Феномен како комплекс на нижа вредност е нешто што не е кривица на тој што го има. Никој не го имал живот на таа особа и нејзиниот изглед за да сфати од каде води потекло тој таканаречен комплекс. Почнувајќи од комплекси поврзани со физичкиот изглед и за вршувајќи со комплекси поврзани со когнитивните способности на тој што е искомплексиран. Луѓето во принцип се сугестибилни на авторитети и на луѓето кои ги сметаат за блиски и слични на нив самите. Така што честопати таквите луѓе може да им набијат комплекси со нивното критикување. Постои разлика секако од добронамерно критикување до навреда. Ако на некој му кажеш дека има голем нос (автоматски со тоа подразбираш дека тоа е нешто што е лошо), тоа не е добронамерна критика туку е обид да го навредиш. Сигурно знае колкав му е носот и тоа што ќе му го посочиш истото, укажува на тоа дека сакаш да го направиш да се осеќа лошо. Ако на некој му кажеш дека некои негови постапки не ти се допаѓаат или дека е премногу дебел, тоа се ствари кои практично знае дека може да ги смени (освен ако не е дебел поради некои болести), и може твојот совет да го сфати како навреда или како совет, што е до него самиот. Важно е кој го дава советот и со каква намера како и колку советот или критиката држат вода. Луѓе со комплекс на повисока вредност може да се нарциосидни или само да имаат висока самодоверба (постои разлика помеѓу овие две). Важно е да се знае дали нивното мислење за самите себе им е поддржано и базирано на некои реални способности кои ги имаат и успеси или не им држи вода и се само дигнати. Нарциосидните пак кои имаат фрагилно его у принцип ја базираат својата самодоверба на тоа што другите мислат за нив и како другите ги гледаат. Тоа го манифестираат со тоа што пробуваат да ги спуштат останатите луѓе околу нив.
Како и да е, ова е комплексен феномен и не може да биде објаснат преку еден пост.
И не сметам дека комплексот на нижа вредност може да го наметнеш како таков во рамките на цела нација. Од друга страна, нормално е држави кои се посиромашни и со понизок стандард, да се состојат од луѓе кои имаат помала самодоверба неголи држави со висок стандард.