Денеска како почнавме мислев дека ќе би убиеме. Уствари, требаше да ги убиеме.. Ама класично за нас, се повлекуваме му даваме на противникот да контролира и чекаме контри. Не викам оти е лоша играта, Манчестер така освојувал титули, ама веќе 3 сезони како не знаеме една контра да направиме. Денеска не успеавме 3 паса да врзиме после водството, а не пак контра да направиме. Очај, жив очај беа сите до еден. Освен Де Геа.

И така Челзи го искористи тоа што фудбалерите на Манчестер беа тотално незаинтересирани за играње фудбал и фино лепо си израмни 2-2. И сега следува делот што ме изнервира максимално. После издрамнувањето на Челзи, ние уште бевме пикнати во нашата половина и им дававме на Челзи да ја контролират топката. Ова според мене колку што е кривица на фудбалерите кои играа без желба денес, толку е кривица и на Фергусон. Требаше едноставно да пресече, ама тој си продолжи со тактиката од пред тоа. Малце пичкарски според мене да му дадеме на еден очаен Челзи (во последните 2 години) да не напика сред Олд Трафорд. Ако против Реал бев горд на играчите и бев сигурен во освојување на ПЛ, денеска сум крајно разочаран.

А и донекаде поарно иде да нападниме, да ги наполниме додека можеме, отколку да се сконцентрираме на бранење на резултатот. Со Сити и на два пати со Челзи од водство 2-0 ни израмнуваат 2-2. И Ливерпул беа блиску, среќа Стариџ промаши 100% шанса.

Тоа не ми се допаѓа.
Реално, од Челзи имаме многу појак тим. Имаме одлична замена за секоја позиција, затоа мислам дека не смееме да си дозволуваме од 2-0 да дојдат до 2-2 и да се борат за победа на сред ОТ.

А за Валенсија не знам што да кажам веќе. Едноставно сезонава целосно потфрлува...