Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ак имаш нешто да ми реплицираш, реплицири ми со длг пост а не со 2-3 збора и со баби и жаби.
За Џерард имам пишано у претходната тема на ПЛ, негде декември 2011. Најди и чити. Не планирам истото да ти го пишам.

А што можам да ти реплицирам на таквите твои ''факти'', освен да се изнасмеам слатко? Не ми кажувај што си пишувал пред 2 години, кога сега пробуваш да дискутираш , кажи се што имаш. Вака, со твоите ''факти'', испаѓаш смешен.

Гигс е најдобриот играч во историјата на ПЛ. Е сега, извини, ниту јас не планирам да ти објаснувам зошто.
 
Бидејќи ти ги пратиш резервиве, имам нешто заприметено и сум изненаден. Зошто Блекет нон стоп е на клупа. Го гледав на подготовките летото, штом Ферги го зема со сениорите би требало да е стартер за резервите и сигурно не е толку лош да не може да се избори првотимски статус во резервите.
Блекет почна да се развива како што треба ете и на турата играше супер али после тоа имаше некои ситни повреди што откако ќе одигра 2 - 3 меча го стопираа да сврзе повеќе во низа. Уште е тука и има само 18 години времето е пред него. Ќе видиме како ќе се развива и ништо чудно следна сезона да отиде на позајмица. А битно е и да се напомене дека Битнер е тука на неколку мечеви играше и тој му го земаше местото.

Не сакам да реплицирам на фанот на Ливерпул зашто може ќе ме одведе во непотребна дискусија и нерационално споредување на играчи па затоа ќе пишам тука. Next Gen натпреварувањето или исто познато како Лига на Шампиони до 19 години одби да го игра нашиот клуб и даде многу добри причини. Во ова натпреварување играчите мора да се до 19 години сите играчи а не и постари додека во премиер лигата која до минатата година беше за резерви и играа и доста играчи над 19 години. Подобро е да играш против 5 - 6 играчи кои се веќе развиени играчи па макар и од Виган него да играш против 11 луѓе кои се на иста возраст со тебе. Ако е за до 19 години има супер лига во Англија за до 18 години. Според мене оправдано е ова и во право од било кој спортски аспект, дефинитивно е подобро да се натпреваруваш со постари и поискусни него со врсници кои можеби никогаш нема да се развијат. Од годинава за У21 Премиер Лига мечевите секој клуб може да има 3 играчи над 21 година во тимот така да не е многу сменето. Никој не рече дека можеби Јунајтед еден ден нема да почне да учествува во натпреварувањето но засега нема желба за такво нешто.

Во врска со вчерашниот меч за У21, многу ми е драго што на ваков начин победивме. Победа во судиско продолжение против Ливерпул во било која категорија е убаво. :) Јас го гледав цело прво полувреме и можам да кажам дека на средина од терен ги надигравме и целосно со шансите. Можат што сакаат да кажат но имаа првотимци во У21 како Виздом, Шелви, Сусо и Стерлинг додека ние во средината игравме соЈанужај кој е промовиран пред 1 месец во У21 од У18 и има само 18 години. А за нив играше Шелви и Тешеира. Криво ми е Шлап што не даде гол бидејќи имаше 3 одлични шанси а можете да видите и за голот како ја спушта топката па после од одбранетата Форнасиер дава гол. Мислев дека немаат право на настап играчите што се на проба на вакви официјални мечеви, али ајде нека одлучат више месец дена е веќе тука, а и си користат нашиве со оглед на тоа дека Македа и Кофи се на позајмици а Вил Кин е уште повреден и немаме шпиц. И она говедено Шелви нога ќе му скршеше на Битнер вчера среќа овој е издржлив на дуели.

Еве една слика од Шлап. Има ектренмо добар начин на заградување а и по сликава може да видите какво животно е.

BD-W2mLCIAA0l8M.jpg


Еве ви и ХД малце.

856504_557212310965268_955966350_o.jpg


24310_557213090965190_208643255_n.jpg


И малце Рио за крај. :D

577243_495201217205468_1941986840_n.jpg


И братот во врска со неговата реализација сезонава.

"I've been played out wide a lot of times," Welbeck added on MUTV.

"I'd like to get more goals but it's more difficult to score when playing out wide. You need to be more creative as well but scoring is part of my game I'd like to resurrect.

"If I can add goals from playing on the wing then it's going to be beneficial to the whole team."
 
Oд клубот не биле задоволни од DHL кои каснеле со исплата на средствата од спонзорство(training-kit) кое е потпишано на 8години и вреди 10м долари годишно. Како можен наследник е Qatar Airways кои понудиле 100м долари но не е откриена должината на договорот. QA ќе се и главни спонзори на светското првенство во 2022г во Катар и на дополнителен начин сакаат да го кренат нивото на фудбалска заинтересираност во земјата.

Уживанција, poetry in motion:love:
 
BD34FUGCcAAKQLK.jpg:large


Колку е само Англија мајка за овие шпанскиве дечиња, гарантирам дека за некоја година ќе стане број 1 и во репрезентација и ќе остане таму дооолго време.
 
Море ако го сака сериозно Барса или Реал прв ќе ги пакува куферите не се залажувајте.
 
Море ако го сака сериозно Барса или Реал прв ќе ги пакува куферите не се залажувајте.
Ти е гајле, ќе брани твојот тогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom