Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Cazorla is the 1st Arsenal player to reach 10 PL goals in debut season since Thierry Henry.

14078_556367564381606_852249876_n.png


Нинџа Казорла во мисија за победа на Арсенал!
 
Счечни ќе станува се полош и полош оти нема со кого да се бори за позиција, дечкото напредна од трет голман во прв борејќи се со Алмуниа и Фабиански. Сега буквално нема конкуренција. Ќе треба уште еден голман особено ако Фабиански си замине.
 
Не смеевме да примеме ваков шалабајзерски гол,но битна е победата,каква и да е,а овој пат е заслужена :)
 
Читам коментирате за голот, освен Шчешни, никој друг. Џенкинсон ја одби со глава и мораше да се врати да покрие за Агбонлахор. Монреал покриваше играч (веројатно Бентеке), и ако тргнеше накај Вајнман, другиов е сам во шеснаесетник. По секако подобро на топка, ама он одлучи да брани простор.
Топката помина до Шчешни, не знам што се случува во последно време. Се согласувам со Патрик (Бејтман) дека нема конкуренција и намалена му е самодовербата опасно. Човекот додека беше на позајмица во Брентфорд го викаа The Wall, ѕвер беше. Сеуште мислам дека е потенцијал, ама треба да се поработи на него.

Волкот тивок денес, Артета очигледно дека си ја сватил сериозно задачата да покрива позади, многу резервиран според мене. Жиру, е човек што можеби најмногу се труди, искрено пробува човекот, себичи, ама едноставно нема класа да биде прецизен колку што сака.

Монреал во моментов споре мене игра позрело од Гибс, ако ништо друго барем позади. Дефиницијата на таа позиција е бек (одбрана) и тоа треба примарно да се знае. Монреал мислам дека тука е подобар од Гибс во моментов, и добро е што е тука. Ќе има конкуренција и од кого да научи нешто.

Вилшир :cuc:

Катхорла малку си го обели образот денес, задњиве неколку утакмици многу анемично ги одигра и се надевам кога ќе ја види утакмицава пак, ќе свати колку реално може да му допринесе на тимов, и да го повлече. Фантастичен денес.

Другите не ги коментирам.

Победава многу ни значеше, им се одлепивме малку на Евертон, а им се залепивме на слепцине. Ако ги добиеме следната недела, и утре ако Челзи ја киксне или одигра нерешено, веќе отворено е и повисоко место на табелата. Челзи и Сити се доста нестабилни, и се бива до крај.
 
Счечни ќе станува се полош и полош оти нема со кого да се бори за позиција, дечкото напредна од трет голман во прв борејќи се со Алмуниа и Фабиански. Сега буквално нема конкуренција. Ќе треба уште еден голман особено ако Фабиански си замине.
Не уште еден , него само ке треба голман , зашто немаме квалитетен голман , счежни е добар , за на клупа ништо друго
 
Туууу бе што шанси се изнапромашија денес , чудо.....Заслужена победа, нека се множат.
Кокшкиве МОРА да се тепаат, има да паѓаат крвишта на терен, осечам.
 
Победава е добра за да го крене моралот во тимот немав можност да ја гледам и коа го видов резултатот си реков пак едвај се стигнати до победа мегутоа од ова шо прошитав овде изиграле доста солидно.
Некој спомна Иско за него 35милиона и кој сака нека го зема толку му е откупната клаузула
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom