Што бараат атеисти на форум за религија?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
M

Muranyi

Гостин
Зошто атеистите од македонија,поготово овде на форум ги сфаќате сериозно :)
и тие не знаат кај тераат :D
Разлика во перцепција и поимање на работите.Кога веќе тргнавме со омаловажувања,мислиш дека тебе некој сериозно те сфаќа кога тврдиш,на пример,дека сите живи суштества на планетава Земја,биле собрани во едно бротче?:P
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Кога ќе прочитам ваков некој пост , незнам дали да плачам или да се смеам на толку глупости во едно место.
Примерите ти се за во канта, благе везе намаат со темава.

Еве јас ќе ти дадам еден пример за да сватиш....
Што бараат атеистиве на религија?
Да ни укажат на грешките на верниците а?...демек вие како атеисти ја проучивте религијата, се знаете околу Бог , научно и историски ни докажувате дека ние сме слепци.
Е затоа јас ви велам дека сте заспани тоа атеистиве.
Тоа е исто како некој, кој не го интересираат мотори ,оди во куката каде се произведуваат за да им покаже каков требе да биде моторот.Човекот поима си нема како изгледа еден мотор, ама тој има да си ја каже неговата.
Што мислиш?Како ќе изгледа тој кај тие што ги измислиле?
А кој е вистинскот “моторџија“ во форум религија?
Христијанин ? (католик, протестант, адвентист, лутеран, несторијан....)
Муслиман?
Будист?
Хиндус?
Агностик?
Политеист?
Анимист?

каков треба да е моторот?? може и со свои зборови да опишеш (брммм брм брммм брммм)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Разлика во перцепција и поимање на работите.Кога веќе тргнавме со омаловажувања,мислиш дека тебе некој сериозно те сфаќа кога тврдиш,на пример,дека сите живи суштества на планетава Земја,биле собрани во едно бротче?:P
Ne site, eden kup se poudajle. Po dve od site, kako reprezentativnio primeroci. Musko i zencko. Ti tekinja. I ne e brotce, ami golem korab ;)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
А кој е вистинскот “моторџија“ во форум религија?

каков треба да е моторот?? може и со свои зборови да опишеш (брммм брм брммм брммм)
Motordjii ste ateistite...znaete samo da brmcite.....brrrrm
 

Row-Corp

hasta la victoria siempre
Член од
1 јуни 2010
Мислења
51
Поени од реакции
25
На атеистите на форумов им е местото и не знам зошто некој сака да ги избрка,тие се нај големи верници иако немаат никаква подкрепа на нивната вера сепак ВРУВААТ дека не постои Бог
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
На атеистите на форумов им е местото и не знам зошто некој сака да ги избрка,тие се нај големи верници иако немаат никаква подкрепа на нивната вера сепак ВРУВААТ дека не постои Бог
За разлика од верниците кои имаат докази дека постојат нивните измислени пријатели?

Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.

Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.

И уште нешто, има голема разлика меѓу овие две реченици:

Атеистите не веруваат дека постои господ. - исправно
Атеистите веруваат дека не постои господ. - неисправно
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
За разлика од верниците кои имаат докази дека постојат нивните измислени пријатели?

Ние НЕ ВЕРУВАМЕ дека постои бог.
Зошто?
Затоа што нема докази дека постои.

Атеизмот е вера колку што апстиненција е секс поза.
Шо знаеш бе ти. Не си Up to Date. Се сменија времињата. :D
Атеистите се најголеми верници. Веруваат дека не постои бог. Но затоа....
Таканаречените верници се уствари најголеми неверници. Не веруваат дека бог не постои.

Затоа неверниците надвор од теми за религија. Што кој цацко бараат на теми за религија.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
Еве едно мое размислување и гледиште во врска со верувањето или неверувањето во Бог.Во многу наврати и јас се прашувам дали сум атеист или доволно голем верник. Од една страна премногу верувам во некои необјаснати и недокажани работи од религијата но од друга страна не баш на овој денес познат начин како религија. Не сум во никаква секта, сум ја читал библијата но обично барам логика скоро во се и имам високо почтување за науката и технологијата. Моето мислење е дека Бог постои и многу верувам во тоа. Но, бог не е само една личност, туку многу понапредни по високо интелегентни суштества кои од дамнешни времиња забележале дека на земјава има еволуитативно развиен жив свет но на такво ниво што биле само живи суштества со ограничена интелегенција колку за личен опстанок. Па што треба да направат за развој на тој жив свет? Адам и Ева вели станале свесни за нивното постоење. Е сега тој Адам можеби е машката популација и Ева ја претставува женската популација на која врста на така да речам дотогаш само врста животни имало најсоодветни предуслови како физички така и умствени со мала нивна "Божевна" генетска интервенција да ги направи способни САМОСТОЈНО да се развиваат и да се грижат за одгледувањето и развојот на останатиот свет. ( Се споменува во некои истражувања дека тоа било направено само за да можат да ги контролираат и да ги користат како робови за нивните потреби.) Откако луѓето станале интелегентни сепак биле многу прости без знаење.
Дадена му е способноста да учат и да се развиваат но како да му објаснат на прости луѓе во тогашно време еден куп работи кои се тешки за да ги разберат. Како на пример да му објасниш на еден прост и неписмен човек за крвоток, крвни садови артерии вени капилари крв,и делувањето на мастите во крвта? Едноставно ќе му кажеш... Пост! Бог вели дека во период од тогаш до тогаш нетреба да јадеш ништо од животинско потекло. А тоа со цел да се поисчисти организмот од маснотиите зашто во тие времиња храната најчесто била месо, млеко односно од животинско потекло. Тоа е само еден пример. Во Библијата на пример наидов на многу апсурдни приказни и многу контрадикторности, во еден дел вели вака за потоа во друг дел да кажува потполно спротивно на тоа првокажаното. Тоа е затоа што колку што знам Библијата е напишана околу 400 години после Христа, и напишана е од луѓе. Така да ја напишале према тогашните свои сфаќања и
верувања. Е сега ако ги поразмислите малку Десетте божји заповеди, тоа се ОСНОВНИТЕ ЗАКОНИ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЕДНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА! Но услов е да бидат почитувани од сите, без исклучоци! Кога еден директор, претседател или политичар, не би лажеле со цел да украдат, да присвојат, да владеат, не би ни имало војни, не би ни пропаѓале компании и ако нема прељуба... не би се растурале и бракови, не би имале несреќни деца, несреќни родители, Сакај го ближниот како себеси.. со ова би немало омраза по било кој основ меѓу луѓето или народите, ако не е алчноста за повеќе пари поудобен живот итн. Забележете дека во се, ама баш СЕ! што што се прави на земјава а во кое има некој навреден,несреќен или оштетен на некој начин, во најголемите причините за тоа ќе пронајдете дека барем причина се коси со некој од Десетте божји заповеди! Значи сметам дека ДЕСТЕТТЕ БОЖЈИ ЗАКОНИ се совршени и ако луѓето ги почитуваат во целост, апсолутно ќе нема потреба од земјениве закони освен оние кои го регулираат општеството заради негов напредок, но тоа не би биле закони туку само упатства и начини за просперитет и развој. За тоа дека секое тело има душа, имам верување дека е така донекаде и душата е вечна, само што таа душа не е нешто дотолку мистериозно како што е претставено. Душата претпоставувам може да е само еден вид на контролирана енергија. Како што еден радио сигнал може да биде носител на милиони подсигнали и податоци, како што материјата во точно определена молекула или сложена врска може да биде носител на меморија, податоци кои стојат во определена форма, за нас позната како електронска, така гледаме дека постои и друг вид на тие функции. Тоа е БИОЛОШКА форма.Нашите нервни завршетоци, нашите нерви, пренесуваат милиони податоци апсорбирани преку нервните завршетоци во очите, ушите, кожата итн, а пак мозокот ги обработува, ги складира и чува тие податоци. Е сега, кога постојат тие работи, која е причината да не постои истото и на едно друго ниво за нас не многу познато,
енергетско ниво. кое истото е составен дел на секое живо суштество на планетава и на секое растение а кое едноставно нема друга енергија тука која делува нанего за да го уништи и не се распаѓа, значи е трајно во определена смисла и кога телото ќе умре таа енергија го напушта телото и останува и понатаму да трае. дали некој ја контролира таа енергија т.е. душата или е слободна за тоа неможам да претпоставувам. Можно е Тие, истите суштества некогаш наречени Богови да се во истата форма на живот и хиерархиски да имаат контрола врз останатата енергија, бидеќи Бог ги создал суштествата т.е. луѓето според неговиот лик, па така би имало и некаква логика и смисла за постоењето на духовите, т.е. вид на контролирана енергија. Има доста работи но веќе доволно засега. Е сега дали сум атеист или верник, незнам ни јас. Зашто по мое убедување е апсурдно да не се прифаќаат нови работи и измени во некое учење или верување. За тоа време Исус бил нешто ново, со поинакви погледи, па ете, неприфаќањето од страна на луѓето на нови нешта и сами знаете во кој правец понатаму заминало. Ова е само едно мое гледиште и несакам да го наметнувам на никого а и не ни можам, па затоа ве молам немојте да ме
осудувате демек сакам да се наметнам со ова. ОК? Поздрав!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На атеистите на форумов им е местото и не знам зошто некој сака да ги избрка,тие се нај големи верници иако немаат никаква подкрепа на нивната вера сепак ВРУВААТ дека не постои Бог
Да, и ја‘ им вела‘ дека немет поголеми верници од атеистите, ама они не ми веруваат....:icon_lol:
 
Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
Шо знаеш бе ти. Не си Up to Date. Се сменија времињата. :D
Атеистите се најголеми верници. Веруваат дека не постои бог. Но затоа....
Таканаречените верници се уствари најголеми неверници. Не веруваат дека бог не постои.

Затоа неверниците надвор од теми за религија. Што кој цацко бараат на теми за религија.
Не ја тупи жити се во стил на Оне и Т-мобиле, со ситни букви и звездички велиме едно а уствари значи друго во дополнување. колку попросто објаснување толку полесно за сфаќање. А тоа што бараат неверници на темава да не те боли зашто за да имаш целосна слика за правилно да рассудуваш треба да ги сослушаш двете страни а и сите други кои имаат што да кажат. Затоа биди конструктивен и догради нешто наместо да им кажуваш што нечини. И како атеист, никогаш нема да речам дека не постои Бог!, можам да речам едноставно дека само - Незнам!. кога ќе имам докази и факти ќе ти кажам.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не ја тупи жити се во стил на Оне и Т-мобиле, со ситни букви и звездички велиме едно а уствари значи друго во дополнување. колку попросто објаснување толку полесно за сфаќање. А тоа што бараат неверници на темава да не те боли зашто за да имаш целосна слика за правилно да рассудуваш треба да ги сослушаш двете страни а и сите други кои имаат што да кажат. Затоа биди конструктивен и догради нешто наместо да им кажуваш што нечини. И како атеист, никогаш нема да речам дека не постои Бог!, можам да речам едноставно дека само - Незнам!. кога ќе имам докази и факти ќе ти кажам.
Момак, ај види што е болдирано. Истото се однесува и на тебе. Каде јас спомнав дали бог постои или не постои. Ако си прочитал барем 10 мои постови, ќе го знаеше мојот став. А ако не препознаваш што е што во постот, и на што реплицирав, тогаш подобро молчи си.

Да, и ја‘ им вела‘ дека немет поголеми верници од атеистите, ама они не ми веруваат....:icon_lol:
Абе и јас викам дека не постојат верници, туку 2 вида атеисти
Едни што не веруваат во илјадници богови, а други во еден помалце. Ама не сваштате. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom