Во ред е да ти е чудно. На секого нешто му е чудно, нејасно. Не може на секого се да му е јасно. Но не треба работите кои нам не ни се јасни, да бидат основа на нашите заклучоци.
Но еве, ќе те прашам и тебе како што сум прашал десетици атеисти претходно. Какви се твоите очекувања за тој јасен знак дека Бог недвосмислено постои? Јас можам да ти редам еден по еден од оние знаци кои мене ми се јасни и убедливи, да трошам време куцајќи по тастатурава, а ти во една реченица да ги одбиваш сите велејќи: тоа мене не ми е убедливо, тој знак не е доволно јасен и недвосмислен, јас сакам поинаков знак. Затоа однапред те прашувам, каков треба да биде тој знак? Што очекуваш Бог да направи за да тоа ти биде јасен знак дека тој недвосмислено псотои.
Јасен, недвосмислен и пред се јавен доказ.
НА пример на сите луѓе на светот да им се обрати одеднаш. Ни ги слуша мислите па не би требало да е проблем да се обрати.
Ангел да дојде и да се подвргне на лекарски преглед - подобар доказ здравје. Асексуално, надчовеко суштество со крилја.
За семоќен бог ова треба да е лесно.
Затоа што сум убеден дека ткн. Амон Ра не дал никаков доказ дека постои, ниту пак сум убеден дека оние што зборувале за тој Амон Ра останале само на зборови и не дале никаков доказ, ниту пак биле потврдени со некаква потврда од нивниот бог дека тие се веродостојни сведоци за неговото постоење.
Од друга страна убеден сум дека во Библијата има доволно докази дека таа не е плод на човечка имагинација, дека е пишувана од искрени сведоци на Божјите интервенции. И најмногу од се убеден сум во објавата на Исус Христос, во веродостојноста на Неговите чуда и во веродостојноста на Христовото воскресение - како историски настан и единствената разумна причина за почетокот на христијанското движење во 1от век.
Ете зошто не можеме да искочиме на крај на дебатата.
Секој доказ кој јас ке ти го наведам, ти магично ке го преименуваш во божје чудо и крај.
Евангелијата имаат различни податоци за различни настани, често се контрадикторни, стариот завет е хорор филм, бог е тешко садистичко копиле, библијата е склопена со одлука на комитет кој решавал што иде а што не во неа али ти секога со повикување на чудо ги прескокнуваш логичните докази.
Да си роден во Саудиска Арабија вероватно ке си бил муслиман. Да си роден во Индија ке си бил хинди и ке си ре молел на Кали, Ганеш, Кришна...................................
„Ваљда“ е клучниот збор овде. Има луѓе што имаат стари коли од пред 1994 година и ги регистрираат со подмитување. Од каде знаеш дека нема да налеташ на таков таксист. Јас во 2007 година имав сериозна операција и хирургот што ме оперираше беше штотуку разведен од жена му. Претходниве месеци бевме сведоци на серија самоубиства од кои неколку беа заради „љубовни проблеми“ (раскинувања, триаголници и сл.). Јас на некој начин покажав вера дека неговиот разум ќе остане стабилен.
Очигледно разумот на многу луѓе знае понекогаш, под некакви околности, многу брзо да се измести од нормала. И оние што се качија во авионите 9/11 веруваа дека безбедно ќе слетаат, веруваа дека ваљда во авионот нема така лесно обезбедувањето да пропушти терористи. Тие веруваа во исправноста на авионот, во разумноста на пилотот и во професионалноста на обезбедувањето. Сепак нешто не испадна како што треба и сите до еден загинаа.
Друже, има работи што никој не ги контролира и некогаш се дешаваат срања кои не можеме да ги спречиме.
Тоа е тоа и ако се грижиш за нив нема од дома да излезеш.
Е сега некој сака приказна да го утеши, дека господ се грижи за верните и дека ги чува иако кога земјотрес ке здроби стотици деца во школо тоа е „божја воља“ нели.
Точно така. Наспроти многуте предрасуди на атеистите и погрешни претстави за христијанскиот Бог, Тој никаде не вели да не ги почитуваме сообраќајните знаци или да не одиме на лекар кога сме болни и да изнудуваме чудо од Него. Во спротивно не би имало христијани доктори и такви кои студираат медицина. Исто така и во Новиот Завет апсотол Павле спомнува еден лекар по име Лука - од што јасно гледаме дека од самите почетоци на христијанството, христијаните разумно си верувале во Бог и си ја користеле медицината.
Или сконтале дека молитвите не помагаат па го земале како бекап.