- надополнето: 16 март 2013 во 14:32 ---
Od bunar pie tipot a sere..so izvinenie....za vodata od vodovod!! Klasicen Makedonski debilizam!!
Драги похован за твоја информација вода пијам куповна балон од пет кила Визиана полу газирана 43 денари.А таквите како тебе експерти преку глава ми е полна е Македонија со таквите кој мислат знаат нешто уствари ништо не знаат.Ги гледам таквите како тебе како едни паразити во општеството што коментираат за нешто а појма немаат за што се работи.
 
Тиичен Балкански мозок се што му се сервира мисли дека е вистина и зима здраво за готово.Распрашај се убаво за претходното мое кажано па ке правиме муабет.!!!!

А ти типично „пост комуњарски“ си експерт за све, остави ти на нас експертиве да се занимаваме со квалитетот на водата и не слушај многу улични прикаски од некои авганистанци што изигравале ватер бојс на исток, ок?
--- надополнето: 16 март 2013 во 14:36 ---
Драги похован за твоја информација вода пијам куповна балон од пет кила Визиана полу газирана 43 денари.А таквите како тебе експерти преку глава ми е полна е Македонија со таквите кој мислат знаат нешто уствари ништо не знаат.Ги гледам таквите како тебе како едни паразити во општеството што коментираат за нешто а појма немаат за што се работи.

Море паразиту, знаеш колку има магнезиум во таа вода? Најнова мода ти е тоа, вода од бунар во шише! Помодарство!
 
А ти типично „пост комуњарски“ си експерт за све, остави ти на нас експертиве да се занимаваме со квалитетот на водата и не слушај многу улични прикаски од некои авганистанци што изигравале ватер бојс на исток, ок?
--- надополнето: 16 март 2013 во 14:36 ---
ај не можам да се расправам со глуп и неписмен народ никој не искочил на крај така да и ја немам намера да пробувам :cool:

Море паразиту, знаеш колку има магнезиум во таа вода? Најнова мода ти е тоа, вода од бунар во шише! Помодарство!
не е мода него зор што ја купувам водата иначе голем противник сум на водата на шишиња додека беа во ред чешмите во Проевце се таму си пиев ама сега и тие фатиле корозија:свиркам:
 
Море добра ни е скопската само многу креч се прави (минерали, како ли се викаат). Мора често да се чисти бојлер и машина за перење, а и за бубрези не е баш баш.
 
Водата во Скопје е со прифатлив квалитет, меѓутоа со голема тврдост, пробајте зовријте вода во лонче додека не испари и ќе видите колку каменец ќе остане, односно сув остаток. Исто така водоводните инсталации цефки се постари, дури и во некои подрачја од градот од азбестни и токсични материјали, па мој совет е да си купите филтер за вода, било од тип што се монтира на чешма, а уште подобро од оние во бокал каде што се филтрира и точи водата ...
 
Јас се сомневам дека есента фатив камен на бубрег после скоро 2 годишен престој како студент во Скопје од таа прекрасна скопска вода. Сега избегнувам дури и општо вода од чешма од било каде. Кога ќе се изгориш еднаш ќе дуваш и на маштеница :)
 
Тоа што ти си добил камен во бубрегот нема врска со Скопката вода,ако е така 99,99% од ние Скопјание ќе имавме камен во бубрезите.Си требал убаво да го прашаш урологот еден совет до тебе и сите кои имаам склоност кон тоа да организмот им создава камен вечерно време додека сме во хоризонтала (спиење во кревет) да пиеме вода преку цела вечер за да не ги оставиме бубрезите не активни и нема да се создаде камен во бубрезите.
 
За жал во Скопје во водата за пиење не се додава Флуор, во водата за пиење. Во Википедија има убав напис за ова
http://mk.wikipedia.org/wiki/Флуорирање_на_водата
Тоа чини помалку од еден долар годишно по жител, а децата и сиромашните ќе имаат поздрави заби.
Но кај нас општинските лешинари се повеќе заинтресирани за „ стопанисување “ со зонско и пајак возила, од колку да направат било што добро за граѓаните. Жалосно - ама вистинито
 
Да, да, да... сега ми текува... не ставаат и после велат имале кариес, не оделе на забар... дрн, дрн јариња...
Па и во САД има пасти со флуор...
Не е само за мене, за сите е... ќе се намали кариесот кај децата и воопшто кај луѓето...

Абе не биди мрзлив миј ги забите редовно и намали со слатките... ем за тебе подобро ем девојка/дечко ти ќе ти бидат благодарни.

Чудни генерации сте, интернет доба и сите информации на дланка а пак неписмени. Гугл те поздрави со следниве линкови:
(ако не знаеш англиски има автоматски преведувач чичко Гугл)

http://www.fluoridealert.org
http://www.fluoridealert.org/articles/fluoride-facts
http://www.fluoridedebate.com/index.html
http://www.naturalnews.com/034758_thyroid_cancer_fluoride_radiation.html
http://www.nofluoride.com/Fluoride_and_Thyroid_Cancer.cfm
http://thyroid.about.com/cs/toxicchemicalsan/a/flouride.htm
http://thyroid.about.com/od/drsrichkarileeshames/a/fluoride2006.htm
http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2011/08/13/fluoride-and-thyroid-dysfunction.aspx
http://www.greens.org/s-r/36/36-02.html
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom