Забележете на страната на организаторот,
http://www.facebook.com/NieSmeMakedonci една исклучително битна работа:
*СКОРО НА СИТЕ ИМ СМЕТА ШТО ПРОТЕСТОТ НЕ БИЛ ПАРТИСКИ*. Се наметнува резонирањето - имаме двоен проблем во државава, најмалку 1/2 е од партиите и нивните членови.
Овие момци, организаторите, покажуваат доста храброст и им честитам. Ова е еден силен мотив *сега* да се даде подршка.
Ова е *ЛЕГАЛЕН*, *СТАНДАРДЕН* начин на искажување незадоволство и треба сите да ги користат своите права. Во спротивно, (не е задолжително) но е дволично да се жали секој за сѐ, а кога таа разочараност треба да се покаже на дело, баш тогаш се сите зафатени, итн.
Истите тие зафатени луѓе автоматски стануваат слободни и без обврски, ако им каже некоја партија.. забележете дека ниеден медиум не објави за ова, само затоа што момците решија многу експлицитно (до сега, најмногу?) да покажат дека има и обични, непартиски, луѓе со малку повеќе меморија, луѓе кои судат за тоа што се случило, без разлика дали било 1998, 2001, 2011, 2013. Ова е добар момент за тестирање на Македонците. Истовремено и порака до сите партии.