- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.968
Ми е гајле која ти е целта. Имам блиски другари со коишо сме свиѓале и сме коментирале за исти особи. Да не речам и сме биле со иста личност шо два посто не ни значела после пет дена. И никад не дошол моментот да било кој од нас требал да се научи to get over it. И не сакам да те омаловажувам, не ми е тоа целта, ама поприлично не ми одговори на поентата на целиот bro code, кога вистинските другари секако дека би ти дале зелено светло ако ги прашаш. Зашо тогаш да ги прашаш? Они не се свесни дека и ти имаш хормони? Дека типка бомба за нив, е типка бомба и за тебе? ....Значи се надевам дека еден ден ќе научиш да не ти паѓа егото стотка на саат ако некој тип ќари типка шо ти ја свиѓаш без да ти каже.
Со тоа што ги прашувам не им одам позади грб. Тоа ми е целата поента на муабето. Јас сакам да добијам зелено светло од другар ми. Затоа и ќе го прашам.
Bro Code во случајов би претставувал: Кога на твој другар му се допаѓа одредена девојка, поготово толку долг период, не правиш ништо со неа, се додека не прашаш.
Тоа не е ништо пишано, се е усмено. Во конкретниов случај дечкото ја свиѓа и и праќа сигнали година дена а другар му ја мува девојката во прва слободна прилика, според него не планирано. Дали е не планирано тоа само тој знае.
Пример, во друштво имаме bro codes коi гласat.
- Кога излагаме, се дели сметка и сите плаќаме исто.
- Ако на некој му треба услуга во било кое време, ти си таму за него, без разлика на тоа што пред тоа или во моментот си правел.
- Нема менување девојки (кажав дека не сме имале таква ситуација)
Можеби изгледа смешно, филмски и детски ама ние така функционираме, сами си ги поставуваме, зависно од ситуациите во кои што сме нашле и баш ни е добро, сега за сега. Мислам и се надевам дека така ќе остане уште доооооолго, долго време.
И да, не ме омаловажуваш, само дискутираме. Немам проблем со тоа.


Оти убава девојка на секој му се допаѓа, тоа е јасно.