Еве едно мое размислување и гледиште во врска со верувањето или неверувањето во Бог.Во многу наврати и јас се прашувам дали сум атеист или доволно голем верник. Од една страна премногу верувам во некои необјаснати и недокажани работи од религијата но од друга страна не баш на овој денес познат начин како религија. Не сум во никаква секта, сум ја читал библијата но обично барам логика скоро во се и имам високо почтување за науката и технологијата. Моето мислење е дека Бог постои и многу верувам во тоа. Но, бог не е само една личност, туку многу понапредни по високо интелегентни суштества кои од дамнешни времиња забележале дека на земјава има еволуитативно развиен жив свет но на такво ниво што биле само живи суштества со ограничена интелегенција колку за личен опстанок. Па што треба да направат за развој на тој жив свет? Адам и Ева вели станале свесни за нивното постоење. Е сега тој Адам можеби е машката популација и Ева ја претставува женската популација на која врста на така да речам дотогаш само врста животни имало најсоодветни предуслови како физички така и умствени со мала нивна "Божевна" генетска интервенција да ги направи способни САМОСТОЈНО да се развиваат и да се грижат за одгледувањето и развојот на останатиот свет. ( Се споменува во некои истражувања дека тоа било направено само за да можат да ги контролираат и да ги користат како робови за нивните потреби.) Откако луѓето станале интелегентни сепак биле многу прости без знаење.
Дадена му е способноста да учат и да се развиваат но како да му објаснат на прости луѓе во тогашно време еден куп работи кои се тешки за да ги разберат. Како на пример да му објасниш на еден прост и неписмен човек за крвоток, крвни садови артерии вени капилари крв,и делувањето на мастите во крвта? Едноставно ќе му кажеш... Пост! Бог вели дека во период од тогаш до тогаш нетреба да јадеш ништо од животинско потекло. А тоа со цел да се поисчисти организмот од маснотиите зашто во тие времиња храната најчесто била месо, млеко односно од животинско потекло. Тоа е само еден пример. Во Библијата на пример наидов на многу апсурдни приказни и многу контрадикторности, во еден дел вели вака за потоа во друг дел да кажува потполно спротивно на тоа првокажаното. Тоа е затоа што колку што знам Библијата е напишана околу 400 години после Христа, и напишана е од луѓе. Така да ја напишале према тогашните свои сфаќања и
верувања. Е сега ако ги поразмислите малку Десетте божји заповеди, тоа се ОСНОВНИТЕ ЗАКОНИ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЕДНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА! Но услов е да бидат почитувани од сите, без исклучоци! Кога еден директор, претседател или политичар, не би лажеле со цел да украдат, да присвојат, да владеат, не би ни имало војни, не би ни пропаѓале компании и ако нема прељуба... не би се растурале и бракови, не би имале несреќни деца, несреќни родители, Сакај го ближниот како себеси.. со ова би немало омраза по било кој основ меѓу луѓето или народите, ако не е алчноста за повеќе пари поудобен живот итн. Забележете дека во се, ама баш СЕ! што што се прави на земјава а во кое има некој навреден,несреќен или оштетен на некој начин, во најголемите причините за тоа ќе пронајдете дека барем причина се коси со некој од Десетте божји заповеди! Значи сметам дека ДЕСТЕТТЕ БОЖЈИ ЗАКОНИ се совршени и ако луѓето ги почитуваат во целост, апсолутно ќе нема потреба од земјениве закони освен оние кои го регулираат општеството заради негов напредок, но тоа не би биле закони туку само упатства и начини за просперитет и развој. За тоа дека секое тело има душа, имам верување дека е така донекаде и душата е вечна, само што таа душа не е нешто дотолку мистериозно како што е претставено. Душата претпоставувам може да е само еден вид на контролирана енергија. Како што еден радио сигнал може да биде носител на милиони подсигнали и податоци, како што материјата во точно определена молекула или сложена врска може да биде носител на меморија, податоци кои стојат во определена форма, за нас позната како електронска, така гледаме дека постои и друг вид на тие функции. Тоа е БИОЛОШКА форма.Нашите нервни завршетоци, нашите нерви, пренесуваат милиони податоци апсорбирани преку нервните завршетоци во очите, ушите, кожата итн, а пак мозокот ги обработува, ги складира и чува тие податоци. Е сега, кога постојат тие работи, која е причината да не постои истото и на едно друго ниво за нас не многу познато,
енергетско ниво. кое истото е составен дел на секое живо суштество на планетава и на секое растение а кое едноставно нема друга енергија тука која делува нанего за да го уништи и не се распаѓа, значи е трајно во определена смисла и кога телото ќе умре таа енергија го напушта телото и останува и понатаму да трае. дали некој ја контролира таа енергија т.е. душата или е слободна за тоа неможам да претпоставувам. Можно е Тие, истите суштества некогаш наречени Богови да се во истата форма на живот и хиерархиски да имаат контрола врз останатата енергија, бидеќи Бог ги создал суштествата т.е. луѓето според неговиот лик, па така би имало и некаква логика и смисла за постоењето на духовите, т.е. вид на контролирана енергија. Има доста работи но веќе доволно засега. Е сега дали сум атеист или верник, незнам ни јас. Зашто по мое убедување е апсурдно да не се прифаќаат нови работи и измени во некое учење или верување. За тоа време Исус бил нешто ново, со поинакви погледи, па ете, неприфаќањето од страна на луѓето на нови нешта и сами знаете во кој правец понатаму заминало. Ова е само едно мое гледиште и несакам да го наметнувам на никого а и не ни можам, па затоа ве молам немојте да ме
осудувате демек сакам да се наметнам со ова. ОК? Поздрав!