Луѓе со комплекс на ниска вредност

  • Креатор на темата Креатор на темата Channar
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонецот е човек со ниска вредност.

  • Вкупно гласачи
    101

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Според мене, луѓе со комплекс на ниска вредност се оние коишто цицаат највеќе енергија, оние со кои ако правиш муабет, се изморуваш повеќе отколку копање на 3 ниви, оние на кои секогаш им треба поддршка, пофалби, ласкање, галење, мазење, тинтрање, оние кои се негативни околу се и за се. Најпрепознатливи се по изразот: ,,Ништо не ми иде"; ,,Дебел(а) сум" ; ,,Никој не ме сака'' ;.Постои и друга група на луѓе кои доколку ги гледа оние блиските, своите како ,ниски луѓе, веднаш бара и се поистоветува со друга група на луѓе, коишто, де факто изгледа помоќно, повисоко, посилно.
Да објаснам што ме поттикна да ја отворам анкетава:
имам неколку другари и другарки кои со сигурност знам дека се родени македонци и по мајка и по татко, но по случај на нештата, испаднало нивното презиме да завршува на -иќ, -ов , па најчесто се класифицираат себеси како срби, словенци, словаци, чеси, руси итн. Сега, ме интересира, што мислите вие? Дали имате (сте имале) контакт со вакви луѓе, како се справувате со нив, дали ви сметаат и дали мислите дека Македонецот во принцип е човек со комплекс на ниска вредност и зошто мислите дека се или не?
 
Неможе да генерализираш. Толку ќе ти кажам.
Јас не сум и не познавам такви, што се срамат од себе и од кај се.
 
Ги избегавам таквите. Мразам самосожалување за внимание, мразам правење деген при здрав разум и свест, мразам луѓе кои се помируваат со фактот дека не можат ништо да променат без да се обидат. Така да ваквите особи ги ставам на игнор. Типично за поголем дел од нашево население.
 
Дали мислите дека Македонецот во принцип е човек со комплекс на ниска вредност и зошто мислите дека се или не?

И тоа како сме луѓе со комплекс на ниска вредност (како нација). Кога ќе дојде странец кај нас, како Бог на гости да дошол, се околу него се врти, сите околу него трчкаат, се трудат да зборат на негов јазик, да му покажат колку многу знаат... А, кога ќе отиде македонец во странство, се чувствува понизно, како човек од третиот свет.
 
Дури и преселена фамилија во странство преферира да зборува странски јазик ДОМА.
Во фамилија имам такви и најголеми расправии на маса паѓаат кога ќе дојдат тука токму за тоа и одма почнуваат со познатите ,да ти ебам државата' ; ,ова не е држава'...
 
Најголемиот дел од Македонците имаат комплекс на ниска вредност едноставно 500 години потчинетост и турско ропство неможе така наеднаш да исчезнат, се што е туѓо (странско) поголемиот дел од народов го цени повеќе и му крева на вредност а она своето што дури во поголемиот дел од случаевите и е подобро му ја намалува вредноста за жал..
 
Мислиш дека новите (најмладите) генерации ќе имаат поголемо чувство на Македонштина на некоја поодмината возраст ?
 
Имаш многу примери, оние кои доаѓаат во Скопје да студираат, па се упикаваат кај Скопјаниве, за да не бидат третирани на ваков или онаков начин. На некој начин се срамат од местото од каде што доаѓаат, па си наоѓаат засолниште привремено, мислејќи дека ќе го изгубат тој комплекс, ако ете, се дружат со момците и девојките од метрополата.
 
Поише ме нервираат луѓе со комплекс на ниска вредност него луѓе со комплекс на висока.
 
Дали Македонците патат од комплекс на пониска вредност?
Одговорот е едно големо ДА и тоа важи за мнозинството од народов.

Причината може да се бара во турското ропство, но и послушничкиот менталитет на народов, чиј мазохизам некојпат ги преоѓа сите разумни граници (цела Европа е на нозе, а овде никој не се буни за мизерниот живот кој го водиме. Мислиш саде мед и млеко ни тече).

Народ со ниска интелигенција е и народ со ниска свест и народ без никаква самопочит. Овде не просперираш ако си паметен, туку ако знаеш кому и кога да се поклониш. Што повеќе се клањаш, толку повисоко ќе се искачиш на општественото скалило.
Затоа сме нација на безрбетници. Пак ќе речам, има луѓе со свое ЈАС, но тие се малкумина, за жал. На прсти човек може да ги изброи.

И транзицијата и капитализмот си го сторија своето. Се додека си дозволувате вашата (без)вредност да биде дефинирана од материјалниот статус, положбата или функцијата во општеството, вие сте безрбетник. И да, чувството на инфериорност ќе се обидувате да го прикриете со луксузни одмори, шопинзи во Солун, трофеј партнер/ка до себе, скапа гардероба и слично. Но, нема да ви успее, бидејќи таа празнина (комплекс на ниска вредност) никогаш нема да успеете да ја пополните со материјални нешта. Човек никој не се родил, човек пред се се станува.

Кога народов би се изборил за личен интегритет и достоинство со страста со која конзумира турски серии, или безглаво трча по пари по секоја цена, државава би била навистина поубаво место за живот.

П.С. Ако чита некој модератор, мислам оти темава е за Психологија.
 
И тоа како сме луѓе со комплекс на ниска вредност (како нација). Кога ќе дојде странец кај нас, како Бог на гости да дошол, се околу него се врти, сите околу него трчкаат, се трудат да зборат на негов јазик, да му покажат колку многу знаат... А, кога ќе отиде македонец во странство, се чувствува понизно, како човек од третиот свет.

Затоа што тој самиот не го цени она што го има.
На цел свет ќе му зборувам за мојата убава Македонија.
Тоа што зборувам неколку јазици течно, е моја предност.
Тие вредат помалку, со зборување на еден јазик, или со едвај зборување на Англиски :)
 
Немаме комплекс на пониска вредност само кога играме кошарка или ракомет, се додека не не исчурат по 2-3 утакмици.
После пак по старо.
 
Живеам со такви, мислам се мачам во тој дел и толку сум запрепастен од таквите индивидуи и нивниот голем број што се доведувам дури до таму да проблемот го барам во мене, или што би рекол ја или јас сум попаметен или другите се многу глупи :unsure:
 
Мислиш дека новите (најмладите) генерации ќе имаат поголемо чувство на Македонштина на некоја поодмината возраст ?

Па искрено се надевам дека тоа ќе биде така, младите се образуваат достапно им се се и сешто можат да видат.. да споредат. Ама од друга страна добар дел од младите се влезени и во некои си американски филмови каде што се е „идеално“.

Немаме комплекс на пониска вредност само кога играме кошарка или ракомет, се додека не не исчурат по 2-3 утакмици.
После пак по старо.

Како немаме не зафркавај оди прегледај ги постовите од првенствава што биле овие биле јаки за нас, оние биле ќе сме немале шанси а видовме дека и ракомет и кошарка бевме рамо до рамо со тие јаки европски сили, 4 место кошарка 5 место ракомет. Исто и фудбал од старт некои утакмици кажуваме дека сме немале шанси а и тие 11 и ние 11 играчи.
 
Јас 80% од луѓето што ги знам едвај чекаат српски да прозборат ..

Тоа ако не е комплекс на ниска вредност, незнам што е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom