На другар ми му се допаѓа девојката на којашто ѝ се допаѓам... што сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата -Rubik-
  • Време на започнување Време на започнување
Peja989

А што ако од "тој" другар ти немаш место да начекаш, затоа што тој е шема во друштвото и секоја втора женска му се допаѓа, а ти малце поповлечен и никако да дојдиш на ред да си искажиш свои чувства?
Дали треба да се воздржуваш да ги искажеш своите чувства и во името на пријателството со другар ти да се бориш да го задржиш?

Ти објаснил Владе, јас само ќе додадам. Не е поентата дали ќе се смуваш, дали ќе дозволи или не.

Твое е да му кажеш, пред да направиш нешто. Се работи за принцип, за братство, за другарство. Тоа е тој ебениот бро коуд.

Кажи му „Другар, брат. Многу ми се допаѓа Ана (ќе го земам како доста често име). Знам дека и тебе ти се допаѓа ама веќе година дена (конкретниов случај) ништо немате направено. Дали ќе ти смета ако јас пробам со неа нешто, затоа што гледам дека ми праќа некои сигнали.“

Јас пенисов ќе си го исечам ако прав другар/побратим после ваков муабет ти каже. „Не може“.

И да ти каже, твое е да го почитуваш, мада, чисто се сомневам.
 
Шо има веза чиа ќе биде женската дали твоја или на другар ти. битно е да е во друштвото. Искрено кај мене во друштво е во мода кој на кој ке украде повеќе женски и секогаш има зафраканции на таа сметка и ногу одлично функционираме. Се дешава и јас да сум жртвата ама и јас добро наплакам :D
 
Абе, затоа уште во првиот пост мислам дека реков. Секој со своите однесувања.

Јас би се навредил, знам дека, всушност, сигурен сум дека и моите другари би се навредиле доколку јас би им направил такво нешто.
 
Е не знам тогаш сигурно кај вас е друга атмосвера други правила.
 
Ти објаснил Владе, јас само ќе додадам. Не е поентата дали ќе се смуваш, дали ќе дозволи или не.

Твое е да му кажеш, пред да направиш нешто. Се работи за принцип, за братство, за другарство. Тоа е тој ебениот бро коуд.

Кажи му „Другар, брат. Многу ми се допаѓа Ана (ќе го земам како доста често име). Знам дека и тебе ти се допаѓа ама веќе година дена (конкретниов случај) ништо немате направено. Дали ќе ти смета ако јас пробам со неа нешто, затоа што гледам дека ми праќа некои сигнали.“

Јас пенисов ќе си го исечам ако прав другар/побратим после ваков муабет ти каже. „Не може“.

И да ти каже, твое е да го почитуваш, мада, чисто се сомневам.

Да, би требало да зборуваат меѓусебе доколку и двајцата ја бендисуваат, да ја решат проблематиката доколку другар ти(му) и се упикува, а таа тебе ти дава знаци дека те бендисува. Што значи испадна јас како што зборував. (y)
 
Темава е “кога на другар му се допаѓа девојка дрн дрн“.
Прочитав интересни мислења и ми текна на една друга ситуација која би била поинтересна ама ај да не отворам друга тема туку тука на истава да се продискутира на другата проблематика а тоа е “Кога и на другар ама и мене ми се допаѓа....“
Што тогаш? Kaко би се поставиле? Би попуштиле први?
Или пак челинџ ацептед и ќе си мерите ташаци со другарот? :)
Е сеа тука немојте да ставате некоја просечна девојка. Замислете некоја....ол инклузив. Некоја стварно добра, мила, фина, паметна, убава, интелигентна итн (баш како што сакаме ние машките :icon_lol: ).
 
Има некои примери такви спомнато на темава, за случаеви каде што и на двајцата другари им се свиѓа девојката. Како во мојот случај. Да не се повторувам, еве во еден претходен пост напишав што се случи:

Он прв ја упозна, па затоа му дадов предност. Му оставив период од месец дена (откако ја упознав и ја) да проба да направи нешто. Не успеа да направи ништо и немаше ниеден знак што покажуваше дека он има некакви шанси. Дури и он лично ми кажа дека сфатил дека нема никави шанси и се откажува. Некој ден после тоа ја пробав. Кога видов дека имам големи шанси да успеам да направам нешто со неа, јас запрев. Во прва прилика направив муабет со него и го прашав дали би му сметало ако напраам нешто со типката. И што направи он? Ме излажа во очи дур ме гледаше. Ми рече дека не само што не би му сметало, туку напротив, би му било и мило ако успеам да направам нешто. За откако се фатив со типката, он да ми се наљути. А врвот беше што немаше ни храброст да ми каже у фаца дека ми е љут и дека не сака више да бидеме другари, туку едноставно почна да ми исклучува кога му ѕвонев на мобилен.
 
Има некои примери такви спомнато на темава, за случаеви каде што и на двајцата другари им се свиѓа девојката. Како во мојот случај. Да не се повторувам, еве во еден претходен пост напишав што се случи:
Коректно си постапил (според мене). Ај што си му дал време, плус и си го прашал (двапати).
Сеуште си со типката?
Имате барем здраво со другарот?

Мојата случка навидум е слична, ама само навидум.
Се случи уште во средно. Втора или трета година. Ми беше другар во 4-5 одделение, после тоа само школски, дури и во средно испадна да сме во ист клас. Од основно до средно многу работи се сменија. Ако во основно цело време бевме заедно, во среднп почнавме органски да не се поднесуваме. Едно време почна да и се пушта на една типка, она го одби еднаш, двапати, трипати, незнамколкупати. Ја замараше. Буквално ја замараше-не беше упорност тоа. А стварно беше убава и решив јас да си ја пробам среќата, зошто да не? За негова несреќа јас тргнав со неа, идевме некое време. Со него од “здраво“ завршивме на ништо. Не сакаше пак ни да каже која е причината и зошто не сака да збори (дотогаш имавме едно здраво иако се контравме за секоја работа), после тоа станавме непријатели. Од негов другар разбрав дека тоа била причината. Никогаш не разбрав што требаше јас да направам? Разглас да дадам што планирам? Од цел клас да барам зелено светло и дозвола за да го направам тоа што го сакам? Сите поединечно да ги прашувам?
Како и да е, сега нит сум со типката, а нит здраво имам со него. Не се каам за ништо, нити ми фалат, средношколски години, ако уште тогаш почнеме да се ограничуваме со некои етички принципи и вредности што би правеле понатака. :)
 
Мислам дека е најдобро ако девојката не го бендисува, да се затвори истата во кула и да почнат да се ранат пет-шест змејови околу кулата во случај ако сака некој друг да ја превземе се додека истата не се нафати да го сака другарот.
Па зошто сме другари мајке му.
 
Tотално! си во право.
Веќе ако девојчето не го бендисува, па зошто да прекине со мување со другар му, може и брат му ако е симпатичен, недајбоже ако има младолик татко дечкото.
Таа е ничија на крајот на денот, краљица тротоара шо би рекол еден многу познат мислител.
 
Ко не воли каранфиле, тај не сме ни да живи....Мислев апсолутно си во право... Даме бирају.
 
Коректно си постапил (според мене). Ај што си му дал време, плус и си го прашал (двапати).
Сеуште си со типката?
Имате барем здраво со другарот?

Другарот (веќе бивши другар) почна да ме игнорира, ми спушташе кога му ѕвонев на телефон. Прекинав да му се јавувам едно време, му дадов месец-два да се олади, па после тоа пак му се јавив. И пак ми спушти, па си реков толку беше, го избришав неговиот број, го тргнав од фб. Друштвото во кое бевме на некој начин се распадна, не само од оваа, имаше и некои други причини. Јас продолжив да се дружам со останатите од друштвото, исто и он продолжи да се дружи со еден другар од друштвото. Се погоди еднаш пред месец дена двајцата да бидеме на исто место, собрано целото друштво. Он дојде, се поздрави со другите, мене не ми кажа ни здраво. Си реков кој го ебе, ни ја не му викам здраво.

А со типката бевме заедно месец дена, не одеше работата и прекинавме најпријателски, без никакви расправии. После некое време почнавме да се гледаме другарски, па со тек на време, за неколку месеци станавме многу добри другари. Со неа сум многу поблизок другар отколку што сум бил со другарот што го изгубив.
 
Ко не воли каранфиле, тај не сме ни да живи....Мислев апсолутно си во право... Даме бирају.

Почестен сум што сум твој избраник. Here, take my dick.

Вака некако? Дали е ова едно од оние непишани правила кои увек касно ги дознавам, ако си избран мора да ја ебеш?
И апсолутно треба да го криеме тоа зад грб на некој кој смело сум го нарекувал другар? Ќе си ги издрка чувствата аway. Другари сме нели, машки сме мамемујебем!
 
Таа не го свиѓа другар ти,ти ја свиѓаш нејзе,крај на муабетот.Батали ги овие евнухиве што ти тропаат канти,еднаш се живее ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom