Ех, шчо ќе прајме ?
Се знајт шчо ќе прајме, групно ќе сечиме вени.
Бог да го прости.
Сега кога Хуго Чавез почина од природна смрт додека беше на власт и тоа како демократски избран претседател на Венецуела, ќе се создаде култ кој ќе го величи исто како и Хуан Доминго Перон во Аргентина, кој исто така почина од природна смрт додека беше на власт како демократски избран претседател на Аргентина.
До денешен ден, Праведничката Партија на Аргентина, основана од страна на Хуан Перон, која го ужива мнозинството во актуелниот Парламент на Аргентина, го пее Перонистичкиот Марш, кој е официјална химна на партијата, а Хуан и Евита Перон се во вечно помнење и кај тие кои ги сакаат и кај тие кои ги презираат.
Јосиф Висарионович Сталин бил тоталитаристички диктатор на поранешниот Советски Сојуз, но Русите го величат бидејќи го водел Советскиот Сојуз низ процесот на електрификација и индустријализација, како и во текот на Втората Светска Војна, иако е на дебело заслужен за големите порази кои Црвената Армија ги претрпела во 1941 година и во 1942 година со неговиот терор и со неговите чистки. Но ете, починал од природна смрт додека бил на власт, починал како победник во Втората Светска Војна и затоа ужива почит кај денешните Руси, иако факт е тоа дека Советскиот Сојуз дефинитивно полесно ќе поминел низ сопствениот индустриски и економски развој, како и низ Втората Светска Војна со некој поасален лидер.
Последните 2 влади кои ги состави Хуго Чавез во Венецуела уживаа статус на корумпирани влади, како на пример, кога Чавез го постави генералот Хенри Ранхел Силва, кој од САД е етикетиран како човек кој на дебело е вмешан во бизнисот со наркотици, за министер за одбрана на Венецуела.
Еден доста важен факт кој од тотално непозната причина западните медиуми го игнорираа, е фактот дека на 7 октомври 2012, кога се одржуваа редовните претседателски избори во Венецуела на кои Чавез беше трет пат по ред реизбран за Претседател на Венецуела, овој пат избран за четврт претседателски мандат по ред, од тотално непозната причина, тенкови фураа низ улиците на Каракас и повеќето венецуелски градови.
Воена вежба на ниво на цела држава, која од чиста случајност се одржува на ист ден кога се одржуваат редовни претседателски избори, или војска загрижена за безбедноста на изборниот процес, до денешен ден не е објаснето што бараа тие тенкови низ венецуелските улици тоа деноноќие.
Како и да е, ова и не е баш добра вест за западот како што многумина мислат. Смртта на Чавез можеби отвори ново поглавје во историјата на Венецуела, во кое САД и западните држави ќе бидат уште поизолирани од државата со најголеми резерви на нафта во целиот свет.
И додека сеуште Чавез беше жив, Венецуела се наоѓаше во тешка економска и социјална состојба, огромна инфлација и задолженост се проблеми со кои се соочуваше и самиот Чавез, а со кои ќе се соочуваат и неговите наследници, а било какво пикање на носот на западот во овие проблеми може да има спротивен ефект од очекуваниот кај венецуелскиот народ.
Во текот на 14 ипол годишното претседателство на Хуго Чавез со Венецуела, Венецуелците открија дека не мораат да молат за милостија од капиталистичкиот запад за да имаат економски и социјален напредок.
Истиот тој капиталистички запад сега ќе мора да соработува со демократски избраната социјалистичка влада на Венецуела, исто како што соработува со тоталитарната социјалистичка влада на Кина, со тоталитарните исламистички влади на Саудиска Арабија, Катар и ред други држави, а истото ќе мора да го направи и со демократски избраната социјалистичка влада на Венецуела, или во спротивно, капиталистичкиот запад или ќе игра на се или ништо, борејќи се за "слобода и демократија" во Венецуела, или ќе ја изолира Венецуела како што тоа го прави со Куба, Северна Кореја, Иран и ред други држави во кои тоталитарните режими стануваат само посилни и позацементирани поради ваквите постапки на западот, наместо да се распаднат како кули од карти, како што беше тоа во случајот со Слободан Милошевиќ, бидејќи има разлика помеѓу овие тоталитарни влади и Милошевиќ, а тоа е фактот дека, без разлика колку овие влади се анти-западно настроени, сепак не водат експанзионистичка и националистичка војна против никого.
Чавез водеше отворена војна против капиталистичкиот запад, но ја водеше исклучиво со зборови, но не и со дела, а уште помалку со вооружени сили, поради што демократското социјалистичко движење кое Чавез го создаде, може да потрае и со децении.
Се разбира, можно е и преку ноќ да ги снема од власт, исто како што го снемало и Хуан Перон преку воениот удар од 1955 година во Аргентина, по што следувало бришење на Хуан и Евита Перон од аргентинските медиуми, од аргентинските учебници по историја и од животот на секојдневниот Аргентинец, како и укинување и забранување за постоење и функционирање на перонистичката Праведничка Партија на Аргентина.
Но и покрај сите овие обиди за бришење на Хуан и Евита Перон од аргентинската историја, сепак 18 години подоцна, Хуан Перон е повторно избран за Претседател на Аргентина на фер и демократски претседателски избори, починува од природна смрт во првата година од својот трет мандат како демократски избран претседател на Аргентина, а политичкото движење кое тој и Ева Перон го основале, Праведничката Партија на Аргентина, до денешен ден постои и функционира и во моментов го ужива мнозинството во аргентинскиот Парламент.
Кристално истото е изводливо и во Венецуела, на западот нема да му биде лесно да се бори за "слобода и демократија" во Венецуела, каде што во моментов на власт е, несомнено корумпирана, но истовремено и демократски избрана социјалистичка влада.