Утврдени тешки метали во пченица увезена од Србија

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
-Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, при контрола на храната од увоз на граничните премини, утврди зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната-стои објавено на интернет страницата на Агенцијата
27022013173307_%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%20%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE.jpg
Се работи за пет пратки со пченица со вкупна тежина од 330.220 килограми, по потекло од Република Србија, набавени од два различни добавувачи.
Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар, и за истите е издадено соодветно Решение за забрана за пуштање во промет. Бидејќи од страна на увозниците е побарано дополнително лабораториско испитување (суперанализа), согласно утврдената процедура испратени се мострите од сите пет пратки.
По добивање на резултатите од дополнителното лабораториско испитување, Агенцијата ќе постапи во согласност со законските прописи.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=14501

По кој знае кој пат , ни стига отровно жито од Србија.. Нели нашето е срање , па го купуваме ова ... Увезуваме отроцни жита и млека , а ги фрламе нашите .. Двојна загуба , ем пари за увоз губиме , ем здравје губиме .. да не зборам за последиците кои идат од труење на организамот.
 
Одамна си мислев зошто толку увозните производи им се поприфатливи од нашите, да не се случајно позлатени....сега знам :)
 
Ако, лапајте вие странски производи, па после Цацко ни е крив, се додека сметаме дека нашето е срање, испаѓа дека нашето е најбезбедно. Нормално убавото ни го зимаат, а ни го даваат чкартот...ама тоа е. Ке кажев нешто ама ќе ме обоевте, оти така одат работите тука.
 
Добро бе едно нешто не ми е јасно. Дали ние самите не произведуваме доволно за потребите на цело население па мора да увезуваме од Србија бомбардирана пченица или што е проблемот? Абе цело домашно производство ни скапува поради вакви увозни срања. Србите откако ја презедоа Битолска млекара најголемиот дел од млекото го увезуваат од Србија додека пак нашето или не го зимаат или го зимаат по бизарни цени кои воопшто не се исплатливи за Македонските производители на млеко. Не ми е јасно зошто се дозволува домашните производи вака жалосно да бидат потиснати наспроти неквалитетната и увезена стока од Србија и Бугарија.
 
Лани во пченицата,оваа година во млекото а до летоска и во месото.
Па кркајте народе увозно,домашно немаме.
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 20:52 ---
Добро бе едно нешто не ми е јасно. Дали ние самите не произведуваме доволно за потребите на цело население па мора да увезуваме од Србија бомбардирана пченица или што е проблемот? Абе цело домашно производство ни скапува поради вакви увозни срања. Србите откако ја презедоа Битолска млекара најголемиот дел од млекото го увезуваат од Србија додека пак нашето или не го зимаат или го зимаат по бизарни цени кои воопшто не се исплатливи за Македонските производители на млеко. Не ми е јасно зошто се дозволува домашните производи вака жалосно да бидат потиснати наспроти неквалитетната и увезена стока од Србија и Бугарија.
Полесно и поефтино е да увезеш отколку да откупиш поскапо од Македонските земјоделци.
 
Piece of cake. Сте се исплашиле од малку метал. Нас од Велес со години не’ трујат, па немаме многу здравствени проблеми. :icon_lol:

Да бе немаме, уште малку циганите ќе не продадат како старо железо...:icon_lol:
 
Како што кажаа и други претходно, не знам што е проблемот да се нахрани држава од два милиони луѓе... Морало да се увезува пченица од Србија, или пак не знам што друго ни фали, следно ориз од Туркменистан.
 
Какви сте, америве плаќаат за додатоци во исхраната со микроелементи а вие се жалите, ќути и гмечи, арсен, олово, кадмиум. :icon_lol:

Иначе да не бидам скроз офтопик, за тешките метали не е утврдено како се исфрлаат од организмот, но докажано е дека кадмиумот го заменува цинкот во ензимите, манганот предизвикува сериозни неуролошки проблеми, арсенот и хромот канцер...
 
Ме пукна филмот од вакви работи од расипани политичари што набавуваат евтини увезени работи кои се штетни ,а македонски земјоделци страдаат значи ќе мора нешто да се преземе ако треба и масовни протести или пак поедноставно да се направи петиција од сите граѓани ,,ЗА ,, да се купи македонски земјоделски производи ,а не увезени :mad:
 
Piece of cake. Сте се исплашиле од малку метал. Нас од Велес со години не’ трујат, па немаме многу здравствени проблеми. :icon_lol:
Да бе немаме, уште малку циганите ќе не продадат како старо железо...:icon_lol:
Кја вас машките имаат Balls of steel,буквално :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom