Каков спорт да се избере?

  • Креатор на темата Креатор на темата SAVA
  • Време на започнување Време на започнување
Ај па и за мене предлог нешто: 20 години, 187 висина, 90 кг, крупна градба кеш шо може месечно да се одвојува 2 000 ден.? ( P.S. предлог за спорт, Секси Огласи друга тема :P )
Па ти го поставе прашањето и јас ти одговорив, што треба да пишам колку можам да одвојам 1000 евра кога немам толку? И еве да речиме дека можам 200евра, парите се проблем или успехот пред другите кои треба да се покажиш? Ако одиш да спортуваш и немаш воља, пак ништо џабе ти се и парите така да...
 
јас знам дека син ми/ќерка ми ќе ги пуштам на тенис од мали . Без форсирање. Ако им се допаѓа нека пробаат да станат професионалци , ако не им се допаѓа нема да ги терам на сила. Па здравје за 25 години да ме гледате на трибини како ги бодрам на финале на гренд слем . :pipi:

А нас што ни пројде времето за станување спортисти (во години што сме) може само да трчаме на кеј да топиме стомакот или баскет да вртиме у маало дур не станеме како домат црвени во фацата од немање кондиција. :)
 
Касно ти е веќе за да се занимаваш ''професионално'' со некој спорт, но можеш да си спортуваш рекреативно
На пример за бокс и не му е баш толку касно,сепак ке му треба 2-3 години за да влезе во рингот .За Шах му е иделана возраста .Па и да почне фудбал да игра во нашата аматерска лига со малку талнт и добар маркетинг ке може да игра за некој прволигаш и да зима надпосечна плата .
 
Здраво. Сакам да се занимавам професионално со спорт, но не знам каков спорт да изберам.
велосипедизам, атлетика или некој друг. До сега се немам занимавано со никаков спорт. Тоа не значи дека јас не спортувам, спортувам ама рекреативно дома се разбира. Па не знаам како да
почнам. Мислам велосипедизмот и атлетиката би биле идеални за мене , со оглед на тоа дека имам 70kg. , или препорачајте друг спорт кој би бил идеален. Ако има некој на форумов што се занимава професионално или некој професор, или било кој што знае повеќе нека пиши и какви категории има,
колку пати тренинг во неделата, колку пари е учество во клуб, лиценца за возење, до која возраст може да се запише член во некој клуб и т.н.:D

На деветнаес, физички спорт, само у маратон можеш да оствариш олимписка норма и тоа за 15-16 години од сеа, ама ако се посветиш
 
Шах на мали голчиња! ;)
Oн Топик: Кажи возраст за да те упатиме оти ако си над 15 ќе треба многу напорно да вежбаш за да постигнеш нешто на пример во фудбал, кошарка, ракомет....
 
Парите за некој не се проблем, а за некој се. ;)
Не е само тоа проблем, треба и да си "роден" за тоа. Имаше деца кои што тренираа пред мене, па јас им го зедов местото.
Те сфаќам другар, знам и јас како е, точно за некого проблем е да даде 100денари, а не повеќе...
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:17 ---
Атлетика избери, трчање :)
Еве, баш за тоа се дискутира....
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:18 ---
Шах на мали голчиња! ;)
Oн Топик: Кажи возраст за да те упатиме оти ако си над 15 ќе треба многу напорно да вежбаш за да постигнеш нешто на пример во фудбал, кошарка, ракомет....
Пишав веќе....
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:19 ---
јас знам дека син ми/ќерка ми ќе ги пуштам на тенис од мали . Без форсирање. Ако им се допаѓа нека пробаат да станат професионалци , ако не им се допаѓа нема да ги терам на сила. Па здравје за 25 години да ме гледате на трибини како ги бодрам на финале на гренд слем . :pipi:

А нас што ни пројде времето за станување спортисти (во години што сме) може само да трчаме на кеј да топиме стомакот или баскет да вртиме у маало дур не станеме како домат црвени во фацата од немање кондиција. :)
ако можеш , зошто да не (y).
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:34 ---
Свесен си дека на твоја возраст веќе навлегле длабоко во тие води? И на 16 години има што се бават професионално, но тие почнало од 6-7 годишна возраст. Едноставно, неможеш да бидеш ти професионален во било кој спорт. Си треба вежбање, кондиција, искуство. Ти што имаш од ова? Сакаш да те земе некој и притоа да ти дава пари од нецел месец тренинг? И да му умреш на терен? Касно ти е веќе. Можеш само рекреативно да се бавиш. Јас би ти препорачал велосипедизам, па ќе можеш прво да тренираш сам, без никој да те обврзува и да направиш една тура околу Македонија.
Прво кој побара пари без успех?? Второ, како што кажав јас спортувам (дома) и работам тешки физички работи. Активност од 15 часа на ден е нешто нормално за мене, така да нема потреба да се плашам од 3-4часовен тренинг. Познавам дечки кои (како што велиш од мала воздраст ) спортуваат, тие дечки спортуваат неколку часа, не знам колку, но освен спортот што друго прават да бидат активно останатите часа во денот??? Некои мои врсници тренираат фудбал од мала воздраст, тоа е точно дека повеќе знаат од мене во техника и можат да ме вртат како сакаат, но при спринт од 100метра знаеш ли колку метра се зад мене??? Каде е кондицијата, тамо се тренира или се спие на терен????
Значи се што лета не се јаде (n).
 
Те сфаќам другар, знам и јас како е, точно за некого проблем е да даде 100денари, а не повеќе...
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:17 ---

Еве, баш за тоа се дискутира....
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:18 ---

Пишав веќе....
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:19 ---

ако можеш , зошто да не (y).
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 14:34 ---

Прво кој побара пари без успех?? Второ, како што кажав јас спортувам (дома) и работам тешки физички работи. Активност од 15 часа на ден е нешто нормално за мене, така да нема потреба да се плашам од 3-4часовен тренинг. Познавам дечки кои (како што велиш од мала воздраст ) спортуваат, тие дечки спортуваат неколку часа, не знам колку, но освен спортот што друго прават да бидат активно останатите часа во денот??? Некои мои врсници тренираат фудбал од мала воздраст, тоа е точно дека повеќе знаат од мене во техника и можат да ме вртат како сакаат, но при спринт од 100метра знаеш ли колку метра се зад мене??? Каде е кондицијата, тамо се тренира или се спие на терен????
Значи се што лета не се јаде (n).
хехе, еве јас сум фудбалер, ајде да се пуштиме на 100 метри да видиш дали немам брзина или кондиција, фудбалерите се втори на листата на најбрзи спортисти, а трети на листата на спортисти со најголема кондиција...
 
Ами кај беше до сега бе друже? Зошто пред 5-6 години не ти текнало ваква идеа? Што правеше до сега...Кај сакаш да почнеш со некој спорт па и уште професионално да се бавиш со тоа, а во Македонија колку може да заработуваш од Атлетика и Велосипедизам? И не го лажете за шах...иако за тоа не се бараат физички способности, има мали деца од 10-14 години ќе го утепат на шах. И за тоа ти треба тренер со кој ќе вежбате секојдневно.
 
Кога сме веќе на оваа тема ајде некој предлог и за мене. 15 години, 77кг, 1.80 висина. Претходно имам тренирано ракомет пред 1 година во Тинекс Пролет. Сакам повторно да започнам со ракометот па некој предлог за клуб?
 
Не знам од каде е Тинекс Пролет, ама ако си од Скпоје не се мисли отиди во Металург младинската школа.
 
Од Скопје сум, Тинекс Пролет е клуб истотака од Скопје имаат тренинзи во салата на основното училиште 11 Октомври, инаку во Металург екипите се веќе оформени и не примаат нови членови.
 
Здраво. Сакам да се занимавам професионално со спорт, но не знам каков спорт да изберам.
велосипедизам, атлетика или некој друг. До сега се немам занимавано со никаков спорт. Тоа не значи дека јас не спортувам, спортувам ама рекреативно дома се разбира. Па не знаам како да
почнам. Мислам велосипедизмот и атлетиката би биле идеални за мене , со оглед на тоа дека имам 70kg. , или препорачајте друг спорт кој би бил идеален. Ако има некој на форумов што се занимава професионално или некој професор, или било кој што знае повеќе нека пиши и какви категории има,
колку пати тренинг во неделата, колку пари е учество во клуб, лиценца за возење, до која возраст може да се запише член во некој клуб и т.н.:D

Освен ако не си талент 1 на 1000 во атлетика и во велосипедизам немаш никакви шанси за професионална кариера кај нас. Мускулатура како Усеин Болт немаш, што значи ти останува евентуално трчање на подолгите патеки па пробај се таму или ако толку многу те бива во десетобој ама реално шансите ти се минимални. Ќе ти треба и супер тренер и услови за патувања а кај нас прости се и од двете работи. Да живееш од атлетика треба да победуваш на меѓународни митинзи што е верувам чиста утопија освен ако не си некој (пре)редок неоткриен талент.

За велосипедизам не ни помислувај, нема шанса, само ќе си го загубиш времето.

Кик бокс, ММА, можно е ама треба да си супер талентиран и да си спремен за неколку години јак секојдневен тренинг. И нормално да имаш одличен тренер инаку ќе стагнираш.

За колективниве (што е полесно) и сам кажа не си заинтересиран.
 
Ами кај беше до сега бе друже? Зошто пред 5-6 години не ти текнало ваква идеа? Што правеше до сега...Кај сакаш да почнеш со некој спорт па и уште професионално да се бавиш со тоа, а во Македонија колку може да заработуваш од Атлетика и Велосипедизам? И не го лажете за шах...иако за тоа не се бараат физички способности, има мали деца од 10-14 години ќе го утепат на шах. И за тоа ти треба тренер со кој ќе вежбате секојдневно.
Брат, така лесно се редат коцките како што замислуваш ти? Тоа *професионално* јас не го мислев во таа смисла да рушам некој рекорд, ами да спортувам во некој клуб каде можеби, и со
надеж да одам понатака. Ова со шахов е зезање, нека ми извинат дечките ама така е. Шахот е умствена работа, а не физичка.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 20:02 ---
Освен ако не си талент 1 на 1000 во атлетика и во велосипедизам немаш никакви шанси за професионална кариера кај нас. Мускулатура како Усеин Болт немаш, што значи ти останува евентуално трчање на подолгите патеки па пробај се таму или ако толку многу те бива во десетобој ама реално шансите ти се минимални. Ќе ти треба и супер тренер и услови за патувања а кај нас прости се и од двете работи. Да живееш од атлетика треба да победуваш на меѓународни митинзи што е верувам чиста утопија освен ако не си некој (пре)редок неоткриен талент.

За велосипедизам не ни помислувај, нема шанса, само ќе си го загубиш времето.

Кик бокс, ММА, можно е ама треба да си супер талентиран и да си спремен за неколку години јак секојдневен тренинг. И нормално да имаш одличен тренер инаку ќе стагнираш.

За колективниве (што е полесно) и сам кажа не си заинтересиран.
Тоа, всушност се обидувам да дознаам. Дали може да се запишам некаде, да даде некој конкретно образложение, може, не може, има законска граница, нема законска граница, и така натаму. Само критики и критики(со исклучок на некои).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom