Скопје расте на штета на граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Македонскиот главен град нуди незадоволителен квалитет на живот, велат експертите.
Се гради на штета на зеленилото и јавните површини, а граѓаните и јавноста не се вклучени во донесувањето на одлуките
Градежниот бум што му се случи на главниот град со изградбата на голем број станбени, деловни и административни згради, резултира со проблеми како ште се намалување на зелените површини и јавниот простор. Тимот на невладината „Реактор“, составен од архитекти и експерти за урбан развој, го изработи проект „Скопје расте“, поради општото незадоволство од квалитетот на живот што Скопје им го нуди на своите граѓани.
Истражувањето ги третира градските четврти Дебар Маало и Буњаковец, кои се најмногу погодени од зголемувањето на стамбената структура.
Резултатите покажуваат дека во 1990 година на нив имало 21,6% зелени површини, а моментално 13,9%. До 2020-та се предвидува дека ќе останат само 4,5 проценти зелена површина. Главен истражувач во проектот е архитектот Ристо Аврамовски:
„Во урбаниот опфат Дебар Маало и Буњаковец има очигледно намалување на процентот на зеленило и слободните простори во рамките на урбаните парцели кои припаѓаат на самите објекти во временскиот период од 1991 до 2012 година. Ако се земе предвид фактот дека изградената структура во овие градски четврти ќе го достигне својот максимален предвиден капацитет во наредните неколку години, можеме со сигурност да кажеме дека плановите што следат нема драстично да влијаат на карактерот на градскиот пејсаж.“

Аврамовски за Дојче веле коментира за тоа какви алтернативи нудат урбанистичките планови и како се справуваат со ваквите проблеми: „Можеме да зборуваме за одредени тенденции и процеси, но не и за кохерентна стратегија која го структуирала менувањето на урбаното ткиво, па оттаму импотентноста на ДУП-овите вистински да ја контролираат густината на изградениот простор. Постоењето на алтернативи и справувањето со овој проблем е на самите маргини на приоритетите, бидејќи е невозможно физички да се интервенира во оваа секвенца на процесот на урбана трансформација.“

Личните пред јавните интереси
Новиот ГУП на територијата на Скопје предвидува 12,87 проценти зелени површини.
Во Законот за просторно и урбанистичко планирање повеќе членови предвидуваат заштита на животната средина. Дали Деталните и Генералните урбанистички планови се во согласност со законската регулатива? Аврамовски вели дека во текот на целиот процес на трансформација, легислативата и нејзината имплементација биле доволно совитливи за да ја поддржат ваквата агресивна промена:
„Најголемиот проблем е тоа што максималните станбени капацитети кои требаше да се достигнат беа преголем залак за постоечката инфраструктура и спремноста на локалните власти да се справуваат со имплементацијата на новите правила на терен. Бидејќи се работи за процес на системско разградување на старите правила на игра, кои ги наследивме од претходниот систем, би било наивно доколку прстот го посочиме исклучиво кон планерите и постоечките ДУП-ови и ГУП-ови. Општините, инвеститорите и сопствениците на парцелите ја одиграа најголемата улога во активирање на „моделот за раст“, термин кој ние го користевме во студијата. Градот Скопје, а особено овој негов дел, се сведоци за тоа како политиката на планирање на градовите се трансформираше од ригидна, централизирана стратегија на следење на една визија за градот, во жив систем во кој приватниот капитал, пазарната логика и индивидуалниот интерес се на врвот на приоритетите, на сметка на јавниот домен. Во тој контекст, сметам дека обидите за заштита на животната средина и нејзино унапредување се декларативно изјавување на воља за решавање на сложените проблеми со реторика која упатува на немање план со конкретни мерки за решавање на проблемот“, вели Аврамовски.

Јавноста не е вклучена во донесувањето на одлуките

Во последните седум години Уставниот суд поништи вкупно 20 детални урбанистички планови. Голем дел од нив се поради неспроведување на јавна расправа вели Неда Коруновска од „Реактор“: Ги анализиравме одлуките на уставниот суд и забележавме дека голем дел од нив се поради невклучување на граѓаните во процесот. Тоа укажува на непостоње на институционална култура за вистинско вклучување на граѓаните во процес кој директно ги засега нив.“

Зелените површини ги смируваат граѓаните



Просекот на зеленило во европските градови по глава на жител е 16 метри квадратни, додека во Скопје се планира во иднина да се достигне до 8 метри квадратни, вели Никола Нешкоски – инженер за животна средина. Тој истакнува дека зеленилото е многу важно за продукција на кислород, „заробување“ на јаглерод диоксид и спречување на бучавата.
„Зголемувањето на станбениот простор во Скопје го блокира протокот на воздух. Исто така се јавуваат проблеми како зголемен број на жители во Скопје и зголемен број на возила кои често се наоѓаат на пешачките патеки. Многу е важно да се зголемуваат зелените површини бидејќи влијаат на психолошкиот развој на луѓето, ги смируваат и ги прават попродуктивни, за разлика од бетонската џунгла околу нас“, заклучува Нешкоски.

http://www.dw.de/скопје-расте-на-штета-на-граѓаните/a-16648919
 
Абе зеленилото ни е последно нешто што треба да не загрижува, глеајте какви проблеми имаме, оставете го зеленилото...
 
Dodeka e na vlast vrmo taka kje (n) Sekade gradat i go unistija celo zelenilo na vodno vekje kje pocnat sto se vika i zgradi da gradat t.e na sredno vodno :facepalm:
 
Ne sum ekspert no smetam deka treba I ekspertite da se slusaat(osven ako imaat patent na usta) bidejki stanuva zborzatgrad vo koj imame skoro 30 posto od populacijata pa ako sakame zdrava nacija bi trebalo da imd I zdrava okolina tokmu zatoa velam eksperti bidejki znam deka sekoe rastenie 'obrabotuva' odredeno kolicestvo na CO2 pa spored toa da se izvrsi, odrzi ili prosiri I unapredi zeleniloto soodvetno narocito poradi akciive za sadenje drva.

spored prosekot kako sto pisuva skopje e daleku od prava vistinska I moderna evropska metropola I zal mi e bidejki e taka ):
 
Експерти. Пффф. Тие што не се купени од урбаната мафија и од Владата, никој не ги ферма од медиумите, причината е јасна. Не знам како не сфаќаат луѓево дека кај нас така иде работата.
 
Нека ни е......кога нема да остане живо пиле надров од Скопје,кога сите ќе се угушиме овдека може ќе му дојде на некој памет во глава.

Иначе колку што можам да приметам се помалку и помалку им се продаваат становите на овие што ги градат. Нема веќе луѓе кои може да стигаат и да купуваат,а не ствараме ни многу богати......
Знам луѓе што градат згради,ама продале доволно станови во последните години едвај колку да се на 0....
 
Dodeka e na vlast vrmo taka kje (n) Sekade gradat i go unistija celo zelenilo na vodno vekje kje pocnat sto se vika i zgradi da gradat t.e na sredno vodno :facepalm:
А небаре ако дојде некоја си скроз нова власт, макар и од имиња што никогаш до сега ги немаме сретнато во политиката, ќе се смени нешто... Нема!
Нас генетскиот код ни е дефектен. Кој и да ја има моќта, истото ќе го прави.
 
Еве еден добар пример за ова.
Новата населба во НовоЛисиче,позади бензинската на Макпетрол, 12 згради по 50 стана = 600 стана = 2000-3000 жители,а уште се гради, се само асфалт,бетон и плочки,нема ни еден квадрат трева или друго зеленило,нема ни оставено место за тоа. Менхетен или Бруклин во ново Лисиче.
Кој е тој чукнат-безмозочен архитект кој го направил овој план.
Згради,коли и нешто помеѓу што личи и се нарекува воздух. Кога ќе дојде лето ќе видиме како ќе живеат овие нови граѓани на метрополава,многу брзо ќе го посакуваат Мариово и Осогово, (а ако сакат да преживеат тие дестинации им се единствена алтернатива - овде живот нема)
 
Па така е кога сите сакаат во Скопје да живеат,мора да се жртвува нешто за да се најде решение
Не сакаат сите во Скопје да живеат бе друже туку приморани се.
Некои идат по работа, некои за студии, трети за бизнис пошто се е во Скопје сконцентрирано нема ништо во периферија.

Секако има и мал процент на дебили кој идат во Скопје само колку да кажат живеам во Скопје.(Ова последново никогаш не сум го сфатил зошто е така ама очигледно постојат секакви луѓе)
 
Јас како жител на Дебар Маало можам само со жалење да потврдам се што е напишано во статијата.

Некој спомнал горе имаме поважни проблеми од зеленилото. Можда е и така, меѓутоа ако нема зеленило има влошено здравје на луѓето, а ако немаш здравје џабе ти е све друго. Во последниве неколку години во Центар буквално се гради на секоја можна неискористена зелена површина. Ама тоа е резултат на лошата политика, немањето никакви прописи, а очигледно и разните интереси што ги има локалната власт за да дозволи такво нешто. Затоа Тодоровиќ нека си се врати у Tinex, не му требаат уште 4 год. да го води Центар.

А тоа што Скопје неконтролирано се шири, тоа е друга тема. Работата е што се гради само во Скопје, а другите региони се запоставуваат. Нека учат од одличниот пример на Словенија, таму подеднакво се развиваат и се инвестира низ сите делови на земјата.
 
Јас како жител на Дебар Маало можам само со жалење да потврдам се што е напишано во статијата.

Некој спомнал горе имаме поважни проблеми од зеленилото. Можда е и така, меѓутоа ако нема зеленило има влошено здравје на луѓето, а ако немаш здравје џабе ти е све друго. Во последниве неколку години во Центар буквално се гради на секоја можна неискористена зелена површина. Ама тоа е резултат на лошата политика, немањето никакви прописи, а очигледно и разните интереси што ги има локалната власт за да дозволи такво нешто. Затоа Тодоровиќ нека си се врати у Tinex, не му требаат уште 4 год. да го води Центар.

А тоа што Скопје неконтролирано се шири, тоа е друга тема. Работата е што се гради само во Скопје, а другите региони се запоставуваат. Нека земат пример од одличниот пример на Словенија, таму подеднакво се развиваат и се инцестира низ сите делови на земјата.
Ние и Словенија = Магаре и музика.

Во Грција гледај што криза имаат и пак подобро од кај нас се живее.(барем засега)
 
Само социјализам за цела оваа депонија.
Толку од мене.
 
Владата, односно Министерството за транспорт и врски се заложува за поедноставна, упростена и побрза постапка за издавање на дозволи за градење. Тоа води кон издавање на повеќе дозволи за градење и никнување на повеќе објекти, а сето ова е резултат на економските законитости, односно законот на понудата и побарувачката. Тука не се води сметка за општото добро на жителите на град Скопје, туку битен е профитот кој ќе го остварат градежните компании и владата која ќе прибира средства по основ надомест за издавање на дозволите. Нов ДУП и ГУП може да се донесе „преку ноќ“ и во овој случај архитектите и експертите се немоќни. За жал.
 
Ова е катастрофа што се случува на секое ќоше во градов никнуваат згради, кај средново ѓорѓи димитров тубро градат згради, кај машински и тоа малце зеленило што го имаше се градат уште 2 згради.... Можам само да кажам среќен сум дека околу зградава кај мене има подземни гаражи и неможат да ми дигнат некој монструм.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom