Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јас само се надевам дека Нани не е повреден. Ете човекот буквално ништо не изигра сезонава а на крајот ќе станеме зависни од неговото (не)играње. Светлосни години подобар од Валенсија. Само да не е повреден, да се скрпи тимот и можеме до победа во Лондон.
 
Извини вака што се мешам ама тоа дека Јунајтед има подобар состав од Челзи.... не знам...

него друго ми беше. Јунајтед играше натпревар во вторник во Манчестер. Челзи играше натпревар во Букурешт во четврток. Така да ако некој треба да се вади со замор треба да биде Челзи.

8 од 10 ќе ти потврдат тоа. Затоа Манчестер е каде што е, а Челзи каде што е. Не знам Челзи кога играл, зборам за Јунајтед пошто рока на сите фронтови, а се ближи и крај на сезона. Всушност, Манчестер и делуваше заморно нели, Челзи со Мата, Оскар, и Хазард играа одличен пасинг во второ полувреме.
 
Вакви бруки како во второ полувреме одамна неам гледано. Уште пред да му ја подадат топката на Валенсија знаеш дека е топка за Челзи и развивање на полуконтра. Клеверли изгуби доста и он, Џони Еванс избацува топка по земја и стигнува до играч на Челзи на 16ник :tapp:, мене смешно почна да ми станува...секоја чест само за Мата, какво трчање и организирање напади, нашите беа ко да се вратиле од планинарење. Штета што се случи тоа со Нани, влезе Антонио и почна циркузот. Нема ли некој БИЛО КОЈ да игра место Валенсија? Освен големиот замор, друго оправдување не гледам, зашто овој состав е поквалитетен од составот на Челзи, плус предност од 2 гола на домашен терен...:sleep:

Како немаш, со Саутемптон се повлековме исто вака...
Требаше Велбек и Ван Перси да си играат од почеток...

Ке си пукам у глава ако некој уште еднаш спомне дека Еванс е наследникот на Видиќ, зашто Видиќ откако дојде од Спартак немаше ваква мизерна утакмица... Тотално изгубен, врв беше кога Рио почна да му се дере...
Изгубен во простор и време...

Да не можеш топка да изнесеш против ебан Челси кој годинава изгуби све што можеше...
На еден Реал Мадрид му парираше овој состав... Нормално, со 11 играчи, не со 10 + Валенсиа..
 
се види крајот на утакмицата уште кога почнаа да си играат кур-ташак после 2 гол.....од секогаш сум бил против таквото играње.

кога веќе беа отепани со последователни 2 гола можеше уште да ги напнат до крај,а не ги оставија да се смират,па после го изедија цел стап.


чичарито пак потврди дека е многу добар со глава и знае каде да се поставе :cuc:
 
Не треба да се има оправдание за овој меч. Како го започнавме, искрено верував дека уште 2-3 голови ќе им закачиме, но очајно второ полувреме на чело со Валенсија. Па толку е надвор од форма што не може да се состави со топката. САФ треба да му даде одмор од првиот тим. Максимално разочаран од тоа што се случи на теренот. Од Реал бевме елиминирани, не е важно на кој начин загубивме, но покажавме игра, посед, движење на играчите, денес одигравме нерешено со капитал стекнат во 10 минути игра, потоа тотален распад. Не ги заслуживме ни овие 2-2, играта беше очајна и тоа многу ме загрижува во вториот дел. Нани во наредниот период треба да биде лидерот кој ќе не одведе до титулата во ПЛ. Добро е што ова се случи баш во овој дуел, во дуел во кој сеуште сме во игра, па се надевам дека наредното коло барем ќе ги добиеме тие 3 поени, па после репрезентативната пауза со мирни глави ќе ги разрешиме дилемите за ПЛ.
 
Уште не свативте дека не зависи од играчите?
Ако е решено сезоната да ја изгубиме и она по вода ќе појде...
 
Како немаш, со Саутемптон се повлековме исто вака...
Требаше Велбек и Ван Перси да си играат од почеток...

Ке си пукам у глава ако некој уште еднаш спомне дека Еванс е наследникот на Видиќ, зашто Видиќ откако дојде од Спартак немаше ваква мизерна утакмица... Тотално изгубен, врв беше кога Рио почна да му се дере...
Изгубен во простор и време...

Да не можеш топка да изнесеш против ебан Челси кој годинава изгуби све што можеше...
На еден Реал Мадрид му парираше овој состав... Нормално, со 11 играчи, не со 10 + Валенсиа..
Немој сеа за Еванс. Се согласувам дека беше многу лош утакммицава, ама последниве две сезони е солиден. И како да забораваш дека Еванс играше во Мадрид. Сакам да кажам иако беше катстрофален, на прсти се бројат таквите утакмици последните две сезони.

За Клеверли и Валенсија се согласувам, едно време викам дај нека си излезат сами со 9 подобро ќе изигравме.
 
Уште не свативте дека не зависи од играчите?
Ако е решено сезоната да ја изгубиме и она по вода ќе појде...

А кој е крив? Ферги?

Јунајтед, човек кој претендира да го смени еден од најдобрите дефанзивци по последните 10 години, не може да се губи на вакви средби...
Не реков дека е лош дефанзивец, само дека тешко ке го достигне нивото на Вида...
 
Би ти рекол Бранко, ама ни тој нема толкава грешка напраено ко турчинот :)

Најмалку ни е тој крив, дадовме 2 гола, и наместо да се концентрираме околу центарот, ние на еден Челси со Мата, Хазард и Оскар им дадовме да играат самба околу 16-сетник...

Ферги истата грешка ја направи и со Саутемптон, тие не не казнија... Челси знаеа, немаа среќа...
 
Најмалку ни е тој крив, дадовме 2 гола, и наместо да се концентрираме околу центарот, ние на еден Челси со Мата, Хазард и Оскар им дадовме да играат самба околу 16-сетник...

Ферги истата грешка ја направи и со Саутемптон, тие не не казнија... Челси знаеа, немаа среќа...
Абе за оној турчинот од некни, со црвени картончиња шо мафташе зборам ја..
Тој е крив за сезоната, за тоа што ме разбуди комшијата сабајле, за тоа што неам пудинг у фрижидер, за се што не ми иде у животов он е крив :)
 
Катастрофа второто полувреме,таман си помислив од кога ги дадовме 2та гола дека ќе им ја наполниме мрежата,а гледи што ни се случува,неможам да верувам,тие имаат предност за втората утакмица затоа што е на Стемфорд Бриџ,ама се надевам дека ние ќе одиме понатаму,Перси катастрофа последните 5 - 6 утакмици скоро никаде го нема,Валенсија е очај,не заслужува да игра во првиот тим,никако,еднаш имаше Фергусон дадено изјава дека еден ден Еванс ќе биде капитен на тимот,таков ли Еванс,изгубен цела утакмица,Руни после голот никаде го немаше,Керик фантастичен,Клеверли слабо,Нани :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom