Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Само од ова година има измени. КНИ ќе учат друго, а сите останати нови смерови на ФИНКИ и ИНФО од електро ќе учат друго... Плус тие вторите нема да имаат лабораториски и проектни задачи.
 
Чекај малце од каде тоа дека бази учат сите ?
за кој семестар зборувате ?
 
Гледам за Спасов сте збореле. Мене ми е сега по АОК, и после две предавања кај него, мислев да не се појавувам повеќе ама сте збореле за поени за присуство. Кај нас ни спомна нешто за присуство, ни па пушти списоци. Делуваше и по малце изгубено, неколку пати викаше и за некои делови дека ние сме имале поголемо знаење од него. Што да се прави сега...
 
Која група си? Инаку типот е досада невидена... ми предаваше мрежи неколку часа, заспав!
 
да не знае некој во која библиотека ја има книгата за архитектура и организација на компјутери?
 
да не знае некој во која библиотека ја има книгата за архитектура и организација на компјутери?

Колега, не ти треба книгата. Учи си од предавањата.
Секако, ова важи ако целта ти е да положиш само.

Ако сакаш да навлезеш подлабоко во водите на компјутерската архитектура, читај ја книгата.
 
Гледам за Спасов сте збореле. Мене ми е сега по АОК, и после две предавања кај него, мислев да не се појавувам повеќе ама сте збореле за поени за присуство. Кај нас ни спомна нешто за присуство, ни па пушти списоци. Делуваше и по малце изгубено, неколку пати викаше и за некои делови дека ние сме имале поголемо знаење од него. Што да се прави сега...

Флегма. И јас на две предавања сум бидена само заради тоа што рече дека ќе има список, иначе удав невиден е. Ниту се заинтересирал да навлезе подлабоко во материјата, недај Боже да праша дали нешто е нејасно, тоа речениците ги тегне сто саати и баш му е гајле дали го слушаш или не. На последното предавање имаше толкава галама шо јас во 3ти ред едвај го слушав, а типов гајле си нема. Поентата на списокот не знам што му е, ако планира да привлече поголем број студенти барем нека се потруди предавањето да биде интересно за следење.
Иначе шо е фината со распоредов? Трета недела од семестаров е ние распоред немаме конечен. Нека не се правдаат со просториите, верувам дека на располагање ги имаат истите простории од претходниот семестар па и од минатата година. Студентите многу губат со ова, многу од професорите не ни објавиле термини за консултации бидејќи распоредот се менува секој втор ден, кај некои групи се испуштиле некои предмети па предавање слушаме две групи во исти термин и се ствара гужва. Колку време имаа да направат нов распоред, во 5 за 12 чекаа изгледа.
 
да не знае некој во која библиотека ја има книгата за архитектура и организација на компјутери?

Te лажат сите што ти велат да учиш од слајдови. Ако требало да се учи од слајдови немало да пишуваат книги. На слајдовите немаш ништо. Не можеш да објасниш архитектура на компјутер на слајд. Ако сакаш да научиш ќе си седнеш и ќе си учиш од книга, остај ги другиве...

Ќе ти ја пратам книгата во електронски формат, на англиски и српски за 2 саати од сега.
--- надополнето: 4 март 2013 во 13:02 ---
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom