Дополнителна информација, бев во таа во сити центар.
Цените се следните:
1) 1000, 2) 1700, 3) 2400, 6) 4400, 12) 8000
Работно време 12-22,30; недела 15-22,30
Дечкото се понуди да ми направи план на исхрана бесплатно. Иначе теретаната е многу убаво средена, слично и како таа кај стара стопанска банка (btw, таа се вика All Star, а оваа во City Center, се вика International).
Од овие што ги посетив денеска најлошо, барем за око беше Flex. Некако е мала, тесна, темна, ама затоа е најефтино.
Иначе бев уште еднаш во All Stars, да се доинформирам и ми рекоа дека ако сакам може да ангажирам личен тренер што ќе ми направи програма за вежбање специфично за моите потреби заедно со план на исхрана и све тоа.
Не знам дали спомнав, во Flex, Антонио се нуди како личен тренер за 100 евра, еден саат, кога сакаш во денот.
Толку за сега, ги поминав теретаните што ги знаев, собрав податоци, сега ми требаат искуства и препораки.