Дали постои патување низ времето?

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Како и секој човек, перцепционо разликуваме минато, сегашност и иднина. Универзумот е сосема друго нешто, и не мора да значи дека перцепцијата наша е таа што ја отсликува реалноста, уште помалку, дека физичките закони се директно врзани за истата.
Научна потрепа за овој став? Или ова само твое мислење.

Едноставно не можам да се согласам со ова. Да, делимично можеме да имаме различна перцепција за времето ама тоа не значи дека времето не постои или дека не е универзален феномен во универзумот или дека е продукт на нашата свест или што год.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Океј, како ти би го дефинирал тоа тогаш? :D
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Научна потрепа за овој став? Или ова само твое мислење.

Едноставно не можам да се согласам со ова. Да, делимично можеме да имаме различна перцепција за времето ама тоа не значи дека времето не постои или дека не е универзален феномен во универзумот или дека е продукт на нашата свест или што год.
За универзумот не постои „сегашност“ како состојба на момент се случуваат настаните. Сегашност е наша перцепцијата на одвивање на нештата. Импликациите од теоријата на релативитетот укажуваат дека симултаноста на настаните не важи за сите подеднакво и дека времето и просторот се неразделни. Баш поради тоа не само што времето „не постои“ туку е доста реална категорија и универзумот не разликува сегашност, минато или иднина. Ние го доживуваме линеарно универзумот како нешто што се случува во моментот, нешто што се случило или нешто што ќе се случи, но за универзумот како време-просторен континиум нема сегашност има само настани долж 4-димензионалниот време-простор. Нашата перцепција и (не)моќ за концептуализација на истото е нешто на што не смееме да се потпрепеме кога даваме заклучоци.
 
Не постои сегашност за универзумот. Ок. Ајде нема да се расправам за тоа.
За перцепирањето на времето: колку побрзо патува човек низ просторот толку побавно поминува времето, што значи времето не тече со иста брзина секогаш, но забавувањето на времето е природна појава не е резулатат на нашето перцепирање на времето, не е резултат на свеста за времето.

Ок, да не должиме многу :) Имаш одговор на прашањето што го поставив во поглед на контрадикцијата која се јавува ако постои патување низ времето?
 
* времето не убрзува или успорува само за тој што патува побрзо, туку тој самиот се движи побрзо низ време-просторот па така на пример во зависност од брзината за поминато време од 1 час истиот може да стигне на истата просторна точка временски 50 години понапред. Тоа ќе изгледа како успорување за тие што го надбљудуваат него, но и на двајцата времето ќе им изгледа сосем нормално.

* Не знам колку те сфатив, ама според тоа како ти го образложи тогаш ниту патувањето со огромно забрзување при што за кракто време еден може да стигне на истата точка години или векови во иднината (според теоријата на релативитет) би било невозможно или...? Битно е да се напомене дека патувањето во минатото не значи негово менување!

* Нема забрзување или успорување на времето, туку на едниот опсервер може така да му изгледа патот на другиот. Времето не е резултат на свеста, ама доживувањето или расудувањето на настаните како минати, моментални или идни се нешто што произлегува од свеста.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Инаку, црните дупки голтаат материја и енергија колку што знам.
Материјата што ќе падне во црната дупка не се губи, останува заробена таму.
Значи запазен е законот за зачувување на енергијата/материјата.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Материјата што ќе падне во црната дупка не се губи, останува заробена таму.
Значи запазен е законот за зачувување на енергијата/материјата.
Од каде знаеме дека е заробена? :D Можеби на другата страна е таа теоретска бела дупка каде материја/енергија излегува :D.

Имаше теории дека црните дупки се излез кон други универзуми. Ако шмукаат материја/енергија, можеби искуството од другата страна е слично како кај нас (биг бенг при стварање на црна дупка, и контанстно ширење на простор и време, и расфрлање материја и енергија наоколу). Ние нели имаме дел од универзумов во кој правец мислиме дека се одвивало ширењето/бил биг бенгот?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Од каде знаеме дека е заробена? :D Можеби на другата страна е таа теоретска бела дупка каде материја/енергија излегува :D.
Затоа што научниците измериле дека гравитациското привлекување се зголемува кога црна дупка ќе проголта масивно тело.
Значи масата/материјата е таму, ако не е тогаш ќе нема зголемување на гравитацијата. ;)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Затоа што научниците измериле дека гравитациското привлекување се зголемува кога црна дупка ќе проголта масивно тело.
Значи масата/материјата е таму, ако не е тогаш ќе нема зголемување на гравитацијата. ;)
Можеби се зголемува масата на целиот тој мини-универзум таму :D, и тоа е тоа што го регистрираме :P.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Имаше теории дека црните дупки се излез кон други универзуми. Ако шмукаат материја/енергија, можеби искуството од другата страна е слично како кај нас (биг бенг при стварање на црна дупка, и контанстно ширење на простор и време, и расфрлање материја и енергија наоколу). Ние нели имаме дел од универзумов во кој правец мислиме дека се одвивало ширењето/бил биг бенгот?
Имав некаде читано, а и доста логично ми е дека црните дупки не се никаков портал или правосмукалка туку тела/енергија или некаква материја за која не знаеме со огромна гравитација. Најверојатно миљарди пати поголема од густината на мртвите ѕвезди, односно 1мм кубен би тежел можеби колку 10000000 планети земји. Со таа гравитација црните дупки привлекуваат се што се најде на нивниот пат и тоа станува дел од нив. Но тоа е сосема друга тема.

Инаку, за тие што не ги прочитале моите предходни постови, мислам дека патување во времето е скоро невозможно. Единствено теоретски дека дена со сопирање на сите реакции, префрлање на материи и сите други процеси би можело да се сопре времето. Поместување во одредена и точно испланирана точка на сите атоми, електомагнетни бранови и секаков вид на материи и енергија би можело да резултира до промена на сегашната точка на времето. Исто обратен процес, односно враќање на сите реакции до одредена точка би резултирало со враќање на времето.
Но тие теории опфаќаат простор и мислам дека патување на ќиво суштество е тешка работа. Сепак може ќе се најде некој паметен и ќе го измисли и тоа :D
Времето си е универзално низ универзумот, без разлика од нашата свест и перцепција за него.
Оваа дефиниција е некако премногу општо кажано и ништо специфично за времето како поим.
Според мене се што се случува околу нас, од најмалите осцилирања на електрон околу јадрото на атомот па се до кружењето на земјата околу сонцето го прави целиот простор жив а со тоа и течењето на времето. Ако се запре, нема да постои ни времето.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.874
Поени од реакции
6.928
Поиздржана дискусија досега не сум видел на форумов, браво (y) Што имаат дечките завршено, со што се бават ако не е тајна? Ќе треба и јас да се потсетам на поимиве, одамна не сум гледал некоја астрономска документарна, да можам посериозно да се вклучам овде :)
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Поиздржана дискусија досега не сум видел на форумов, браво (y) Што имаат дечките завршено, со што се бават ако не е тајна?
Немам ни трета година средно завршено уште. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom