Абе не ги хејтам Самсунг, јас сум љубител на Андроид и се тоа, ама порано телефоните кога излегуваа навистина нудеа иновации со секој нов модел. Иновации што навистина ја менуваа играта и човек едноставно мораше да го купи новиот модел од што имаше потреба, а не од шо ке сака да се фали дека има квад кор процесор и 2 гига рам. Мислиш малку е 1 гига рам за телефон и дуал кор? Или 1,4 Гхз процесор?
Значи предходните иновации кај мобилните:
- Телефон без жица (мобилен се викал). wow, одам трчам го купувам
- Ставиле вибрации - одлично
- Ставиле полифонични мелодии - ајјј шо убаво звони, ко славеј
) Одам купувам
- Ставиле дисплеј во боја - паѓање во несвест, одам купувам
- Ставиле Mp3 музика и меморија повеке од 1 Mb. - Се заебаваш? Одам купувам
- Ставиле камера. - Што???? Камера на телефон????? У пичку матер одам купувам.
- Ставиле меморија на телефонот ко на USB стик и камера што вади слика приближно на апарат - Ауууу тоа е работа. Одам купувам
- Ставиле 2 гига меморија и 3.2 Mpx камера со аутофокус а.к.а. исто ко на апарат (Сони Ериксон К800) Ајјјјјјјј закон ЗАКОН. Од кај да го купам
- Ставиле некој си Андроид што ти го прави телефонот ко лап топ. Хмммм интересно одам купувам.
- Ставиле Андроид и доволно гигахерци и рам да не кочи телефонот туку да си лета низ менито. - Одлично, нема да се нервирам. Би можел да купам.
- Ставиле уште повеке гигахерци и рам и незнам дуал камера трипл дабл камера со автоматски да распознава што зборувам и да ми бара на гугл и бинг и да ми синхронизира скајп со незнам.... А? Е добро бе зошто ми е тоа???
Е тука брат моментално се закочени иновациите ако можеш да ме разбереш за што зборувам
Секој постар член на форумот ке се сети што значеше да се префрлиш кон полифоничен телефон или на дисплеј во боја или на вибрации и слично.
А овие "иновации" се едно обично беспотребно билдање на гигахерци и рам. ОК нека има повеке гигахерци и рам.
Ама каде се иновациите што ке ми го променат начинот на користење на телефонот и животот воопшто?
Тоа е тоа.