Јас бев припадник од формирањето 01.03.1994 .Сите бевме млади деца од 18-25 ,желни за работа ,за докажување.Плата 11.400 ден како ВПД (војник по договор) но тоа не не предомисли.Седевме во касарна ,и сега ке ви опишам еден ден во почетокот.
Станување 05.00ч
во 05.20 сите во спортска опрема, доле пред зграда построени за утринска гимнастика трчање и вежби
до 05.50 потоа враќање во павиљон и подготовка за доручек.
Во 07.00 постројување за кревање знаме и смотра до 07.30
од 07.45 за виси од денот но претежно првите два часа кондицирање ( најчесто во униформа) трчање околу касарна во строј ,во чекор ,со застанувње правење склекови ,стомачни ,ползење итн.
09.00 враќање и туширање
09.30 пилотски (јадење) имаше добро јадење на пр.ориз,стек ,салата .сок ,чоколадо.млеко и слатка.
од 10.00 обука до 13.30 зависи од планот за тој ден на пр.ПТ чета во уништување на ДТГ ,минско-експлозивни средтства ,гаѓање со пушка ,пиштол ,заседа и многу други обуки што веќе и не ги памтам.
Ручек во 14.00 и потоа одмор до 16.30
од 16.30 попладневна обука
во 19.00 спуштање знаме ,вечера и до 22.00 слободни активности ,некој ке го пустат до град да купи нешто и во 22.00 во кревет и да сакаш нешто да правиш ,капнат си .
Викендите не пуштаа по дома ,но 30% од луѓето мораа да бидат на работа.па ти се фаќа два дома еден во касарна.
Така едно година ипол кога дојдоа нови деца па се формира уште една чета.