Од јуни 2013, само дигитална телевизија во Македонија

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
kako i da e vazno pocna rabotava ... inace MRTV se Mpeg 2 ... mnogu losh kvalitet ...mozi HD verzija ke e podobra
Можеби засега се во MPEG-2. Ако не се лажам, Владата усвои DVB-T / MPEG-4. За каналите кои ги дигитализира One знам дека мора да бидат (100% сум сигурен) во MPEG-4.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
kako i da e vazno pocna rabotava ... inace MRTV se Mpeg 2 ... mnogu losh kvalitet ...mozi HD verzija ke e podobra
МПЕГ 2 се МРТ каналите преку БУМ ТВ,иначе преку предавателите на Македонска радиодифузија се МПЕГ4,пишува на самата информација за каналите,кој има ЛЦД или плазма,можи да примети разлика во квалитетот на сигналот преку Бум и МРД.А за сигналот на Канал 5 преку предавателот на МРД немам зборови,толку е јасна сликата исто како во HD формат да емитуваат...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.024
Поени од реакции
8.344
МПЕГ 2 се МРТ каналите преку БУМ ТВ,иначе преку предавателите на Македонска радиодифузија се МПЕГ4,пишува на самата информација за каналите,кој има ЛЦД или плазма,можи да примети разлика во квалитетот на сигналот преку Бум и МРД.А за сигналот на Канал 5 преку предавателот на МРД немам зборови,толку е јасна сликата исто како во HD формат да емитуваат...
Еднаш и јас пробав да скенирам на мојот Лцд телевизор и за чудо големо ми ја уклучи Канал 5 со слика и тон ,другите канали МРТ 1,2,Собраниски Сител ,Телма некои немаа слика само тон , а некои целосно беа исклучени.

Канал 5 имаше подобра слика и од онаа на Макс тв .
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Еднаш и јас пробав да скенирам на мојот Лцд телевизор и за чудо големо ми ја уклучи Канал 5 со слика и тон ,другите канали МРТ 1,2,Собраниски Сител ,Телма некои немаа слика само тон , а некои целосно беа исклучени.

Канал 5 имаше подобра слика и од онаа на Макс тв .
A што модел на ЛЦД имаш?!?
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.149
Поени од реакции
8.118
Еднаш и јас пробав да скенирам на мојот Лцд телевизор и за чудо големо ми ја уклучи Канал 5 со слика и тон ,другите канали МРТ 1,2,Собраниски Сител ,Телма некои немаа слика само тон , а некои целосно беа исклучени.

Канал 5 имаше подобра слика и од онаа на Макс тв .
Значи на страна Бум ТВ
Сител,Телма, Канал 5, МТВ 1,2,3, HD од свои предаватели... овие можат да се примат во Скопје?
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Без Сител...Само Мрт1,2,3 HD,Канал 5 и Телма...Во Скопје,Кичево,Охрид,Струга,Битола,Велес и Паланка сигурно ги има за други градови не знам а никаде нема од кај да добиеш информација до кај е Македонска радиодифузија со дигитализацијата...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.149
Поени од реакции
8.118
Без Сител...Само Мрт1,2,3 HD,Канал 5 и Телма...Во Скопје,Кичево,Охрид,Струга,Битола,Велес и Паланка сигурно ги има за други градови не знам а никаде нема од кај да добиеш информација до кај е Македонска радиодифузија со дигитализацијата...
Битола со внатрешна антена нема.Сеуште не е дигитализиран Пелистер,само еден помал е и за него треба надворешна антена да се насочи.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
Ваков ми е во собата моја и на брат ми поврзан е со компјутерот
Samsung t220HD

Колку што успеав да најдам на нет другар,самсунгчево има МПЕГ 2 дигитален тјунер и затоа ти вади само глас,а не вади слика ...
--- надополнето: 13 март 2013 во 00:20 ---
Ја отворам почесто странава,ама никако да внесат некоја нова информација,веќе неколку месеци нема ништо ново...Едно време пуштаа на МРТ 1 телоп кај што информираа за фреквенциите со дигитален сигнал ама одамна немаат и тие ништо објавено...Можи пролетва ке ја интезивираат работата,уште има снег по планиниве :))
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.024
Поени од реакции
8.344
Колку што успеав да најдам на нет другар,самсунгчево има МПЕГ 2 дигитален тјунер и затоа ти вади само глас,а не вади слика ...
)
Да знам ,ама тогаш кога го земав не ни знаев скоро и ништо за дигитализацијата и дека баш требало МPEG 4 ,али бидна веќе.

За другпат ќе знам кога ќе купувам нов телевизор.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
kade mu se informacii za frekvenciski opseg na kanalite koi emituvaat vo dvb-t
Па најверојатно нема. Но мислам дека треба да се знае дека DVB-T зрачи од 470 до 790MHz. Еве еднаш отворив тема, еве прочитај го целиот текст од овде.
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
I

изгледа имет нешто преправано,на табелава ги имаше и трите мултиплекси на БУМ ТВ ама ги имет избришано....MUX 4 и 5 се на Македонска радиодифузина ,а MUX 6 и 7 се на Оне
 

Attachments

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Позитивно е тоа што тие што немаат кабелски телевизии ќе има подобар квалитет на слика,но мислам дека е глупаво да ги обврзуваат граѓањите да го користат и некој луѓе гледаат на телевизори уште од минатиот век и некој не ни можат да си го дозволат тоа.

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ ТОЈ СЕТ ТОП БОКС И КОЛКУ ЧИНИ....


Дигитализацијата на телевизијата подразбира производство, пренос и прием на телевизиски програми во дигитален облик, со користење на дигитални методи на модулација и обработка на сигналот.


ЗОШТО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА?

Процесот на дигитализација на телевизијата е завршен или е во тек во повеќето европски земји. Доколку не се премине на дигитална телевизија, Република Македонија не само што технолошки ќе заостанува зад другите земји туку и дигиталниот сигнал од соседните земји ќе го попречува постоечкиот аналоген сигнал во нашата земја.

Се покажа дека аналогниот сигнал е поподложен на пречки и губење на сигналот или негово дуплирање, што се карактеризира со таканаречените „сенки и снег“ на сликата на ТВ приемниците.

Со преминот кон дигитално емитување се ослободуваат фреквенци кои се потребни за развој на нови услуги, Придобивките од новите услуги од ослободениот фреквентен спектар поради преминот кон дигитално земско емитување на телевизиските програми често се нарекуваат дигитална дивиденда.

Дигиталниот начин на пренос на сигналот носи многи поквалитетни слика и тон и други нови услуги, а дигитализацијата овозможува воведување и на 4G (четврта генерација на широкопојасни мобилни мрежи) со што се обезбедува голема брзина на интернет пристап.


КОГА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИ АНАЛОГНИОТ СИГНАЛ?

Со одлука на Владата на Република Македонија како краен рок за исклучување на аналогниот телевизиски сигнал е определен 31 мај 2013 година. Тоа значи дека само дигитален сигнал ќе почне да се емитува веќе наредниот ден, односно од 1 јуни 2013 година.


ШТО ЗНАЧИ ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА АНАЛОГНИОТ СИГНАЛ ВО ПРАКТИКА?

На 1 јуни 2013 година ќе бидат исклучени сите аналогни и ќе има само дигитални предаватели за емитување на телевизиски сигнал, што подразбира дека со постарите модели на телевизори, со помош на обична антена веќе нема да може да се гледаат програмите на домашните телевизиски станици.


КАКО ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ДИГИТАЛНИОТ СИГНАЛ?

Програмите ќе се пренесуваат преку дигитални терестријални мултиплекси. Во декември 2012 година, Советот за радиодифузија усвои План со кој се распределуваат преносни капацитети на дигитален терестријален мултиплекс и се утврдува нивната намена.

Од вкупно 8, досега се доделени 7 мултиплекси, од кои: 2 на ЈП „Македонска радиодифузија“ за пренос на програмите на Македонската радиотелевизија, 3 на операторот на јавна комуникациска мрежа DigiPlus Media , којшто е дел од групацијата Оне, за платена телевизија (pay TV) и 2 на телекомуникацискиот оператор Оне, за пренос на ТВ станиците на државно и регионално ниво.


КОЈА Е ГЛАВНАТА РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ДОСЕГАШНОТО АНАЛОГНО И НОВОТО ДИГИТАЛНО ЕМИТУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗИСКИТЕ ПРОГРАМИ?

Главната разлика во однос на досегашното аналогно емитување е употребата на еден фреквентен канал за пренос на повеќе телевизиски програми во исто време. Ова значи дека бројот на програмски канали кои може да се емитуваат терестријално, на една фреквенција значително ќе се зголеми.


КАКО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛЕДА ДИГИТАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД 1 ЈУНИ?

Оние граѓани кои гледаат телевизија преку кабелските оператори, Boom TV, MaX TV нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал и тие домашните телевизиски канали ќе можат да ги гледаат како и досега.

Останатите граѓани коишто домашните телевизиски канали ги примаат со обична антена, на постар модел на телевизор и не се претплатени на услугите на некој кабелски оператор или оператори како Boom TV, MaX TV, ќе треба да купат или посебен уред наречен сет топ бокс или телевизор којшто има вграден дигитален приемник – DVB-T стандард. Во двата случаи антена ќе биде потребна. Затоа не ја фрлајте старата антена!


НА ШТО ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ КУПУВАЊЕТО НОВ ТЕЛЕВИЗОР?

Доколку се купува нов ТВ-приемник со вграден тјунер неопходно е тој да поддржува DVB-T иMPEG-4 и пожелно е да прикажува телевизија со висока дефинција – HD Ready или FullHD.


КОИ ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРОГРАМИ ЌЕ СЕ ЕМИТУВААТ НА ОВОЈ НАЧИН ?

Програмите на јавниот радиодифузен сервис (МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал), сите национални телевизии со дозвола за терестријално емитување (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат и ТВ Телма), сите регионални телевизии и сите локални телевизии кои ќе станат регионални.


ДАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ СЕ ПЛАЌА ЗА ГЛЕДАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ КАНАЛИ?

Гледањето на споменатите домашни телевизии е бесплатно, без дополнителна месечна претплата. Граѓаните ќе имаат еднократен трошок само за купување на сет топ бокс или доколку се одлучат да купат нов телевизор, трошок за ТВ приемникот.

Сепак, треба да се има предвид дека операторот (Оне) којшто ќе ги пренесува домашните ТВ станици дигитално, може да понуди дополнителни услуги, на пример можност за гледање на странски канали, за што ќе се плаќа надоместок. Она што треба да се знае е дека тоа е избор на самиот граѓанин – ако сака да гледа плус (странски) канали ќе треба да доплати. Во спротивно, доколку сака да ги гледа програмите само на домашните станици нема дополнителен трошок туку останува само еднократниот трошокот за сет топ боксот.

Постоечката јавна давачка, надоместок за радиодифузна такса е независна од процесот на дигитализација и таа и натаму си останува како засебна давачка.



КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА?

Придобивките од дигитализирањето на телевизискиот сигнал се многубројни:

- -многу подобра и поквалитетна слика и звук;

- -многу поголем број на програми;

= -повеќеканален тон, т.е дополнителни услуги како титлување на повеќе јазици и можност за избор на саканиот јазик . На пример, при гледањето фудбалски натпревар може да се избере на кој јазик се сака да се гледа натпреварот);

- -електронски програмски водич, односно телевизиски водич со термин на прикажување и опис на емисиите до седум дена однапред;

- -прием на телевизиските сервиси и со други „паметни“ уреди и средства (персонален компјутер, телефон, лаптоп, таблети и друго) итн.

- -можности за нови тематски канали (информативни, детски, спортски,...);

- -побрз телетекст;

- -3D телевизија;

-можности за интерактивна телевизија со употреба на интернет врска, информативни услуги (datacasting), купување и плаќање од дома, интегрирање на интернет апликации како социјални мрежи , портабилен и мобилен прием.



КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА?

За подетални информации во врска со преминот кон дигитализација, граѓаните можат да се обратат во Советот за радиодифузија на Република Македонија, на тел. 02) 3103 417 или да ја посетат веб страницата на Советот www.srd.org.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom