Како да направиш машина за чад по дома

Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Знаете, оние fancy го**а што ги има на журки што прават дим на сцената у 2 секунди и димот може да се дише? Значи не викам дека не е штетен, туку може да се дише, добро запамтете. Епа денеска ќе ви објаснам како сами да си направите таква дома во бучет од 150 денари.

Потребни материјали за fogger-от:
- Леткум, колку појак толку подобро, најмалце 25 вати!
- Празно шише, немора поголемо од пола литар. И онака со 5 милилитри од течноста јас цела соба ја здимив, прст пред око не се гледаше.
- Бакарна жица дебела пола милиметар. Да не е со повеќе тенки жили па да формира милиметар туку цела една жица дебела милиметар.
- Некоја греда не подолга од пола метар и една летвичка одприлика 3х3 сантима долга околу поламетар.
- Пластични стеги доволно долги да може да ја стегната гредата со нив.
- Кулер од компјутер и адаптер на 12 волти за него или некое вентилаторче.
- Две шајки, чекан, клешти и друг основен алат, да не ја тупам сеа.

Потребни материјали за течноста:
-Глицерин, најобичен чист медицински глицерин од аптека. Пазете да не ви дадат крема за раце на база на глицерин.
-Вода - Чешмовача, дестилирана или минерална исти к*р.

Изработка на течноста за fogger-от (тако знавни fog juice):
- Се меша глицеринот со вода во сооднос 1/3 глицерин со 2/3 вода. Значи 1:2. Ова е оптимално според мои долгогодишни тестирања од една недела.

Изработка на fogger-от:
- Прво бакарната жица осигурајте се дека не е лакирана, доколку е истругајте го или изгорете го лакот. Затоа јас би ви препорачал бакарната жица да ја купите од продавница и да е како за инсталација по куќа, да е со убава изолација која што лесно се соголува (пример). Таа ќе ја соголите. Потоа ја мотате на рамна подлога во форма на полжав и правите кругче големо околу 3-4 cm и потоа со продолжетокот од жицата што сте ја соголиле цврсто намотувете едно 5-6 круга околу врвот на леткумот. Сликава е направена само колку да видите како ќе изгледа, не е според димензиите од туторијалот пошто немам толку долга жица за толку големо кругче да направам:





- На шишето доле се прави дупка со шајка, а горе за воздух се прави дупка со игла од шприц) Ќе гледате на 2-2,5 секунди да паѓа по една капка. Ќе си експериментирате малце за ова дур да ги погодите дупките колкави треба да се и слично.

- Шишето наполнето со течноста го врзувате со изолирбан за летвичката која ќе ја заковате од страна на гредата. Кулерот и леткумот ги ставате на гредата така што кулерот да дува во врвот на леткумот, а врвот на леткумот да е под дупчето од каде што капе шишето. Ги зацврстувате со стегите така што тоа кругчето од бакарна жица да гледа нагоре, како на втората слика погоре за шишето да капе точно на кругчето од бакарна жица. Го пуштате леткумот да се загрее, кулерот да дува и шишето да капе. Одкако ќе постигне температура леткумот ви гарантирам дека прст пред око нема да гледате од дим! :D

Ќе гледам да го скоцкам целово ова за да ви направам слики и видео со пример, само да купам мемориска картица за камерава...

==========================
Автор: Crypter
Извор

Измени:
- Цензура, пошто тука сите се срамуете кога ќе се спомнат гениталии
- 2 печатни грешки
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Ќе гледам да го скоцкам целово ова за да ви направам слики и видео со пример, само да купам мемориска картица за камерава...
Те бива за мајсторство, напрај си мемориска, имаш и шперплоча и шише и леткум и жица....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
А да пробаш со топче за пинг понг го дупнуваш полниш со фолија и фитилче, потпалуваш и кога ќе изгори топчето и фолијата не чад ќе мислат солзавец е :icon_lol:.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
bucio
Зависи кои топчиња користиш, новиве се најчесто од полистирен, а тој испушта прилично отровни материи во чадот. Ако исполниш соба со таков чад, нема да биде баш пријатно. Постарите професионални топчиња беа од нитроцелулоза ама таа тешко се наоѓа денес. Башка да имавме пристап до такви топчиња, ќе ги користевме за нешто многу подобро :sneaky:

Ова со глицеринот е релативно безопасно освен за оние со астма и други респираторни проблеми. Туторијалов чинам беше напишан само како proof of concept, може да го измениш за да си направиш fogger кој сосема лесно може на журки да се користи. Во суштина ти треба глицерин, дестилирана вода и извор на топлина.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Еј ова стварно е добра идеја,направи десетина,
а јас сум мајстор за отварање и кршење брави и сефови,
твоја задача е да ја задимиш само околината и влезовите на НБМ - покрај кеј,другото е моја работа.Потоа аеропланчето до Елада па отаму за Аргентина или Бразил и за к... ќе ни се ......
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Па сакав да оставам на вашата креативност, ама ете колку за пример, може да си купите електричен бокал на старо и да го наполните со смесава..
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Леле дај повеќе слики и видео ...вака слабо контам хаха :D :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom