Додека трае политичката поделба кај народот, ние никогаш нема да се обединиме и цврсто да стоиме за државните интереси!
Ајде добро знаеме, младите вжештени глави учествуваат секогаш на ваквите протести! Но што е со сите оние средновечни и стари луѓе од внатрешноста? Они немаат поим што се случува, а и да имаат од нешто појма, од некои свои причини или од мрза не излегуваат да го кажат својот став! Па дури и на избори не се замараат да сменат нешто, да го поништат своето изборно ливче итн....
Добро најголемата вина ќе му ја препишеме на медиумскиот мрак, како и секогаш! Но време е да таа игнорантска карта да ја тргнеме на страна, време е да се разбуди свеста кај луѓето, не само оние од Скопје,туку од цела Македонија!
Сеуште се чудам, зошто уште не се формира Националистичка Партија на Македонија!!!