- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.366
- Поени од реакции
- 84.600
појачано цивилизиран:
Рачна бомба врз српска куќа во Косовска Митровица
18.02.2013 - 09:58:52
Во дворот на семејната куќа на косовски Србин во Косовска Митровица била фрлена дефанзивна рачна бомба, покажала полициската истрага.
Заменик регионалниот директор на косовската полиција Ергин Медиќ, изјавил дека единиците на криминалистичката техника на полицијата утврдиле дека станува збор за рачна дефанзивна бомба, а случајот бил карактеризиран како предизвикување на општа опасност.
Непознато лице во неделата околу 19,30 часот активирало рачна бомба во дворот на куќата во која живее Слободан Машиќ со семејството при што биле скршени прозорците и била причинета помала материјална штета, но немало повредени.
Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија побарала од меѓународната заедница итно да се пронајде и да се казни извршителот на синоќешниот напад во куќата на косовскиот Србин во Косовска Митровица.