puno, ќе ти реплицирам, океј. Ќе ти реплицирам за да помогнам во каузата и во насоката на едукација на нашето мило малцинство, кое е интелектуално ограбено од нивниот мршав квазиуниверзитет во Тетово и духовно ограбено од нивните брадати бетмени во озвучени ракети со ного јак вуфер. Позитивно ќе те дискриминирам и ќе ти одговорам.
Нема тука можеби. Така е. Тоа е факт. Жените, според куранот мораат да го покриваат лицето. Прочитај и за другпат припази пред да тропнеш таква зелена.
Факт е дека постојат две гледишта, вашето гледиште скоро е исто со спрското гледиште, да не речам исто, албанците ги гледате како од птичја перспектива......преку. к.р веќе со тоа вештачко воздигнување.......
Да, да. Да побараш извинување за мачењето и масакрирањето на телата на мавровските работници и за Карпалак е ароганција од највиок вид. Треба колективно да се засрамиме и во земја да потонеме за тоа што бараме човечност и одважност, да излезе Аљи и да рече дека направиле грев, во заседа убиле луѓе кои не пукале по нив кога со автобуси НАТО ги евакуираше од селата и дека за таквиот грев чувствуваат морална одговорност.
Жртви имаше од двете страни, загуби имаше од двете страни, страдање имаше од двете страни, но е потпишан договор за амнестија, се амнастираа и од двете страни....
Меѓусебно извинување мора да има, кога тогаш, но еднострано извинување е лицемерно да барате, лицемерно е да се амнестирате од вината и одговорноста што треба да ја носите за постапките кои придонесуваат да доаѓаме во вакво дереџе, но вие се правите наудрени, демек ние сме праведната страна (светот на мисли така) а албанците се тие проблематичните.....
Ги избришав деловите кај што одиш брутално вон цитираното и бладаш.
Еве ти редослед на извинувања од страна на македонците кон албанците, на највисоко можно ниво, политичко и институционално.
-Тетовски универзитет, целосно под капа на државата, со целосна автономија на кадри-албанци кои раководат и се грижат за неговата работа.
-Пропорционална застапеност и интегрирање на албанците во администрацијата, војската и полицијата. Поранешни терористи од УЧК се застапени со 30% во регуларниот состав на армијата и приближно исто толку во полицијата.
-Официјално признание за лошото менаџирање во '97, во Гостивар, од луѓето кои во тоа време биле на највисоките функции во државата.
Имаш тука и признавање на грешка на политичари, функционери, кои самите изјавуваат дека во периодот 91'-99', албанците наводно биле маргинализирани.
Ете ја одговорноста. Заслужена или не, таа е. Сите извинувања дадени, потребно или не, сите грешки поправени, биле грешки или не.
Тоа е нашата вистина. Вашата вистина е дека наместо да се извини Аљи, баравте сите колективно некое автентично толкување на законот за амнестија, кое по правило не важи за хашки случаи, кое со страшен преседан и го добивте, па наместо извинување за тие гнасотии, сега копилињата се слободни да одат во Маврово на скијање, да ги посетат работниците кои ги мачеле и да проверат дали убаво си го спелувале името кога им се потпишале со нож на грбот.
На сцената на емисјата на твојот ценет новинар има слика на рамче каде е претставено мапа на Етничка Македонија...
Секој човек кој припаѓа во било која националност копнее по својата цела Етничка Држава, вие сигурно не можете да се исклучите од ова група....
Или овде глумиш или па незаслужено си модератор во подфорумот Филозофија, кога букфално рабираш се....
Неколку пати сум кажал дека албанците го направија својот избор, решија да живеат во Македонија, другите муебети се само пропаганди и лошо намерно интерпретирани реченици....
puno, ако еден македонски политичар на митинг, средба со народ, изјава за медиум, било каде, макар се осмели да каже нешто во стил "Македонија, од Прохор Пчињски, та до Солуна", абе ќе го распнат. Ќе дојде Фуле Муле и со сукало ќе го тепа. На CNN ќе има репортажа за експоненционалниот раст на мегафашизоидниот дух на македонецот.
Понатаму, ќе се повторам, немој да лажеш. Како тоа лошо интерпретирани? Има видеа бе puno. Убаво си кажа Каљаш командо и Меџити убаво си го дополни. Етничка Албанија. Значи не се лошо интерпретирани.
Дека се пропаганди се согласуваме. Дополни само дека имаат неверојатен одзив од толпата и дека благодарение на таквата пропаганда албанците се радикализираат дополнително.
Па и затоа се следеа таквите изјави во Чикаго и се преведуваа, каде првично беа презентирани во јавноста во релативни нови сомнителни македонски портали.....
Тоа е ефтина пропаганда, дури и за тебе кој сака да глуми дека не разбира што е метафора......
Но не разбирам што сакате да постигнете со овие пропаганди, всушност знам, власта на овој начин ја контролира масата, која пак глуми дека е интелегентна а всушност неколку пати и е измиен мозокот.....
Да, да. Како смееа да ги следат и да ги преведуваат изјавите на потенцијалниот кичевски и идниот скопски градоначалник во рамки на етничка Албанија? Со кое лице се осмелија да ги снимаат, да ги преведуваат и да ги ставаат на сомнителни, релативно нови македонски портали од типот на Сител, Канал 5, Телма...?
Мора македонците да се приберат малку. Таа дрскост да пренесуваат изјави на албански политичари, да ги преведуваат и да ги презентираат во целост е најверојатно научена од србите.
Не ми цитирај сега што кажувал Грујо, туку кажи ги реакциите на македонците за овој говор...
Еве јас ќе ти пишам неколку коментари :
-
Ова е веќе нешто,да живее Македонија ! Браво !
- Ova trebase, bravo za ovoj patriotski govor, da gi vratime Struga i Kicevo ! 3 Makedonija 3
-Cest mi e sto ziveam vo Vaseto vreme, i sto ke bidam del od ovaa istorija na obedinuvanje na makedoncite)Pozz od gostivar!!!!!!
-КОЈ НЕ СЕ НАЕЖИ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ!!! Се надевам ова го осетија од сите македонски партии!
- Најмокниот говор во историјата на Митинзите на Република Македонија, Македонија на Македонците ова нема да биде борба само за Струга, ова е борба за МАКЕДОНИЈА!!
-ЧИСТА МАКЕДОНИЈА......МАКЕДОНИЈА ОБЕДИНЕТА....МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО !!!! НИКОЛА ГРУЕВСКИ=АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ! ! !
Знаеш што е битно? Дека ништо од ова не излезе од устата на Грујо. Грујо е таа фигура, политичар зад кој стои партија, на власт, кој има одговорност да пази до каде оди. И тој Грујо, тој релевантен фактор, кажа дека на Струга и Кичево им требаат градоначалници кои
подеднакво ќе се грижат за македонците, албанците, турците и бананамен. Немаше етничка Македонија никаде во неговите говори. Неколку пати ги прочешлав.
За разлика од тоа, обраќањата на грингосите во Чикаго беа полни со етничка нетрпеливост, никаде ја немаше потенцијалната грижа за македонците во тие општини, туку напротив, се удри на омраза и мегаломанија. Тие двајца не зборуваат во свое име, како луѓето што си ги цитирал, туку во име на нивната партија, со цело гласачко тело зад себе, со две третини од албанскиот електорат како поддршка.
И Меџити не викаше да ја делиме Македонија, туку спомна факт дека Етничка Албанија е многу поголема од државата Албанија, и вие го велите тоа....
Ти не пазиш што зборуваш. Ова кое ти го спомнуваш овде низ муабет, онака лежерно, се вика сецесионизам. Се лежи затвор. Ти, Меџити, Талат и компанија сте граѓани на Македонија. Македонија според уставот е држава со унитарен карактер. За да биде "етничка Албанија", треба да биде етнички чиста. Треба да НЕМА повисок процент на Македонци. Почекај малку. Ќе требаат добри 10-20 години да ги избркате повеќето и убиете останатите.
Не лажи ти, никаде и никогаш не побараа етничка Албанија.....
Побараа. Директно и непосредно ги побараа гласовите на албанците во Чикаго, да помогнат за да се трасира патот кон етнички чиста западна македонија. Да не се вртам во круг, да не се повторувам...
Интересна споредба, но никако не се поклопува, никој не бара да се запали зграда, си измислувате, ако и гори опашката не значи дека гори светот.... кога албанците бркаа македонци од нивните домови???? ма немој да измислувате....
Лицемерно и идиотски е да употребите жални и болни инциденти за вашите пропаганди.....
Нема да одам подалеку од Арачиново. Пред 2001 имаше Македонци. Сега нема. Едно деде се врати во својот дом - го убија.
Не е моја намера, иили па сум крив што некој ме замислува како релевантен фактор, јас редовно кажувам мое мислење, факти не ми требаат за тоа, не сме во судница.....а тоа што ти личат моите мислења без поткрепа тоа кажува дека немаш капацитет да почитуваш и разбираш туѓо мислење...
Не можеш ти со твое мислење да си играш на чувствителни теми кои бараат факти. Не можеш да кажеш, на пример, дека жолтата куќа е зелена, ако има слики од жолтата куќа, постојат сведоштва дека дотичната куќа била жолта и податоци кои тврдат дека бојата на куќата била жолта. Жолта куќа си е жолта куќа бе puno. Бурка според ислам мора да се носи бе puno. Меџити бараше етничка Албанија бе puno.
Мислење можеш да си пишуваш во Љубов и секс, за анални и орални сексови, за преферирани пози, во Гурманско катче за каков сладолед е највкусен...а не за етнички чистења, бодења и масакрирања работници и убивање деца. Ако си играш на тие теми со недоквакани мислења, со слушнал - не дослушнал, читал - не дочитал, биди среќен што вака умерено ти се реплицира.
Колку време е твојот критериум за да биде привремено???
Ќе видиме.
Можеш да појасниш за овие две примери, што сакаш да кажеш???
-Вевчанскиот карневал и заебанциите со Муки пророкот наидоа на остра реакција од албанците и муслиманите, со која се спречи правото на слободно изразување и правото на говор на учесниците во вевчанскиот карневал. Директно прекршување на основните човекови права и слободи.
-Со протестите во кои не се скандираше "маж полицаец не треба да апси жена" или "стоп за прекумерното користење сила", туку "АЛАХУ АКБАР", со џихадистички црни знамиња, со покриени глави ала сауди арејбија, се покажа и докажа дека протестите не беа воопшто протести против начинот на апсењето и бројот на уапсени, туку тоа беше прослава за убиството и агресија во насока на создавање притисок за ослободување на првообвинетите, кои според шеријатот, не направиле никакво злодело.
Според што е радикален и фашизоиден исламот?????
Колку што јас знам двете светски војни се случија во христијански територии, сите поголеми војни што се случуваа биле или директно од христијаните или пак исценирани од нив, од каде исламот фашизоиден и радикален???? Ова пропаганда само кај твоите лични муштерии можеш да ги продаваш.....
Според инциденти сакаш да креираш пропаганда, а замижуваш пред ред светски војни и масакри направени од христијаните (ИНСТИТУЦИОНАЛНО)
Се трча последниот круг. Војните на западот завршија. Бројката на муслимани ја достигна онаа критична маса потребна за да почне да дејстува согласно агендата. Кога светот беше поларизиран и западот подеднакво агресивен, немаа ниту можност, ниту пари. По студената војна и после лекцијата што ја добија кога окркаа ќотек од Израел, се консолидираа.
Бидејќи оваа проблематика со исламот како изворно зло е реално поврзана со темава, ама во многу поширок контекст, па малку и се злоупотребува насоката, поарно изгледај го документарецов, може ќе извлечеш некои здрави заклучоци.
Дисклејмерот на почетокот е додаден во постпродукција, за да не се навредат муслиманите и да не бомбардираат 40 амбасади и 20 бензински пумпи.
Провери на крај да се увериш дека не е режиран од Срби.