Сакате на логика? Фалична да, ама добро е мириса на напредок. Прво и основно во една нормална ситуација секогаш се бараат докази од страна на оние кои пропагираат позитивен аргумент. Да се објаснам - ако ти си личноста што тврди дека нешто постои или дека нешто функционира на ваков или онаков начин, тогаш на тебе лежи да прикажеш дека е така, со емпирички докази, а не на мене (со негативниот аргумент) да го побијам. Второ, никаков доказ не е библијата, коранот, мешето на буда. Не ни морам да се објаснувам сигурен сум дека 1000 пути е напишано, ако и од самиот старт по дифолт не е јасно. И да не е овде, имаш мал милион други форуми, блогови, списанија, и се од овој смер на секој медиум - дневно. Трето, речиси сите (од тие јас што ги познавам и се 100% сите) позитивни аргументи за религијата се irrefutable (во превод - непобивачки) аргументи што неможат да се побијат, од проста причина што или нема доволни информации или едноставно се надвор од опсегот каде може да се тестираат (видиш мајката, колку згодно). Еве ти пример - јас тврдам дека дома поседувам зелен еднорог, кој ниту можеш да го видиш ниту можеш да го допреш, ај докажи дека го немам. Неможеш. Никој неможе. Ама не треба на тебе да биде тежината да докажеш дека го немам туку на мене да докажам дека го имам, затоа што јас тврдам дека го имам. А тоа со умот... имам мозок, кој со модерните "чуда" на медицината и науката може и да го видам, да го допрам сеуште не (а зошто и би?) ама теоретски би можел, затоа што е докажано дека постои. Не ја пратев целата расправа ако ти е метафорично кажано ова со умот тогаш сори. На темата - каде да одиме? Секој што се означил атеист и сака својата позиција да ја брани а туѓата да ја напаѓа ќе дојде овде. Последен пат кога проверив ова е место за секаков вид на разговор, а вие не сте исклучени од критицизам и немате право да бегате од опозиција на посебно место за со шепотење да ја напаѓате, освен ако не се плашите. А пред два дена напишав дека нема да се замарам на релација религија-атеизам...