Зошто не си помагаме едни на други?

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување
Јас затоа зборам за стари и хендикепирани лица (плус болни). За другите има утовар и растовар на Јужен Булевар 500че ќе земат денес. У Кавадарци за гроздобер луѓе неможат да се најдат. За тутун исто.
За болните и хендикепираните на прво место треба државата и здравството да се погрижат... ама излишно е за нив да се зборува.
Иначе, за пример ми текна ете на дедото некој го имаше спомнато, на автобуска паломите што ги продава... незнам дали е истиот тој, пред некое време во весник што го пишуваа дека му заплениле полицијава незнам што од тезгата, нелегално продавал или незнам што. Тие се барем работоспособни (за лесни работи), нека се најди некој од курајбериве што се фрцкаат на улица Македонија, бизнисмени шо ми се прават, нека му дај некоја работа. Барем по добро ќе го памтат...
 
Одамна немав плачено али овде едноставно не можев да издржам.Како што пиша Леандра човекот изгледа толку жално плус натписот кој го држи додека проси едноставно прави солзите сами да течат.Па уште кога почна да плаче не знам како изджав до крај да гледам.Не требаше да се сликаат со човекот едноставно се гледаше дека незгодно му е али што да прави и он сирот....Аххх доста суров е животот за некој и додека го пишувам ова си викам преку леб погача бараме ни фали ова ни фали тоа гладно око никад не вика доста а се утепавме по кафичи брза храна и трошење непотребно пари за глупости.
 
Можеме да помогнеме сите до еден, но што се случува? Се организира хуманитарна акција и излегуваат десет души да донесат стара облека од Кајгана. Се организира протест излегуваат 10 души од кои повеќе жени од мажи. А пвде ќе напишеме десет страни како сите помагаме и даваме и сме добри луѓе и се така по ред. Ич несакам лицемерие, ајде еднаш да неможеш да појдеш или да дадеш пари, ама цело време да неможеш?
Сите овде членови по еден денар да собереме и да му дадеме на дедото во Тафталиџе ако ви текнува ќе завршиме работа. Или на девојката што е бездомник со кучето. Или на некој рандом старец бездомник. Не мора да е и бездомник имаше една жена во години од Гостивар без пари и во ужасно тешки услови имаше акција. Каде сме на дело е прашањето? Никаде у глувчја дупка. И затоа се револтирам на вакви теми за јачање и филмови. Плус кога видов како се сликаат се почувствува бедно и јас самата како човек. Не помагај ако чекаш нешто. Или не збори ако не помагаш некому.
Кој дел во Скопје(ако е во Скопје) се наоѓа девојкава?
 
Зар неможе 1 % од месечните плати да одат во хуманитарни цели, а да не се злоупотребуваат, тој процент нив ништо нема да им значи, ама на некој ке му значи парче леб и продолжен живот ..
Во Романија ова е до негде решено така што можеш да дирекционираш 2% од твојот данок на доход кон некоја организација, партија и слично, а доколку не се поднесе тој формуларот парите одат во буџетот. Е сега 1/3 од населението парите ги дирекционираат кон Романската Православна Црква која ништо не прави за да им се помогне на луѓето, туку се понашаат исто како МПЦ. 17% од данокот одат кон една НВО која има амбулантни возила и работи како итна помош без да им зема пари на луѓето, а 9% одат во организација Спасете ги Децата и остатокот кон други организации.
Овие 2% на некои организации им се главните извори на средства и со нив помагаат многу на бездомниците, децата без родители, со сида, хендикепирани итн.
 
Многу пати кога некои питачи ми проси и му давам 5-10 денари и следниот ден пак го гледам питачот да проси,значи проблемот нема да се реши ако им фрлаш паричка,туку ќе се реши со помош од државата да им обезбеди услови колку што може да си застане нозе и скитачот ќе знае што треба да направи понатаму нешто слично по принципот ,, научи го да ловат риба ,, ;)
 
Досега најпојќе ми се имат распарано срцево и ми дојдоја солзи на очи кога возејќи се во автобус на една раскрсница видов еден бездомник со ампутирана нога и одеше со штаки и во устата држеше картон на кој пишеше „Гладен Сум“. Да бев со кола без размислување ке му даев пари.
 
Лудо може звучи ама пример сите во државава да плаќаме плус 5 денари на сметка за струја или вода и тие пари да одат во еден фонд за ‘‘специјални‘‘ случаеви и сл.
 
За да му помогнеш купи му трска и научи го да лови, а не риба.
 
А наместо да зимаат од сите да зимаат од сите административци од платите ? По 400-500 денари немора повеќе.
 
Помош се дава на деца, болни и стари.
Ќе надополнам ова за стари
Познавам стари луѓе кои не сосема сиромашни, но се осамени ( децата пораснале ги напуштиле, брачниот партнер починал и така натаму )
Такви осамени стари имаат проблем со исхраната - едноставно не им се готви или не се способни да отидат на пазар и набават храна.
Кај нас има многу невладини организации, но не сум сретнал некоја да се грижи за старите
А низ Светот има многу такви организации. Тие собираат доброволни прилози, со тие прилози купуваат и приготвуваат храна и ја носат во старечките семејства, а при тоа и на други начини и помагаат на старите
Еве ова го изнесов како идеја што може да се направи
 
Затоа што ги има премногу и не сите се така наивни и беспомошни како што изгледаат. Тргни ти по улица Македонија, застани на секој по 10 денари остави му во денот, минимум 100 денари ти заминале. И шо, другиот ден пак се тука. Можеш еднаш,два пати, ама на секое....па и јас би седела така секој ден, не сум ненормална да работам. Не викам дека има и такви кои стварно немаат, останале без ништо, ама ела најди кој е тој на кој стварно му треба и кој е тој кој си прави бизнис од тоа.
 
Пред некој месец имаше хуманитарна акција во Тинекс заборавив за што беше наменета како и да е. Истиот ден отидов во тинекс да пазарам и ме застанува една девојка и ми вика: "Ќе сакаш ли да купиш некои производи од Тинекс (поточно тестенини) и после да ги дадеш за доброволни цели поврзани со акцијата?"
И реков дека не можам, а не купив поради две причини првата е пошто имав земено точно пари за тоа што требаше да го купам (основни работи), а втората причина е пошто цела недела пред тоа збореа како Тинекс ќе организира хуманитарна акција, како ќе помага, ќе имало забава што ли не, а уствари тие гледале како да заработат повеќе профит и плус да си залепат етикета на хуманитарци користејќи ја хуманоста на луѓето пошто имаше бајаги луѓе што купуваа така. Уствари Тинекс од целата оваа хуманитарна акција заработи повеќе отколку што потроши, што требаше да потроши за да помогне пошто тој беше организаторот нели. А од сите тие производи што не успеале да ги зготват или подарат(мада ги готвеа само) 100 посто сум сигурна дека пак ги вратиле на продажба.
Додека постојат вакви луѓе (во оваа држава) што и да се прави џабе е. И да сакаш да помогнеш не можеш пошто тука се се злоупотребува.
 
а бе оние што си се наместија директори, претседатели, министри.... тие треба да се ангажираат околу оваа работа. ние обичен народ како да им помогнеме? кој со една плата живее, а треба да го прехрани цело семејство плус сметки еден тон или некои живеат од две плати ама помали и кога ќе видиш исто ти се фаќа (n) и ај ќе им дадеме некој денар за денеска да преживат, а за утре? нив им треба и засолниште и облека покрај храната. и треба барем 3 пати да внесат нешто во стомак во текот на денот, а не само еднаш дај му ѓеврек исушен. како не им е жал на овие што се на високи позиции ставени? имаат ли воопшто чувства луѓево?
стварно ме трогна видеово, ми се насолзија очиве...не требаше да го гледам. :(
 
Лудо може звучи ама пример сите во државава да плаќаме плус 5 денари на сметка за струја или вода и тие пари да одат во еден фонд за ‘‘специјални‘‘ случаеви и сл.

Можеме сами да се организираме и да ги собираме тие пари. Треба волја, упорност и доброволци. :)

а бе оние што си се наместија директори, претседатели, министри.... тие треба да се ангажираат околу оваа работа. ние обичен народ како да им помогнеме? кој со една плата живее, а треба да го прехрани цело семејство плус сметки еден тон или некои живеат од две плати ама помали и кога ќе видиш исто ти се фаќа (n) и ај ќе им дадеме некој денар за денеска да преживат, а за утре? нив им треба и засолниште и облека покрај храната. и треба барем 3 пати да внесат нешто во стомак во текот на денот, а не само еднаш дај му ѓеврек исушен. како не им е жал на овие што се на високи позиции ставени? имаат ли воопшто чувства луѓево?
стварно ме трогна видеово, ми се насолзија очиве...не требаше да го гледам. :(

Немаат. Не знам зошто те зачудува овој факт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom