Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
И така,кој се бутнал тогаш,се бутнал... Многу од нив денес се полицајци и сл.
Не само што се полицајци дел се и инспектори со средна школа .Таа е 3 месеци ризик на живот и потоа срека во работата :)

позз
 
С

Спенсер

Гостин
Пенуш 2001.





Е сеа,на последнава слика. На едни амблемот им е на лева рака,на други на десна. Истото е и со лентите "специјална полиција"

Има ли некој идеа зошто е тоа така? :)
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Јас сум бил во ЕСН-Волци 12 год :)
Прашај што те интересира!!
Сега моментално во МВР.
Мене ме интересира да ми кажеш каква обука имавте, какво оружје користевте, боречки вештини, воена професионалност.И дали би можеле да се споредите со некои специјални единици ширум светот.

позз и благодарам однапред.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
А и во глобала да кажеме за Волците кои нели ги сметаме како најелитна единици во Македонија,тие имаат многу слаби тестови и селекции за да се споредуваат со специјалните единици на Америка, Русија, Англија, Германија, Франција и сл.Кажав и повторно ке кажам за да оперираат во Македонија се спремни али надвор далеку се од светскте елитни специјлани единици.
Напротив , тестовите се скоро исти , пример е Delta Force од САД каде селекцијата е како кај Волците,според тоа шо го читав за нив и споредбено со нашите - нема некоја разлика.

Беа во Авганистан заедно со единиците од другите земји,за тоа како се покажаа таму добија доста пофалби од странциве.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Напротив , тестовите се скоро исти , пример е Delta Force од САД каде селекцијата е како кај Волците,според тоа шо го читав за нив и споредбено со нашите - нема некоја разлика.

Беа во Авганистан заедно со единиците од другите земји,за тоа како се покажаа таму добија доста пофалби од странциве.
Ние другар Delta Force не ја стигаме ни за 100 години, нашите во Авганистан и Ирак служеа со обичната војска а не со специјалците, најчесто беа со Американските Маринци.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Ние другар Delta Force не ја стигаме ни за 100 години, нашите во Авганистан и Ирак служеа со обичната војска а не со специјалците, најчесто беа со Американските Маринци.
Другар лесно е да се каже и да тераш песимизам , но објективно прочитај нешто повеќе за Делта и спореди со волците , ќе се изненадиш колку е слично.

Во операцијата "Жолт камен", македонските "волци" во Ирак сами обезбедиле влез и почнале "чистење" на остров од каде што бунтовниците со артилерија гаѓале сојузничка база кај Таџи. Македонските ренџери во Багдад заробиле трговец со оружје, една од трите "цели" на целодневната потрага на Наменските сили "Багдад" на крајот на јули, пишуваат весниците на коалициските сили во Ирак.

Новиот сојузнички запис за македонските сили во Ирак е објавен во август, а се однесува на операција од 27 јули, која Наменските сили "Багдад" ја извеле низ целата престолнина. Коалициските сили и ирачката полиција заробиле 10 лица, од кои три биле цел на операцијата. Еден од нив, познат трговец со оружје, го заробиле македонските ренџери, кои дејствувале во северозападен Багдад.

- Водот на македонските ренџери е многу добро обучена единица, со одлична дисциплина. Имаат високо ниво на вештини, тактичка и техничка стручност и се важен дел од нашите сили - рекол американскиот офицер Ентони Кеди од 11. Полк на оклопна коњица, Прва оклопна дивизија, кој со македонските војници и со ирачката армија изведувал операција во Хор ал Баш, кај Таџи.

Во таа операција Македонците учествувале како дел од американската Прва оклопна дивизија. Целта била да се пребараат куќите во местото во потрага по оружје и муниција. Војниците од новата ирачка армија во таа операција дејствувале под надзор на македонските и американските трупи. Во операцијата биле заробени осум бунтовници.

Најголемиот запишан подвиг на македонските војници во Ирак, објавен во коалициските весници, се однесува на операцијата "Жолт камен", во која учествувале армиските командоси - "волците". Откако сојузничка база неколку пати била гранатирана од островот Ал Рашида кај Таџи, коалициските сили презеле голема операција против бунтовниците на островот. Операцијата ја извеле комбинирани сили од 39. и 4. Бригада на Првата коњичка дивизија на Армијата на САД и македонските специјални сили, на 23 април лани. Единствениот влез на островот, каде што се наоѓала една од претседателските палати на Садам Хусеин, во која биле утврдени бунтовниците, бил еден мост. Војниците од 39. Бригада направиле кордон околу островот.

Операцијата ја почнале македонските "волци". Успеале да го обезбедат единствениот приод на островот и веднаш почнале да го "чистат" северозападниот дел. Откако приодот бил обезбеден, Американците почнале да се распоредуваат на Ал Рашида. Подоцна во операцијата, која траела пет часа, биле вклучени тенкови и оклопни борбени возила.

Репутацијата на македонските војници била потврдена и на минатогодишната прослава на 8 Септември во матичната база на македонскиот контингент во Ирак. Заменик-командантот на мултинационалните сили во Ирак ги посетил специјалците на АРМ, а коалициските весници ги пренесуваат неговите зборови:

- Тие се цврсти и одлично обучени војници. Резултатите од нивните операции во Ирак се неверојатни. Командирот на баталјонот во кој се распоредени, американскиот потполковник, многу се гордее со нив. Вели дека прекрасно работат.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
Јас бев припадник од формирањето 01.03.1994 .Сите бевме млади деца од 18-25 ,желни за работа ,за докажување.Плата 11.400 ден како ВПД (војник по договор) но тоа не не предомисли.Седевме во касарна ,и сега ке ви опишам еден ден во почетокот.
Станување 05.00ч
во 05.20 сите во спортска опрема, доле пред зграда построени за утринска гимнастика трчање и вежби
до 05.50 потоа враќање во павиљон и подготовка за доручек.
Во 07.00 постројување за кревање знаме и смотра до 07.30
од 07.45 за виси од денот но претежно првите два часа кондицирање ( најчесто во униформа) трчање околу касарна во строј ,во чекор ,со застанувње правење склекови ,стомачни ,ползење итн.
09.00 враќање и туширање
09.30 пилотски (јадење) имаше добро јадење на пр.ориз,стек ,салата .сок ,чоколадо.млеко и слатка.
од 10.00 обука до 13.30 зависи од планот за тој ден на пр.ПТ чета во уништување на ДТГ ,минско-експлозивни средтства ,гаѓање со пушка ,пиштол ,заседа и многу други обуки што веќе и не ги памтам.
Ручек во 14.00 и потоа одмор до 16.30
од 16.30 попладневна обука
во 19.00 спуштање знаме ,вечера и до 22.00 слободни активности ,некој ке го пустат до град да купи нешто и во 22.00 во кревет и да сакаш нешто да правиш ,капнат си .
Викендите не пуштаа по дома ,но 30% од луѓето мораа да бидат на работа.па ти се фаќа два дома еден во касарна.
Така едно година ипол кога дојдоа нови деца па се формира уште една чета.
 
С

Спенсер

Гостин
Ние другар Delta Force не ја стигаме ни за 100 години, нашите во Авганистан и Ирак служеа со обичната војска а не со специјалците, најчесто беа со Американските Маринци.
Како се викаше оваа ситуација, комплекс на нижа вредност ли беше???

Друже,нашите неколкупати ги ваделе од тешки ситуации американските славни маринци/ренџери или што ти незнам.
На хартија сме многу слаби, но на терен во акции,се имаат докажано како храбри момци,со срце.
И тие маринците,незнам шо толку ги форсираат сите. ги слушнале у холивудските филмови и ајде, а гинат секој ден ко муви без глави во афган/ирак...
--- надополнето: Jun 18, 2011 10:48 AM ---
Јас бев припадник од формирањето 01.03.1994 .Сите бевме млади деца од 18-25 ,желни за работа ,за докажување.Плата 11.400 ден како ВПД (војник по договор) но тоа не не предомисли.
Ова ли беше првиот амблем на Волците?




Ако не се лажам,ова се некои од првите припадници на ВОлците. Не сум сигурен.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
Како се викаше оваа ситуација, комплекс на нижа вредност ли беше???

Друже,нашите неколкупати ги ваделе од тешки ситуации американските славни маринци/ренџери или што ти незнам.
На хартија сме многу слаби, но на терен во акции,се имаат докажано како храбри момци,со срце.
И тие маринците,незнам шо толку ги форсираат сите. ги слушнале у холивудските филмови и ајде, а гинат секој ден ко муви без глави во афган/ирак...
--- надополнето: Jun 18, 2011 10:48 AM ---

Ова ли беше првиот амблем на Волците?




Ако не се лажам,ова се некои од првите припадници на ВОлците. Не сум сигурен.
Да да тоа беше првиот амблем, а овие на сликата (тука сум и јас) е на Чупино Брдо негде Мај -Јуни 1994.
Ми врати убави спомени.
Од кај ли ја ископа ??:) И ти да не си тука?
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Јас сум бил во ЕСН-Волци 12 год :)
Прашај што те интересира!!
Сега моментално во МВР.
abe sega vo momentov i ne mi teknuva sto da te prasam :)
no eve me intersira sto zadaca imate vie volcite ako dojde vojna(ne daj boze)
na primer vo 2001 godina sto vi bese zadacata.Onaka na kratko da ne te maccam mnogu :)
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
Види вака 2001 беше спицифична војна .Војската обично се користи за чување на земјата од надворешен непријател или пак ако има уфрлени диверзатско -терористички групи ,2001 повеќе беше од внатре ,ме разбираш.Ние бевме ангажирани во чување на државната граница од 1997 до 1999 ,кога се распадна системот во Албанија.Бевме распоредени на западната и северната граница.Имаше многу илегално внесување на оружјето што се крадече од магацините во Албанија.
 

UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
имињата на волците се држат како државна тајна , тигрите се полициски специјални единици, за нив незнам точно како е, по сликиве ми изгледаат полабаво али сепак они под полиција се водат....
Нема врска за имињата дека се држат во тајна, имам комшија кој е во ЕСН па на ФБ си има слики од вежби ,презентации дури и го препознав на неколку слики од оние што беа од списанието објавени :D
 
С

Спенсер

Гостин
Да да тоа беше првиот амблем, а овие на сликата (тука сум и јас) е на Чупино Брдо негде Мај -Јуни 1994.
Ми врати убави спомени.
Од кај ли ја ископа ??:) И ти да не си тука?
Точно шефе :) Не,не сум на сликата,ќе ти пишам ПП од каде ми е сликава.

Друго,пиши што може да се каже во јавност :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom