Денешните мажи....
(сите сличности со постоечките луѓе и настани се случајни освен тие што не се )
Случај бр. 1
На концерт си со пријателките, си стоите, си пеете, скокате играте, се смеете.... и .... налетува еден батка.... пијан.... бара цигара (зошто не знае на друг начин да почне разговор, нормално). Му даваш цигара, му палиш (култура нешто оно ово) и се запознавате, почнува муабет со две од другарките, но цело време ја мерка третата која баш во тој момент си ужива во песната од бендот. Ја мерка, ама уште да си го извади и да почне да дрка. Ти се врти и ти вели, е ај викни ја другарка ти, да дојде да разговара со мене, и кажи и дека ме знаеш и дека сум многу добар дечко, па можеби и до дома ќе ја однесам. На што добива одговор Доколку немаш муда да и пристапиш сам, јас мислам дека нема потреба да го трошиш и нашето време (и нормално вртиш грб и се правиш како да не го познаваш)
Случај бр.2
Излезена си во кафич со другарките, си стоите си разговарате не сте се виделе милион години, се зезате, убаво ви е. И од еднаш доаѓа келнерката со пијачки и вели овие се од дечкото на шанк. Се вртиш да го види, не е нешто посебно но сепак од култура креваш чаша за да го поздравиш. За помалку од 5 мили секунди, дечкото се нацртува до тебе и почнува разговор... Само што пристигнува, ги остава клучевите од кола и двата мобилни на маса, при што сте принудени да ги тргнете чашите и шишињата, зошто додека ги остава вели: Само пазете да не истурите нешто врз мобилните зошто не се од тие за 1 ден.
Окееееееј....
Втората реченица што излегува од неговата уста е... Уффффф сега се враќам од пат, мртов уморен сум.... Бев за (рандом соседна земја), знаеш имам приватен бизнис, па нон стоп сум по патишта.
Океееј x 2
На ова одговараш, па ако си толку уморен зошто си излегол, зошто не си останал дома да се одмориш?
Абе не сакав јас, другар ми ме запна, ај па ај...(а од другарот нема ни трага)
разговорот продолжува...
Он: Од Скопје си?
Не, од Струмица
Баш од Струмица, од градот, или...
Од градот,
А во центар на Струмица живееш.
Не од центар малце налево околу 200 метри..
Аха..
Е сега муабетот може да оди во две насоки..
1 насока -- Аааа Струмица, Заев, Заев, се е ваше таму...
2 насока -- Абе јас знам еден од Струмица, Трајан се вика? Го знаеш? Не го знаеш постар е он.. А ти колку години си?
29
мхм, јас мислев помала си, ич не личиш на 29
неколку минутно молчење проследено со денсање на песната во кафичот кое се состои со свиткани раце во лактовите фрлајќи ги дланките напред назад.
он: А работиш нешто или уште на мама и тато парите им ги трошиш... (следува идиотско смеење) ха... ха... ха....
јас: да работам, таму и таму ..
он: Аааа програмер си, има пари во таа работа има. А овде под кирија си? Кај седиш?
Да под кирија, таму и таму
(пак неколку минутно молчење проследено со денсање)
и сега веќе се чувствуваш како на квиз и велиш ај да го зазборам малце јас, може се срами па не знае што муабет да направи...
јас: Често доаѓаш овде? Јас не сум многу по излегувањето. Еве излеговме со другарките да се видиме, па овој кафиќ ни стоеше како пристојно место да се забавуваме..
он: Да бе ееее, немој да кажеш дека не ме знаеш. Секој ден сум овде јас, Ване (газдата) ми е најдобар другар, вака сме... Знаеш дека јас му ги лепев плочките во вц?
јас: Не. Навистина? Супер. Не сум била се уште во вц-то. Но кога ќе отидам, баш ќе обрнам внимание на плочките.
он: И викаш од Струмица си а? Слушам многу убави девојчиња имало таму, еве ти си пример, и многу биле слободни, опуштени, ептен за разговор...
јас: Да, да ....
(и веќе почнуваш да вриеш, не знаеш како да го откачиш и правиш знак со очите кон другарките, ајмо вамос)
Му пушташ рака за да се поздравиш, и му велиш касно е веќе, мораме да одиме...
Прави тажна фаца и ти вели Дај ми твој мобилен...
на што добива одговор: Друг пат...
(крај на првиот дел)