Арни се администраторите, од друго место се шири реата..
Ама ај. Откажувањето од пушење е екстремно лесно за луѓе со силна воља. Морковите се еден начин за кој сум слушнал од луѓе и се колнат дека така им успеало. Има уште еден начин кој не знам зошто, ама воопшто не е познат - а тоа е шишата. Наргиле, како љубите. Во шишата се користат природни тревки кои немаат тутун, катран и други штетни материи. Самата тревка е поскапа од тутунот но трае подолго. Шишата е единствена поголема инвестиција но нели на здравје не треба да се штеди?
Природните тревки кои се користат во шишата не оставаат непријатни мириси во околината, на облеката и во устата. Баш напротив, со жена ми имаме шиша и здивот всушност мириса многу подобро по кратка употреба на шишата. Тоа што искача е повеќе пареа отколку чад. Не се задржува во собата, нема потреба од вентилација. Едноставно го снемува. Тоа малку што ќе биде апсорбирано во мебелот има прекрасен мирис кој доаѓа од вкусот на тревките кои се користат. По користење на шишата пушачите тврдат дека нивната желба за пушење била задоволена, не чувствувале потреба од цигари.
Значи ако сумираш, имаш задоволување на потребата од цигари користејќи притоа нешто што не е штетно по здравјето. Истовремено имаш ароматизер и освежувач на просторијата. А жими пивото, и како друштвена активност е одлично ако земеш шиша со повеќе цревца.
Јас и драгата не сме пушачи ниту пак било кој во семејството и друштвото, но се случува да се собереме и да ја свртиме шишата. Вкусови има за секого, од кафе и ванила до овошни и цветни ароми.
So yeah, тоа што ќе го дадете за месец-два во цигари, подобро дајте го во трајна и безболна солуција која всушност ќе ве направи подобри луѓе.