Што бараат атеисти на форум за религија?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Вака. Нешто може да биде или живо или неживо. Бидејќи овие се исклучуваат, трета опција нема. Законот за биогенеза (од Луј Пастер) вели дека живот настанува само од живот. Абиогенезата вели дека живот може да настане и од неживата материја, како што наводно настанала првата жива клетка. Ако не е веруваш ни во едното, ни во другото, баш ме интересира како ти Атеист веруваш дека настанал животот?
Не верувам. не знам. Ко ќе знам ќе ти кажам. Можеби постои и нешто трето и ...идесетто.... Појма немам. Дотогаш не верувам ни во двете.

Мислев тоа што пишав. Не ми се отвара таа неколку пати извртена дискусија тука. Си има посебна тема за тоа.
Тоа што ти си го пишал нема врска со Атеизам и не е нужно, да секој атеист верува во тоа. Што ако некој не чул за Еволуцијата, а сепак не верува во Бог?

Мојата дефиниција е слична на оваа:
http://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)

Ако сметаш дека на овој линк не е добро опишано натуралистичкото гледиште, дај посочи некој друг линк. Баш ме интересира да видам како поинаку се дефинира натурализмот.
Поздрав.
Прочитај поубаво што сум пишал. не се фаќај за првата реченица. Ќе повторам нема ниту верник кој не го следи натурализмот, во помала или поголема мерка. Дали постои нешто надвор од материјата и енергијата, не знам. И не секој атеист тврди дека се е производ на енергијата и материјата.
 

Row-Corp

hasta la victoria siempre
Член од
1 јуни 2010
Мислења
51
Поени од реакции
25
За разлика од верниците кои имаат докази дека постојат нивните измислени пријатели?

Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.

Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.

И уште нешто, има голема разлика меѓу овие две реченици:

Атеистите не веруваат дека постои господ. - исправно
Атеистите веруваат дека не постои господ. - неисправно
А има докази дека Бог не пости?
Вера брат само веруваш дека не постои,не знаеш,веруваш
 
W

Werther

Гостин
А има докази дека Бог не пости?
Вера брат само веруваш дека не постои,не знаеш,веруваш
Синко бидејќи ти си тој што е со афирмативен став ти треба да дадеш доказ за Бог ? Имаш ?

Не е вера Атеизмот, став е. Не биди припрост, 100 пати е тоа повторено на форумов.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А има докази дека Бог не пости?
Вера брат само веруваш дека не постои,не знаеш,веруваш
Оф леле, ето ти опет исто блебетање.
Ти се одговоривме ама ти упорно водата на твоја воденица.
Нема доказ дека не постои.
Нема ни доказ дека постои.

Останува или да веруваш, како ти, или да не веруваш како јас. Поедноставно здравје.
Не постои изказ “верување дека не постои“.
 

Row-Corp

hasta la victoria siempre
Член од
1 јуни 2010
Мислења
51
Поени од реакции
25
Синко бидејќи ти си тој што е со афирмативен став ти треба да дадеш доказ за Бог ? Имаш ?

Не е вера Атеизмот, став е. Не биди припрост, 100 пати е тоа повторено на форумов.[/q
А ти немаш неутрален став туку негативен и за тоа ти треба доказ немој да се парвиш глупав ке ти стане навика
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 22:08 ---
Оф леле, ето ти опет исто блебетање.
Ти се одговоривме ама ти упорно водата на твоја воденица.
Нема доказ дека не постои.
Нема ни доказ дека постои.

Останува или да веруваш, како ти, или да не веруваш како јас. Поедноставно здравје.
Не постои изказ “верување дека не постои“.
Така ти одговара?
 

Row-Corp

hasta la victoria siempre
Член од
1 јуни 2010
Мислења
51
Поени од реакции
25
Синко бидејќи ти си тој што е со афирмативен став ти треба да дадеш доказ за Бог ? Имаш ?

Не е вера Атеизмот, став е. Не биди припрост, 100 пати е тоа повторено на форумов.
Точно е тоа јас имам афирмативен став но ти немаш неутрален туку негативен и ти треба доказ на што ќе го темелиш твојот став не се прави со сила глуп ке ти стане навика
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 22:39 ---
Не туку така е.
Тебе ти одговара да е како што ти велиш?[
Другар читајчите на форумов заклучив дека твојот став е овој:
-Нема Бог
-Зошто?
-За инат.
Така да биди то што сакаш и уживај супер си.
 
W

Werther

Гостин
Точно е тоа јас имам афирмативен став но ти немаш неутрален туку негативен и ти треба доказ на што ќе го темелиш твојот став не се прави со сила глуп ке ти стане навика
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 22:39 ---
Може да не коментираш во религија ?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Другар читајчите на форумов заклучив дека твојот став е овој:
-Нема Бог
-Зошто?
-За инат.
Така да биди то што сакаш и уживај супер си.
Уживам бе другарче, не ме секираат вакви што за инает зборуваат. Никаде такво нешто не сум рекол.
А ти погледни си која ти е деветтата заповед и почитувај си ја. На божемски верници ко тебе и им требаат закони, за да не ги почуваат.
Секое добро другарче.
 
D

Daedalus

Гостин
Точно е тоа јас имам афирмативен став но ти немаш неутрален туку негативен и ти треба доказ на што ќе го темелиш твојот став не се прави со сила глуп ке ти стане навика
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 22:39 ---
Ако ти веруваш дека постои Црвенкапа а јас не верувам, всушност јас верувам дека Црвенкапа не постои.

Ако ти веруваш дека Супермен е реален а јас не верувам дека Супермен е реален, всушност ја верувам дека Супермен не е реален.

Но тоа не ги прави легитимноста и тежината на моето според тебе кажано, верување(игра на зборови), еквивалентна на твоето верување во Црвенкапа или пак Супермен.

Патем, зошто атеизмот не е верување?
Затоа што недостаток на верба во нешто не е верување во непостоењето на нештото. Верувањето се базира на почетни тези кои се недокажани. Неверувањето во тие тези е резултат на неиздржаноста на тие тези. Тоа не значи дека легитимноста на неверувањето е иста со легитимноста на верувањето во нештото само затоа што постои илузијата дека неверувањето е спротивно на верувањето во нештото.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако сеа отидам на некој неутрален подфорум за Астрономија и ги прашам форумџиите што пишуваат таму дали веруваат дека постојат вонземјани, се кладам дека никој нема да се фати ко слеп за стап за прашањето и да исправа криви дрини дека конструкцијата на прашањето е погрешна и дека тоа всушност треба да гласи: Дали не верувате дека постојат вонземјани? - затоа што никој не видел ниту допрел ниту помирисал ниту вкусил вонземјанин и дека се додека не се докаже нивното постоење, не може да се праша такво прашање :D
Не верувам дека вакви реторички акробации би правеле и тамошните атеисти по прашањето за вонземјаните.
Али кога станува збор за прашањето за Бог, друга е приказната. Пак ќе речам, не плашете се од зборот вера, или верник. Тие сами по себе не се лоши. Тоа што вие сте запознале лоши верници и лоши верувања, не значи дека и самите зборови/глаголи се лоши.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Пак ќе речам, не плашете се од зборот вера, или верник. Тие само по себе не се лоши. Тоа што вие сте запознале лошо верници и лоши верувања, не значи дека и самите зборови/глаголи се лоши.
Ја знам неколку ловци на кеш и души финансирани од протестанти од странство, и едино можам да ти кажам, подалеку од нив!
 
D

Daedalus

Гостин
Ако сеа отидам на некој неутрален подфорум за Астрономија и ги прашам форумџиите што пишуваат таму дали веруваат дека постојат вонземјани, се кладам дека никој нема да се фати ко слеп за стап за прашањето и да исправа криви дрини дека конструкцијата на прашањето е погрешна и дека тоа всушност треба да гласи: Дали не верувате дека постојат вонземјани? - затоа што никој не видел ниту допрел ниту помирисал ниту вкусил вонземјанин и дека се додека не се докаже нивното постоење, не може да се праша такво прашање :D
Не верувам дека вакви реторички каробации би правеле и тамошните атеисти по прашањето за вонземјаните.
Али кога станува збор за прашањето за Бог, друга е приказната. Пак ќе речам, не плашете се од зборот вера, или верник. Тие само по себе не се лоши. Тоа што вие сте запознале лошо верници и лоши верувања, не значи дека и самите зборови/глаголи се лоши.
Абе верник е опис за човек кој верува во нешто. Се додека тоа нешто е имагинарно, делузиите на верникот се очигледни. Не сметам дека тоа е лошо се додека верникот не почне да сече глави оправдан од својот Шеријат или што и да е.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе и јас викам дека не постојат верници, туку 2 вида атеисти
Едни што не веруваат во илјадници богови, а други во еден помалце. Ама не сваштате. :D
Дај биди троа по креативен, немој со ваквија финти „...А ла DBack...„....:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom