Митови за заштедување на горивото

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Еве некои митови околу заштеда на гориво, некој ги знае некој не како и да е мислам дека е добро секој да ги знае. :)

Возењето со отворени прозори ја зголемува потрошувачката на горивото

Голем број од луѓето советуваат да не се користи клима уредот во автомобилот, бидејќи тоа ја намалува економичноста на горивото. Но, други пак велат дека со отворени прозори при брзина од 100 км/ч или повеќе се пореметува аеродинамиката на автомобилот и поради тоа уште повеќе се зголемува потрошувачката на горивото. Но, доколку ги затворите прозорите и ја пуштите климата при овие брзини, ќе ја зголемите потрошувачката за околу 1,5 километри на литар. При тестирањата на Хонда Акрод, отворањето на прозорите на овие брзини немало никакво влијание врз потрошувачката.

Автомобилот треба да се загрее пред тргнување

Точно е дека со постарите модели на автомобили, ова беше и повеќе од потребно (особено при екстремно ниски температури). Но, денешните мотори се многу поефикасни кога функционираат при нормална температура, а најбрзиот начин таа да се постигне е автомобилот да се вози веднаш по запалувањето.

Гумите со послаб отпор на вртење се секогаш добар избор

И покрај тоа што овие гуми има шанси да ви го намалат трошењето на горивото, тие не секогаш се добри кога станува збор за кочење и управување на автомобилот. Најдобро е доколку при вашиот избор на гуми на прво место ви се нивните безбедносни способности, а потоа отпорот на вртење.
Повелете продолжтете вие :)
 
А зошто се викаат митови кога некои од нив се вистинити и тоа докажани?
 
Возењето со помал број на обртаи на моторот би требало да штеди гориво, или мит е и ова?
 
Возењето со помал број на обртаи на моторот би требало да штеди гориво, или мит е и ова?
Вистина, помалце револуции = помалце гориво
 
Еве еден мит за заштеда на гориво.Не ја вози 15 дена и кога ке ја запалиш горивото па е исто:vozbud::vozbud:
 
Еве еден мит за заштеда на гориво.Не ја вози 15 дена и кога ке ја запалиш горивото па е исто:vozbud::vozbud:
Slow-Clap.gif
 
Ако возиш дебели луѓе троши поише. Или ти ако си дебел.
 
На митбастерс докажаа дека ако возиш позади камион заштедуваш гориво. Демек отпорот на воздухот се смалувал. А ова со прозорците исто го докажаа дека повеќе троши кога се отворени, за брзина на отворен пат зборувам.
 
Нека го објасни некој зборот митови во темава.
 
На митбастерс докажаа дека ако возиш позади камион заштедуваш гориво. Демек отпорот на воздухот се смалувал. А ова со прозорците исто го докажаа дека повеќе троши кога се отворени, за брзина на отворен пат зборувам.

Точно е, прост пример

Има многу причини за зголемена потрошња на гориво,меѓу кои се и горенаведените.
Издишани и дотрајани гуми,отворени прозорци,вклучени светла,парно,клима,радио.
дотрајан филтер за гориво-воздух,нередовна промена на масло,“женски начин на возење“ (со втора 60кмч) :) итн.
Дури и да е дизел,ке се осети за некој литар сепак.
 
Баш би сакал да ми објасниш како е можно да троши повеќе заради радиото ?
 
Баш би сакал да ми објасниш како е можно да троши повеќе заради радиото ?

Исто како што троши повеќе заради светлата или парното,треба алтернаторот да произведе повеќе струја со што се оптеретува моторот што значи автоматски зголемена потрошња.
Рачунај ако имаш јако озвучење у кола,две три појачала,вуфери,да ги рокаш цело време уз вожња ке ти рипне потрошња за минимум литар-литар ипол само од нив.
 
Првпат слушам ама фала многу убаво е да знае и ова .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom