Mac)) за тоа што ме праша на профил, еве сега ќе ти дадам поопширно мислење за Лансерот од мое лично искуство.
Јас сум презадоволна од Лансерот, одличен автомобил во секој поглед.
Ние го купивме нов од салон, пред точно 2 години, и досега не сум имала никакви проблеми, се си е во најдобар ред.
Моторот е 1.5 MIVEC со 109 КС. и е сосема солиден ... морам да признаам дека си бара повисоки обртаи, до кај 3.000 обртаи е онака солиден за нормално возење низ град, али кога ќе го згазнеш над 3.500 е тогаш е вистински мерак, влече како луд и имаш доволна снага на располагање.
Нема некоја поголема негативност што би ја издвоила, само знам дека во првата серија на Лансери од 2008 до 2010, луѓето се жалеа на послабата звучна изолација, нормално во град тоа не се осеќа, али на автопат на брзини поголеми од 130 км/ч се слушал моторот погласно во внатрешноста од што треба, е сега ова не било којзнае колкава бука, али сепак се осеќало дека моторот погласно се слуша од што треба.
Значи ова важи само за на автопат на брзини поголеми од 130 км/ч.
А јас бидејќи имам од новата серија на Лансери, мојот е произведен во деќември 2010, а ние го купивме во февруари 2011 (пред точно 2 години), звучната изолација е многу подобрена и немам никакви проблеми со звукот во внатрешноста и при поголеми брзини.
Исто така имам мала замерка за пластиката во ентериерот, малце е тврда, можеле да ја напраат да биде помека на допир, али воглавном е ОК.
Ентериерот барем по мој вкус е прекрасен, делува многу елегантно, и сите команди си се на свое место.
Една од најпозитивните работи кај Лансерот е опремата

Дури и во основното ниво на опрема INFORM во Лансерот имаше клима, што малкумина производители во Компактната класа ставаат клима во основно ниво на опрема.
Јас го имам највисокото ниво на опременост INVITE и има се' и сешто ... ако те интересира можам да ти ја испратам листата со опрема.
Мој предлог:
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1241170-Mitsubishi-Lancer-Invite-1-5--09
Генерално тоа е тоа, и ако имаш уште прашања, бујрум
Дали е ова опција да не се става? Знам на некои мерцедеси ги немаше, па затоа мислам дека е опција.
Немаше таква опција, сите Лансери си одат со Мицубиши логото и + во долниот лев дел пишува Мицубиши, а во долниот десен дел Лансер.
Има 2 опции, или човекот сам си ги извадил логоата, или пак бил слупан одпозади.
Ево кај тебе го има ли знакот на гепекот,и пишува ли Lancer на левиот агол на гепекот?
Кај мене ги има сите 3 лога.
Шо е финтата со навлаките на воланот?
Се глупираат
