БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Веке излезоха некои податоци от ЦИА за икономиките за 2012.
Некои податоци са многу интересни за анализиране

 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Е ај за глупи како мене, кој во ова гледа само бројки, да анализираш нешто.
Мислам... озбилен сум, грешка да не ме сфатиш.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е ај за глупи како мене, кој во ова гледа само бројки, да анализираш нешто.
Мислам... озбилен сум, грешка да не ме сфатиш.
Лично на мене,тоа што ми прави прво впечаток:

1. Грциja,Србиja,а донекаде и Хрватска имат отчаjно нисок извоз, а увозот им е доста поголем. Тоа покажува загубена или лоша конкурентноспособност на нивните икономики.Погледни им структурата на икономиките на Грциja и Србиja . Индустриjaта им е доста мал %. Србиja има отчаjно голем % на аграрниот сектор, тоа не е характеристика на повекето развиени држави и државите от централна и източна Европа.
2. Гледа се дека Чешка е првата држава от източниот блок,коja задминава веке Грциja.
3. Невработеност-потресавашти податоци во почти сите Балкански држави. Романиja се справува убедливо овде наjдобре и вапреки тежкотиите во икономиката, лугето без работа са мал %. Види Грциja - шокантно покачена невработеност.
4. Долгови - наjубедливо задолжуване има Србиja како % от БВП, тоа се гледа и добро от државниот им буджет. Собират грубо 15, 2 милиарда $,а трошат 17,7 милиарда $. Тоа е неудржлив темп на задолжуване и тоj рано или касно мора да запре, дали со банкрут,дали от владата им, но вака не можат да издржат долго уште. Загрижувачки долг почнуват да има и Хрватска.
5. Ако погледнеме GDP (PPP) ком GDP ке забележиш,дека во регионот освен Грциja и донекаде Хрватска сите имаме 1,5-2 пати разлика. Тоа покажува дека конкурентноста на регионот и на нашите икономики са главно евтините цени и наjвеке ниската цена на трудот.
6. Гледа се дека Србиjи,Хрватска и донекаде Чешка са погодени от двоjно дно на икономската криза. Ако Европа влеза во нава рецесиja или бзика до 0,тиja наjвероватно ке бидат погодени и со трето дно.
7. Полска убедливо расте вапреки проблемите во цела Европа.

Можат да се направат уште анализи со сигурност, но може би е потребно да излезат и други податоци.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
НЕГАТИВЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ ОСТВАРЕН МИНАТАТА ГОДИНА



Македонската економија во 2012 година оствари негативен економски раст. Државниот завод за статистика објави дека минатата година е регистриран пад на БДП од 0,3 отсто. Ваквиот резултат се очекуваше со оглед на постојаниот пад на индустриското производство, високиот надворешно трговски дефицит и останатите макроекономски показатели. Паднаа во вода проценките и очекувањата на Владата дека економијата ќе порасне за два и пол отсто. Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска, пред објавувањето на податоците, изјави дека очекува растот на БДП за 2012 година да биде околу нула отсто. Причините за лошиот економски резултат ги лоцира во неповолните движења во европската економија.
- Европската економија во последниот квартал од минатата година имаше негативна стапка од 0,6 отсто. Германија, која е водечка европска економија, имаше понегативен раст од она што се предвидуваше така што и нашите очекувања се дека годината ќе заврши од прилика во тие рамки. Она што нас повеќе не интересира е како ќе биде во 2013 година и очекуваме во втората половина да имаме попозитивни движења, согласно она што се најавува за европската економија, рече Ставрески.

Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека минатата година, во споредба со 2011, најголем раст од 4,6 отсто е остварен во секторот градежништво, додека најголем пад од 7,4 отсто е регистриран во рударството, преработувачката индустрија и снабдувањето со електрична енергија, гас и вода. Во буџетот за 2013 година, Владата предвиде економски раст од два отсто, додека според проекциите на Народната Банка годинава растот на БДП ќе достигне 2,6 отсто.


-----------------


Кумот Ставре утна за само 4,8 проценти :facepalm:


Ставрески: Македонскиот БДП во 2012 ќе се зголеми за 4,5 отсто

Економијата во Македонија следната година ќе оди во нагорна линија за 4,5% врз основа на зголемениот извоз и инвестиции, што ќе биде и зголемување на растот од најмалку 3,5% во 2011, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во изјава за новинската агенција Ројтерс.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ставрески: Македонскиот БДП во 2012 ќе се зголеми за 4,5 отсто

Економијата во Македонија следната година ќе оди во нагорна линија за 4,5% врз основа на зголемениот извоз и инвестиции, што ќе биде и зголемување на растот од најмалку 3,5% во 2011, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во изјава за новинската агенција Ројтерс.
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.457
Поени од реакции
5.873
БДП-то во 2012 забележа пад од -0,4%.

Пад сме имале во секторот Земјоделство , шумарство и рибарство за -7,3%

Преработувачка индустрија , рударство ... за -19,4%



Пад на БДПто претходно имавме и во 2009та за -0,9%.

Како и во 2001ва за -4,5% (поради војната).

Кризата се прошета низ светот и пак се врати дома во Македонија.

Гувернерот Богов вели дека за да почуствуваме позитивни ефекти , Македонија треба да има континуиран раст на БДП од 3% , 4% па и 5%.

А ние веќе 5 години не гледаме раст од над 3%, и онда се чудиме зошто ни толку тешко.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
БДП-то во 2012 забележа пад од -0,4%.

Пад сме имале во секторот Земјоделство , шумарство и рибарство за -7,3%

Преработувачка индустрија , рударство ... за -19,4%



Пад на БДПто претходно имавме и во 2009та за -0,9%.

Како и во 2001ва за -4,5% (поради војната).

Кризата се прошета низ светот и пак се врати дома во Македонија.

Гувернерот Богов вели дека за да почуствуваме позитивни ефекти , Македонија треба да има континуиран раст на БДП од 3% , 4% па и 5%.

А ние веќе 5 години не гледаме раст од над 3%, и онда се чудиме зошто ни толку тешко.
Аман мори драгана кај ги вадиш овие бројки,кога овде се ни е супер и имаме раст на бдп 3-4%
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За 2013 Ставре шо очекува +5%? Да знам да се пресметам од сега :pos:

Дај бе ова кладилнициве нека ги земат на Ставре коефициентите за години, пари ќе се направам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Додека Субрата ви прави фестивали во парламент влезе тројното светство на Македонија: РЕБАЛАНС за 2013, Предлог Буџет за 2014 и завршна сметка за 2012. Додека Македонија се Субратосува насекаде, внатре во институциите се прави шопска салата. И секако не заборавајте, зад секоја фама оваа влада протура нешто навистина битно за земјата. Така да додека Македонците очарано, разочарано и вчудоневидено го следат будно Субрата Рој во земјава, некој ви го зачукува. Али ако има време да се прогледа.

Еден исечок од Петар Гошев, кој очигледно неможе веќе да молчи и почна со политички искри да укажува дека не е добро. Секако е стар, ми е страв да не дочека длабока старост во Идризово. Мојата почит кон овој човек ја знаете, само многу би сакала да се држи до економија одколку до политички објаснувања. Во текстот има бројки, али ми преовладува политички момент. Да одвојам најинтересни реченици:


Владините претставници постојано се во друштво на верски поглавари, разлеани по црковни ритуали, се крстат повеќе од Исус Христос, а секојдневно истураат морски дезинформации, неосновани квалификации за инакумислечките, и со недокажана вина испраќаат луѓе во зандани. Системот во кој имаше корупција, стана систем на корупцијата. Од теренот на тендерите, судството, здравството, корупцијата, се распосла и во доменот на јавниот збор, науката, на интелектуалната мисла. Сe си доби своја пазарна цена, само етиката целосно ја загуби.

.............
Врбите во засмрдениот Вардар имаат предност.
................
Владата повторно најавува инвестициски бум. Субрата Рој, "Џумајлија" и неговите 200 милиони евра. Даваат ли резултат роуд-шоуата?
Сите гледаме дека трошоци и напори има, но резултати нема. Нашата влада не ја разбира глобализацијата. Таа нe вклучува во трката кон дното: странците да ги земат бадијала нашите ресурси, да не платат речиси ништо во касата на јавните финансии, да остават зад себе еколошки кратери, за да им плателе на нашите работници едни од најниските надници во светот. Се однесуваме како стадо измеќари.

...............................

http://vest.mk/default.asp?ItemID=A245514A975E8149990477E8A2435AB4
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Градежништвото нас ќе не извади бре.Новиот буџет има многу капитални инвестиции и бизнисмените тоа го поздравуваат а не гледаат дека владата не им плаќа и враќа ддв по 7-8 месеци
УЈП(Управа за јавна пљачка) добиле нови кондури,се пуштиле во погон и одат ИСКЛУЧИВО само кај малите и средни претпријатија и казнуваат НЕМИЛОСРДНО.
Во тинекс,веро,скопски пазар,жито велес............ не смеат да помислат,не па да отидат зошто таму аму се порават ГОЛЕМИ Ф-ри и ГОЛЕМИ ДАЛАВЕРИ,а има и доста пари да им потфрлат како на џукели за да молчат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom