Бериша: Албанскиот национализам е цивилизиран

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
појачано цивилизиран:

Рачна бомба врз српска куќа во Косовска Митровица

18.02.2013 - 09:58:52
g_kosovo-bombaski-napad.jpg

Во дворот на семејната куќа на косовски Србин во Косовска Митровица била фрлена дефанзивна рачна бомба, покажала полициската истрага.
Заменик регионалниот директор на косовската полиција Ергин Медиќ, изјавил дека единиците на криминалистичката техника на полицијата утврдиле дека станува збор за рачна дефанзивна бомба, а случајот бил карактеризиран како предизвикување на општа опасност.
Непознато лице во неделата околу 19,30 часот активирало рачна бомба во дворот на куќата во која живее Слободан Машиќ со семејството при што биле скршени прозорците и била причинета помала материјална штета, но немало повредени.
Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија побарала од меѓународната заедница итно да се пронајде и да се казни извршителот на синоќешниот напад во куќата на косовскиот Србин во Косовска Митровица.
 
Којзнае пер можеби има некоја нова дефиниција за цивилизираност а ние не ја знаеме.
 
појачано цивилизиран:

Рачна бомба врз српска куќа во Косовска Митровица


Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија побарала од меѓународната заедница итно да се пронајде и да се казни извршителот на синоќешниот напад во куќата на косовскиот Србин во Косовска Митровица.

Кога ќе го фатат сторителот кој е србин , исто како што го фатија тој што повреди две деца на ист начин со бомба.
Сакаат бесзаконие , епа нека уживаат сега , нека се бомбардираат меѓусебе.
Пред некој ден исто така беше фатен србин како краде православни цркви , освен крадењето тој уништувал во црквите , потоа признал и други дела.
Арно ама , за ова нема ни збор во српските медиуми. Патем , добро што не излегоа во одбрана.
 
Кога ќе го фатат сторителот кој е србин , исто како што го фатија тој што повреди две деца на ист начин со бомба.
Сакаат бесзаконие , епа нека уживаат сега , нека се бомбардираат меѓусебе.
Пред некој ден исто така беше фатен србин како краде православни цркви , освен крадењето тој уништувал во црквите , потоа признал и други дела.
Арно ама , за ова нема ни збор во српските медиуми. Патем , добро што не излегоа во одбрана.

Ох, сами си го убивале?
Исто како со петте деца кај Смилковско Езеро.
Исто како со црквите и тепањето деца по автобуси.

Што ќе праиш, кафирите сами си гоубиваат само за да го набедат Албанецот :(


Албанскиот национализам, опасен за Балканот

Политичарите во Албанија ја интензивираа националистичката реторика. Последниот пример е свечената седница на парламентот по повод пет годишнината од независноста на Косово. Дел од албанските медиуми јавија дека Вашингтон бил загрижен оти ваквата реторика би можело да иницира насилство во регионот.

„Верувам дека независноста на Косово е најважниот настан, по албанската независност“, изјави претседателката на албанскиот парламент Јозефина Топали на петочната свечена седница на која премиерот Сали Бериша оцени дека албанскиот национализам е водечка сила со која секој Албанец го сфаќа, како што рече, големиот проект за албанската интеграција во Европа.
E9A05C96-0161-4EC5-86AD-6F2E5DB2B984_w268_r1.jpg

Јозефина Топали, претседателка на албанскиот парламент
​​
„Овој национализам нема територијални претензии. Тој не се базира врз истребувачки доктрини како национализмите што не опкружуваат“, изјави Бериша на свечената седница на која опозиционата Социјалистичка партија не учествувала, бидејќи не добила покана.

Овој национализам нема територијални претензии. Тој не се базира врз истребувачки доктрини како национализмите што не опкружуваат.

„Оваа итра сесија во името на Косово не е ништо друго од патриотски трик за изборни цели“ рече опозициониот лидер Еди Рама кој го обвини премиерот Сали Бериша дека, за време на косовската војна, одржувал врски со Слободан Милошевиќ.

Некои албански аналитичари сметаат дека националистичките изјави на Сали Бериша се одговор на појавата на новата националистичка партија Црно црвена алијанса, наречена по боите на албанското знаме.
56E41F41-F537-43F5-8571-FCE740686D3A_w268_r1.jpg

Еди Рама, лидер на Социјалистичката партија
​​
„Бериша греши ако сака на изборите да се заштити носејќи националистичка јакна“, изјави поранешниот премиер Пандели Мајко.

Како и да е, Сали Бериша со неговите зачестени националистички изјави, веќе ги растури пердувите во соседните земји каде што живеат етнички албанци.

Mинатиот ноември македонскиот претседател и шефот на грчката дипломатија ја бојкотираа прославата за стогодишнината на албанската државност во Тирана, откако Бериша реферираше дека и таму имало албанска земја.

Ваквите изјави не само што промовираат запалливо однесување и го вратат вниманието од приоритетите на регионот, туку потенцијално иницираат насилство, ги поткопуваат мирот и стабилноста и влијаат врз нашите односи.

Ваквата зачестена реторика, според албанските медиуми, било причина и за петочната реакција на официјален Вашингтон.
717D9333-4910-4A3D-ADDA-F33190D67876_w268_r1_cx2_cy0_cw98.jpg

Сали Бериша.
​​
Според медиумите, во меморандумот до албанското министерство за надворешни работи, Стејт департментот оценува дека албанските лидери се движат во потенцијално опасна територија со оглед на историјата на етничките конфликти на Балканот.

„Ваквите изјави не само што промовираат запалливо однесување и го вратат вниманието од приоритетите на регионот, туку потенцијално иницираат насилство, ги поткопуваат мирот и стабилноста и влијаат врз нашите односи“, цитираат албанските весници дел од американскиот меморандум.
​​
Вашингтон беше водечката сила за влезот на Албанија во НАТО во 2009 година, а сега инсистира Тирана да спроведе слободни и фер избори со цел да може да се придвижи кон членство во Европската унија.
 
Неписмените новинари од радио заробена европа пак ги измешале поимите национализам и шовинизам.
Национализмот е добра работа.
 
Рикер: Албанската националистичка реторика нѐ вознемирува


Оваа националистичка реторика нѐ вознемирува сите, нѐ вознемирува нас и ЕУ. Ова е мојата порака. Ние отворено и јавно ќе зборуваме, бидејќи сме сојузници, изјави Филип Рикер во емисијата „Топ стори" на тиранската телевизија Топ-чанел.

Филип Рикер, заменик-помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, изјави дека Албанија треба да се фокусира на исполнувањето на препораките на ЕУ за да добие кандидатски статус. Зборувајќи за парламентарните избори што во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни, Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата.

„Овие избори се значајни за Брисел, ќе им го дадат тонот на следните сто години на Албанија. Не е битно кој ќе победи, битно е тие да бидат демократски“, изјави Рикер.
Филип Рикер е во посета на Албанија и се среќава со шефот на албанската држава, Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со министерот за надворешни работи, Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама, јави Дневник.
 
Рикер на Бериша: САД силно ќе ја подржат Албанија

Премиерот Бериша денеска го пречека заменик помошниот секретар на САД , Филип Рикер во ручек во негова чест во пријателска и отворена атмосфера.

На состанокот беше оценета посетата на Хилари Клинтон во Албанија , но и фактот што и нејзиниот заменик Џон Кери е пријател и голем подржувач на Албанија и албанците.

Беше оценета подршката помеѓу САД и Албанија. Рикер го поздрави договорот помеѓу Албанија , Грција и Италија за гасоводот.
Беше укажана и подршка за Република Косово.

largea_berisha1361563337.jpg


rkeer-ber2.jpg
 
Рикер на Бериша: САД силно ќе ја подржат Албанија

Трол :icon_lol:


Рикер: Да се запре со националистичката реторика
22.02.2013 | 09:34
Регион
Прочитано: 440
Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови.

- Оваа националистичка реторика нe вознемирува сите, нe вознемирува нас и ЕУ. Ова е мојата порака. Ние отворено и јавно ќе зборуваме, бидејќи сме сојузници, изјави Рикер во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел.

Тој нагласи дека Албанија треба да се фокусира на исполнувањето на препораките на ЕУ за да добие кандидатски статус.Зборувајќи за парламентарните избори кои во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата.

- Овие избори се значајни за Брисел, ќе го дадат тонот на следните сто години на Албанија. Не е битно кој ќе победи, битно е тие да бидат демократски, изјави Рикер.

Рикер кој во Тирана допатува синоќа и денеска ќе се сретне со шефот на албанската држава,Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со министерот за надворешни работи, Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама.

Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со лидерите на албанската политика ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.

http://24vesti.com.mk/riker-da-se-zapre-so-nacionalistichkata-retorika
 
Казните на западните земји се многу сурови,доколку албанците продолжат вака упорно да се чепкаат со национализмот можно е да им се удри и погла, јас уште од пред две години постојано велам дека времето повеќе не работи за албанците во регионот, например како што беше тоа пред 10 години.. Веќе сите џокери им се потрошени.
 
Казните на западните земји се многу сурови,доколку албанците продолжат вака упорно да се чепкаат со национализмот можно е да им се удри и погла, јас уште од пред две години постојано велам дека времето повеќе не работи за албанците во регионот, например како што беше тоа пред 10 години.. Веќе сите џокери им се потрошени.
И ти нешто реално да кажеш.
 
Казните на западните земји се многу сурови,доколку албанците продолжат вака упорно да се чепкаат со национализмот можно е да им се удри и погла, јас уште од пред две години постојано велам дека времето повеќе не работи за албанците во регионот, например како што беше тоа пред 10 години.. Веќе сите џокери им се потрошени.
Точно. Овој момент не го приметуваат многумина. Процесите течат полека и постепено се создаваат условите.
 
Северно Косово ќе добие автономија!?

23.02.2013 - 11:00:04


g_kosovo-karta.jpg


Северниот дел на Косово ќе добие повеќе од предвиденото според планот на Марти Ахтисари- автономија и етнички дел како Република Српска, според договорот во Брисел меѓу премиерот на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи, пишува приштинскиот весник “Зери“.
Весникот наведува дека, според договорот, заедницата на српските општини, која била побарана од Белград ќе ги опфати само општините на север, без оние јужно од реката Ибар.
“Зери“ пишува дека ниту еден детаљ од договорот не е објавен за да се вознемирува јавноста.
Европската Унија намерно не објави ниту еден детал, бидејќи станува збор за болни отстапки за Северно Косово. Со договорот се дава автономија на северниот дел на Косово: Ахтисари-плус или еден вид Република Српска, наведува „Зери“, додавајќи дека договорот е поддржан од Белград и Приштина и од посредничката во дијалогот Кетрин Ештон

автор: Нетпрес​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom