Ако сеа отидам на некој неутрален подфорум за Астрономија и ги прашам форумџиите што пишуваат таму дали веруваат дека постојат вонземјани, се кладам дека никој нема да се фати ко слеп за стап за прашањето и да исправа криви дрини дека конструкцијата на прашањето е погрешна и дека тоа всушност треба да гласи: Дали не верувате дека постојат вонземјани? - затоа што никој не видел ниту допрел ниту помирисал ниту вкусил вонземјанин и дека се додека не се докаже нивното постоење, не може да се праша такво прашање
Не верувам дека вакви реторички каробации би правеле и тамошните атеисти по прашањето за вонземјаните.
Али кога станува збор за прашањето за Бог, друга е приказната. Пак ќе речам, не плашете се од зборот вера, или верник. Тие само по себе не се лоши. Тоа што вие сте запознале лошо верници и лоши верувања, не значи дека и самите зборови/глаголи се лоши.