Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Е добро сега незначи дека ќе го прифатам тоа дека Бог е секаде околу нас, пред се тоа не е мое верување т.е. не учи така Исламот. Сепак да не одам оф топик јас ќе поставам неколку прашања до сите кој што сакаат да ми одговараат без да бидам нападнат, добронамерно ќе ги поставам според пишаното погоре и така сакам да добијам одговор. Благодарам на сите кој што така ќе пристапат кон мене?

Дали според тоа што го кажал Исус дека “Бог е секаде околу нас“, дали со тоа се докажува дека Исус не е Бог?

Доколку Исус не е Бог според сето кажано, зошто тогаш се користи зборот ’’Господ-Бог Исус Христос’’?

Доколку Исус не е Бог тогаш кој е Бог?

Доколку Исус не е Бог, дали тоа ќе биде дека Светото тројство не е едно Исто?

П.С/Не постирам прашања да навредувам, туку постирам прашања според тоа што го цитирав коментарот од тапа фраер, јас се трудам да не навредувам на никој ниту во делот за Ислам, па така сакам да не бидам навреден. Тој кој мисли дека со овие прашања сакам да провоцирам го молам однапред нека не одговара на прашањата.
ке ти одговорам на сите прашања ама одкако ти ке ми дадеш искрен одговор кој е многу пати кажан
дали знаеш-свакаш што е светиот дух?
 
ке ти одговорам на сите прашања ама одкако ти ке ми дадеш искрен одговор кој е многу пати кажан
дали знаеш-свакаш што е светиот дух?
Ke ti odgovoram Ako Bog Saka utre preku mob sum me mrazi da pisham vaka. Samo kazimi preku koja gledna tocka da ti odgovoram za svetiot duh preku Hrstijansko gledishte ili so Islamsko gledishte. i plus nesakam da mislish deka provociram.
 
siguren si deka taka kazal , moze li bibliski citat kade jasno i glasno veli,jas sum bog mene obozuvajteme.

el_kewser,

Светото Писмо е напишано така како што го напишале неговите автори, а не така како што Ти би сакал да е запишано: со изразување лични желби.

Ај биди троа посериозен и не практикувај протестантски финти, у стилу „...дај ми библиски цитат за ова и за она...„. Писмото содржи нешта кои се наменети за разбирање од страна на човекот, а не готови рецепти за влез во Рајот, така да кој сака да го прими Писмото и неговите пораки, тоа ќе го стори на разумен начин, така што самиот ќе увиди дека запишаните нешта не се човечки мудрости од овој Свет, туку дека се пораки кои ги надминуваат овосветовните мудрувања и дека се работи за пораки кои доаѓаат од другиот Свет.

Да поедноставам: нема потреба Христос сам за Себе да тврди дека Е Бог, оти Христос има повеќеслојно покритие за својата Божественост и тоа:
- пророштвата од Стариот Завет,
- Неговите поуки и дела,
- сведоштвото и од Отецот и од Духот,
- признавањето на Неговата Божественост од страна на Апостолите и конечно,
- постоењето на Црквата, за која Христос Е Бог Спасител.
 
Постојат неколку Закони:
1. Природниот./моралниот Закон, кој не е запишан во книга,
2. Законот Мојсеев, со неговите 600 и кусур одредби и
3. Законот на 10-те Божји Заповеди.

Првиот Закон природно постои, преку совеста, вториот/Мојсеевиот заврши со евангелието Христово, а третиот е се‘уште важечки, со таа разлика што Христос ги издигна Заповедите на духовно ниво‘, не само на телесно, како што Законот важеше во Стариот Завет.

Благодарам на објаснувањето и трудот. Секако и трпеливоста.

Последно прашање, ако може:

Пошто да бидеме искрени, горенаведените 3 примери кои јас и ти ги цитиравме се кондрадикторни еден со друг.
Луѓето се несовршени, некои од нас се и мутавки па ако не е јасно напишана одредбата може секоја будала да ги толкува текстовите кој како сака.

Дали ова што го пишуваш е твое лично сваќање, објаснување од страна на повисок црковен авторитет или баш така (јасно и недвосмислено) пишува некаде во библијата?

Благодарам однапред.
 
Дали ова што го пишуваш е твое лично сваќање, објаснување од страна на повисок црковен авторитет или баш така (јасно и недвосмислено) пишува некаде во библијата?
.

Моралниот закон го потврдува Св. Ап. Павле.
Мојсеевиот Закон е даден во Стариот Завет.
Законот на 10-те Божји Заповеди го имаш и во Стариот и во Новиот Завет, но издигнат и на духовно ниво‘, од Христа Бога.

И да, ова кое го пишувам не е мое мнение, туку дел од учењето од Црквата.
Моите грешки си остануваат мои грешки...
 
Благодарам уште еднаш.
Значи сепак е оставено на толкување. Те молам немој да мислиш дека те зезам, него како што напишав има двосмислени работи и без толкување на повисок авторитет може да настане забуна.
 
Дали верниците местат аларм сабајле да ги разбуди за на работа или оставаат Бог да одлучи дали ќе станат на време или не?
 
O.K....
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 12:16 ---
Дали верниците местат аларм сабајле да ги разбуди за на работа или оставаат Бог да одлучи дали ќе станат на време или не?

Ја‘ местам аларм за будејне на сабајле, ама буден сум пред алармот да се вклучит...
Се прашувам: зашто?...:unsure:
 
Немаш верба во бог зато местиш аларм.

Да, ама ја‘ се будам пред алармо‘ да се укључи, а не знам зашто: тоа ми е недоумицата...:unsure:
 
Да, ама ја‘ се будам пред алармо‘ да се укључи, а не знам зашто: тоа ми е недоумицата...:unsure:
Но сепак местиш аларм. Вистински верник кој знае и верува дека животот и судбината му е во раце на Бог, не мести аларм, не пази дали е црвено или зелено на семафор, поправа електрични апарати и гиба во струја без да провери дали е исклучена, не оди на лекар и не се капи.
 
А од кај знајш дека токму наведените нешта се дел од личносниот профил од верникот, кога не си верник?...
 
А од кај знајш дека токму наведените нешта се дел од личносниот профил од верникот, кога не си верник?...
Јас сум атеист и местам аларм оти нема на кој друг да се потпрам за станување, пазам на семафори струја, одам на доктор и се капам оти знам дека ни едно надприродно битие не гледа на мене и пази дали нешто ќе ми се случи.
Ако тоа го прави атеист - тогаш верникот треба да прави спротивното.
 
А ја‘ сум теист, местам аларм (и станувам пред да се укључит...), преоѓам „на црвено„ (ни воз не ме газит...), не идам на доктор (здрав сум си...), не се капам (чист сум си...), и верувам дека постои надприродно битие: Бог Творецот....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom