Северна Кореја

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Владата на С.Кореја објави список од 18 дозволени фризури за женскиот пол.



Иако колекцијата од 18 фризури ја ограничува фантазијата на дамите - сепак на жените кои се во брак изборот им се скратува уште повеќе .Девојките можат да носат шишки , плетенки дури и шноли во косата ,додека на мажените жени тоа не им е дозволено - тие мора да имаат строго кратка коса и да изгледаат сериозно.



Строгите правила се однесуваат и на мажите , кои мораат да бидат кратко пошишани- и задолжително мора да се шишаат на секои 15 дена , а должината на влакното не смее да биде подолго од 5 см.


Овој изглед им е оддамна промовиран - дури од 2005 година и тоа во емисијата под назив“ да се потстрижиме во склад со социјалистичкиот стил на живот“.Тамошните продуценти на емисијата праќале на терен камери да би ги “уловиле“ бунтовниците чии фризури се разликувале или биле поинакви.Потоа нивните имиња јавно ги објавувале - за да служат за потсмев. Преку емисијата владата нудела и сумливи „ научни„ докази како на пример дека долгата коса ја „цица„ енергијата од мозокот.:pos:

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Тие фризурите женски не се кои се забранети, туку тоа се фризурите кои ги имаат жените вработени во Владата на Северна Кореја, нешто како тренд што им е таму. Провери си ги информациите првин.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Тие фризурите женски не се кои се забранети, туку тоа се фризурите кои ги имаат жените вработени во Владата на Северна Кореја, нешто како тренд што им е таму. Провери си ги информациите првин.
а каде пишува забранети????
ти изгледа не го прочита ова„ Владата на С.Кореја објави список од 18 дозволени фризури за женскиот пол
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Затоа Јосипа Лисац - одби да земе пасош од С.Кореја.
-----------------
А сигурно има и закон за секс дозволени 18 пози. Дај ги и тие да ги видиме.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
море па нивниот водач има многу поразлична фризура unproforska:pos:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
А потоа веднаш ќе те пуштат низ комбајна, и мисли му ја каков ќе излезеш од таму.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
а каде пишува забранети????
ти изгледа не го прочита ова„ Владата на С.Кореја објави список од 18 дозволени фризури за женскиот пол
Шефе, не зборам за твојот текст, не ни читав што си пишал ти зашто оваа слика ја знам веќе неколку месец, туку мислам за официјалната вест. Од кај ти е ова тебе? Така се збореше првин демек кои се забранети али после ја поправија информацијата дека се работи за некој вид на пратенички во владата т.е. партијата.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Провери си ги информациите првин.
ова на кој се однесува?!
а како тоа не си ми пишал мене- на кој друг му се обраќаш да ја провери веста???

Шефе, не зборам за твојот текст, не ни читав што си пишал ти зашто оваа слика ја знам веќе неколку месец, туку мислам за официјалната вест. Од кај ти е ова тебе? Така се збореше првин демек кои се забранети али после ја поправија информацијата дека се работи за некој вид на пратенички во владата т.е. партијата.
не знам што и каде си читал
јас информацијата од овде ја презедов
http://maxpark.com/user/3053246948/content/1838105
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
ова на кој се однесува?!
а како тоа не си ми пишал мене- на кој друг му се обраќаш да ја провери веста???



не знам што и каде си читал
јас информацијата од овде ја презедов
http://maxpark.com/user/3053246948/content/1838105
23 февралја 2013, 07:49

После ја оправија. Си слушнал за Reddit? Ај поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom