3 години исти плати, но трошоците не се истите!

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
може е и за верување, ама ако ти е кавалот како кларинет
еее деца, ете замисли да си женско дали би трчал(а) и плаќала за голема алатка ?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Просечна нето плата во јули 2012та изнесуваше 20.781 денари

Во споредба со лани истиот период , намалени се за 0,2%.

12.960 вработени лица не примиле плата во јули.

Што се однесува до платите од 2009та не мрдаат од место , кренале ручна кочница , ни топ не ги мрда.

А цените секогаш се во лер.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Просечната плата во септември 2012 е поголема за 0,6% во споредба со септември 2011

семтември 2011-та: 20.659

семптември 2012-та: 20.779

Односно платите се зголемиле за 120 денари.

Цените на производите и услугите ? Охооо
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Според ДЗС , просечна нето плата во октормври 2012 е 21031 денари , што е за 129 денари повеќе него во истиот период во 2011-та.

Најголеми просечни нето плати во октомври 2012 според сектори :

-правни и сметководствени дејности: 50.296 денари

-телекомуникации: 40.543 денари

-помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето: 40.293

-воздухопловен транспорт: 40.060

Најмали просечни плати:

-производство на кожа и слични производи од кожа: 9.725 денари

-производство на облека: 10.597

-производство на текстил: 11.335

-Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал: 11.846
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
За жал ако вака продолжи нашата економија ако нема промени во сериозни капитални инвестиции, и понатаму трошоците за живот ќе бидат се поголеми а платата ќе ни остане иста ако не и помала....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Пишува зголемување, у ствари дури и номинално е намалување од претходниот месец. И да е зголемување према лани, тоа 0.1 :) ..., реално којзнае колку е падната. Потрошувачка кошница не се пресметува веќе 2 години.

Просечната ноемвриска плата изнесува 20.857 денари
Просечната нето-плата, исплатена во ноември минатата година, изнесува 20.857 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности (13.8%), Други услужни дејности (5.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Рударство и вадење на камен (5.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).
Во ноември, 2.2% од вработените во Македонија не примиле плата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Македонската платформа против сиромаштијата смета дека и во Македонија треба да се воведе минимален достоинствен приход

Минималните месечни средства за живот на самец треба да изнесуваат од 10.000 до 20.000 денари, за семејство без деца или со едно дете од 20.000 до 30.000 денари и 40.000 до 60.000 за семејство со две или повеќе деца. Ова се резултатите од истражување на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), кои беа презентирани на вчерашната трибина на која се дискутираше за мерки за намалување на сиромаштијата. Со истражувањето биле опфатени 73 лица од различни националности и од семејства со најразличен број на членови, при што 36 од нив не биле осигурени, а 24 биле невработени. Според анкетираните, главни генератори на сиромаштијата се невработеноста, ниската законски утврдена минимална плата и нискиот износ на социјална помош, како и ригорозните услови за корисниците на социјална помош.

„Нивото на социјална помош треба да се зголеми, а за да се постигне тоа треба да се зголемат и минималните лични доходи“, рече Мила Царовска, претседател на МППС на трибината. Таа укажа дека актуелниот систем, кој на примателите на социјална помош не им се дозволува да работат, не функционира. „Со тоа им се намалува можноста да најдат работа, но и мораат да се кријат ако работат од страв дека ќе бидат откриени и ќе ја изгубат и онака ниската социјална помош, која не им е доволна за опстанок“, додаде Царовска.

„Правото на минимален достоинствен приход е основно човеково право и тој во Европа е 60 отсто од расположливиот просечен семеен приход“, истакна Сиан Џонс, од Европската мрежа за борба против сиромаштијата. Таа смета дека минималниот достоинствен приход не е исто што и минималниот личен доход, кој во најголем дел европски земји е пренизок. „Но, со воведувањето на овие социјални категории, сиромаштијата е намалена за една третина во земјите кога стапиле во сила“, смета Џонс.

Џонс, инаку, не верува дека злоупотребата на социјалните мерки е значајна. „Точно е дека секогаш има лица кои ќе го злоупотребат системот на социјална помош, но ова е многу мала појава. Далеку позначајна е појавата на избегнување на даноците. А, собирањето на даноците е од големо значење за квалитетно функционирање на системот на социјална помош“, рече Џонс.

Затоа, за намалување на сиромаштијата, на трибината МППС заклучи дека и во Македонија треба да се воведе минимален достоинствен приход, кој ќе го гарантира државата за сите граѓани како предуслов за нормален достоинствен живот, да се зголеми износот на социјална помош, а со тоа да се зголеми и минималниот личен доход во Македонија. Платформата препорачува да се продолжи со Стратегијата за сиромаштија до 2020 година и зајакнување на поддршката на ранливите групи на граѓани
 
Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
Пишува зголемување, у ствари дури и номинално е намалување од претходниот месец. И да е зголемување према лани, тоа 0.1 :) ..., реално којзнае колку е падната. Потрошувачка кошница не се пресметува веќе 2 години.

Просечната ноемвриска плата изнесува 20.857 денари
Просечната нето-плата, исплатена во ноември минатата година, изнесува 20.857 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности (13.8%), Други услужни дејности (5.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Рударство и вадење на камен (5.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).
Во ноември, 2.2% од вработените во Македонија не примиле плата.
А дали некогаш некој ќе ги земе предвид и еден куп компири! нули! кои воопшто и не земаат плата па нека го пресметаат повторно просекот и да видиме колку ќе испадне, или тие не се луѓе и немаат потреби за храна и се останато па не ги ни рачунаме дека воопшто постојат!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
А дали некогаш некој ќе ги земе предвид и еден куп компири! нули! кои воопшто и не земаат плата па нека го пресметаат повторно просекот и да видиме колку ќе испадне, или тие не се луѓе и немаат потреби за храна и се останато па не ги ни рачунаме дека воопшто постојат!
Имаше и тоа. Потрошувачка кошница која ја укинаа. Затоа пресметките на ссм покажаа дека само за 2011 месечно беа потребни околу 500 евра минимум. Сега со покачување на струја, парно, храна и други производи сигурно таа бројка е многу поголема.

Затоа има други податои од кои можеш индиректно да видиш колку лица се издржувани, колку не примиле плата, колку се во група сиромашни лица...
На пример во оваа публикација
http://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikacija.aspx?id=2
има по домаќинство годишни расположливи (318.800) и употребени средства (352.000) по вид домаќинство.
Или овде
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=115
кажува за нивото на сиромашни
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=37
исто пишува за сиромаштијата, со други методи...

Има, се наоѓаат податоци и врз основа на тие податоци може да се добијат многу други и да се синтетизираат. За такви посложени официјални анализи се одговорни институтите и професорската фела, експертите.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
ЕЕЕЕЕЕХ! Колку би било прекрасно само кога и во училиште од 13-14 предмети во предвид за просек ги рачунаат само прелазните, а единиците не, замислете каков би бил просекот! Колку убаво, хахаха, По мое правило а верувам во него дека е точно, ако не, корегирајте ме, ако сметаме просек на приход во РМ тогаш тој просек се смета за сите граѓани кои се во МК и живеат со постојано живеалиште тука а се работоспособни. Така да значи треба да се земат предвид и сите невработени со износ на бруто нето плата = 0 ден. Ако не, тогаш нека не ги сметаат ни ниските оцени во образованието во креирањето на просекот! а... потрошувачката кошничка?!, но комент!
Еве една споредба ќе ја пуштам повторно и во оваа тема, па кажете свое гледиште. ова е дел од моето.
Sporedba mala sl..jpg
--- надополнето: 22 февруари 2013 во 17:11 ---
Е па видете сега вие, зошто бре ова германциве не идат на печалба во Македонија?! Еве владиве наши постојано ни кажуваат колку многу постигнале, колку ни е убаво во Македонија. Нешто слично му кажуваат и на севернокорејцине мислам.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Просечната нето плата повисока за 54 денари (0,3%)

Според ДЗС просечна плата во декември 2012 била 21.469 денари , што е за 54 денари повеќе него во декември 2011 , кога била 21.415 денари.

Просечните плати веќе неколку години се бетонирани на 21.000 денари , но во меѓувреме трошоците за живот се качуваат како брз лифт.

Во декември 2012 трошоците за живот пораснале за 4,75% во споредба со декември 2011.

Ако во декември 2011 си потрошил 20.000 денари , сега за истите работи ќе потрошиш 20.950 денари.

декември 2011: декември 2012
Нето плата: +54 денари
Трошоци: +950 денари
Разлика: 896 денари посиромашни или ненајадени. (секој месец)

декември 2010: декември 2012
нето плата: +15 денари
трошоци: +1.534
Разлика: 1.519 денари посиромашни месечно

Мада што според мене трошоците се зголемени за многу повеќе , но и вака посиромашни сме.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Не е месечно туку годишно намалување на куповна моќ за некои 5%. Ако е месечно...тогаш за 2 години куповна моќ би се намалила окулу 3 пати што очигледно не е така.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Не е месечно туку годишно намалување на куповна моќ за некои 5%. Ако е месечно...тогаш за 2 години куповна моќ би се намалила окулу 3 пати што очигледно не е така.
Годишна е, затоа велам во споредба со 2011.

Во декември 2012 трошоците биле за 4,75% повисоки од декември 2011.
А во споредба со ноември 2012-та , трошоците биле 0,04% повисоки.

декември 2012: јануари 2013: +0,31%

јануари 2012: јануари 2013: +3,79%

Истите работи што ги имаш купено во јануари 2012 , во јануари 2013 те коштаат 3,79% повеќе , а платата иста. Посиромашен си нели.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Годишна е, затоа велам во споредба со 2011.

Во декември 2012 трошоците биле за 4,75% повисоки од декември 2011.
А во споредба со ноември 2012-та , трошоците биле 0,04% повисоки.

декември 2012: јануари 2013: +0,31%

јануари 2012: јануари 2013: +3,79%

Истите работи што ги имаш купено во јануари 2012 , во јануари 2013 те коштаат 3,79% повеќе , а платата иста. Посиромашен си нели.
Дека статитистика укажува на намалување на куповната моќ на платата тоа е точно. А јас дали сум посиромашен тоа е друг муабет :D
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Кратко кажано:Цени европски,плати африкански.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom