Македонски претставници за Евросонг 2013 (Лозано и Есма Реџепова)

  • Креатор на темата Креатор на темата -Nirvana-
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пошто не следев, може ли некој да каже како е избрана оваа песна?

Со гласање или со „стручно“ жири?
Одбрани се само изведувачите од страна на МРТ, а песната е слободно напишана од авторите специјално за Есма и Влатко.
 
Мислам дека и одгодина треба да продолжиме со истиот начин на одбирање на песна и изведувач (т.е интерно). Јас многу повеќе посакував да ја пратиме Тамара со или моќната „Готово“ или „Залудно е“. Може да се пратат песни кои веќе се објавени, но да не бидат постари од септември 2012 пример за годинава. Но тоа е тоа. Сметам дека ваквиот начин е поквалитетен и дека понекогаш гласањето од страна на јавноста може лошо да резултира (со оглед на она што го испраќавме во претходните 3 години).

За 2014 ја посакувам Магдалена Цветковска.(y)
 
На некој сајтови читав неофицијални информации дека ќе се преработува Империја и дека преработката ќе биде на Кирил Џајковски
 
На некој сајтови читав неофицијални информации дека ќе се преработува Империја и дека преработката ќе биде на Кирил Џајковски

http://grid.mk/read/news/504443582/2035677/demant-kiril-djajkovski-ne-go-prevzema-proektot-imperija

Не е точно, Кирил денеска изјави соопштение дека е дезинформација.
 
Иначе верувале или не, на сите топ листи (од странци зборам, не наши) сме во топ 5-10!! Што е со светов ја незнам, иди најди му логика на овој парадокс...
 
Иначе верувале или не, на сите топ листи (од странци зборам, не наши) сме во топ 5-10!! Што е со светов ја незнам, иди најди му логика на овој парадокс...
Тоа е зашо странците не го разбираат текстот од песната.
 
Тоа е зашо странците не го разбираат текстот од песната.
Факт е дека е добро што не го разбираат па не им звучи до толку глупа али сепак, и самата музика е толку бош и досадна, не сфаќам... И тоа не зборам еден да не ставил високо туку сите можни така не рангираат...
 
Иначе верувале или не, на сите топ листи (од странци зборам, не наши) сме во топ 5-10!! Што е со светов ја незнам, иди најди му логика на овој парадокс...
Кој страни ? ако може стави ги линковите тука
 
МТВ целосно ја повлекува „Империја“
Веќе се подготвува нова песна за Евровизија со сменет авторски тим, музика - Дарко Димитров и текст на Лазар Цветковски

Македонскиот радио телевизија, своето право за менување на евровизизиската песна до 18. март го користи целосно и ја повлекува песната „Империја“. Неофицијалните информации од упатени извори велат дека песната „Империја“, од авторите Симеон Атанасов, Дејан Момировски, според текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано нема да биде изведена во мај, на Евросонг во Малме. Веќе се подготвува нова песна со сменет авторски тим: музика - Дарко Димитров и текст на Лазар Цветковски.

Песната „Империја“ и спотот за неа, изработен од продукцијата „Егзит Б“ беше јавно претставена со шоу - програма на МТВ, на 28. февруари. Речиси веднаш реакциите на јавноста беа прилично остри за насловот „Империја“, а особено за спотот, во кој се промовираат објектите од проектот „Скопје 2014“. Појавувањето на споменикот на Александар Македонски во спотот на „Империја“, предизвика и очекувани реакции од Грција. (Ј.П.)


извор - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B366EA5EB23AC34C87B712BE77680A59
 
Кога веќе ја смениле песната поради критиките на гледачите, зошто не го вратат повторно изборот од страна на гледачите?
 
МТВ целосно ја повлекува „Империја“



извор - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B366EA5EB23AC34C87B712BE77680A59
Конечно нешто паметно да направат,иако и од новата песна не очекувам ништо добро,премногу извештачено ми делува целата оваа комбинација,да рапува Есма случајно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom