Фан клуб - РК Металург

Се заебава.

Реално кој било е подобро од германците,кога видов кој се можни противници ако завршиш 3 ми се слоши. :noze:
ај да прашам. ако сега тепате против силкеборг на 24.02. сте 2 место, без разлика на то шо ќе направи горење против киелце?
 
ај да прашам. ако сега тепате против силкеборг на 24.02. сте 2 место, без разлика на то шо ќе направи горење против киелце?

да, да ако тепаат нема врска таа утакмица секако се втори
 
ај да прашам. ако сега тепате против силкеборг на 24.02. сте 2 место, без разлика на то шо ќе направи горење против киелце?
Да ако победат загарантирано им е 2-ро место.

Силкеборг и да победат и да изгубат ќе завршат 4-ти нив не им игра никаква улога,ама еве и денес не им играше па им го тртнаа на словенците. :icon_lol:

Ќе биде одлично на трибини,и ќе мора сконцентрирано 60 мин да изиграат,го имаат одличното 2-ро место во нивни раце.
 
Чеховски Медведи
Атлетико Мадрид
Динамо Минск.

Да го одбегнеме Лазаров топ ќе биде, дури и 1/4 финале е остварливо.

Хаха не биди сигурен друже дека Медведи ќе заврши 3 место .. Последно коло играат на домашен терен со првиот и ако го победат они ќе бидат први .. А на домашен терен мечките се неприкосновени !
 
Хаха не биди сигурен друже дека Медведи ќе заврши 3 место .. Последно коло играат на домашен терен со првиот и ако го победат они ќе бидат први .. А на домашен терен мечките се неприкосновени !
И да победат нема да бидат први...
Со ХСВ имаат негативен скор,на гости играа 27-27,дома играа 29-29,ХСВ има подобар скор зошто даде повеќе голови во гости од Медведи...
Хсв има бод повеќе,во последното коло игра дома со Монпеље кој речиси и да нема шанси за понатаму,со оглед дека Адемар игра дома со Паризан...имаат шанса за прво место,ама теоретски,треба да се случат две големи изненадувања,да изгуби ХСВ дома од Монпеље,а Партизан да направи сензација во Леон...тешко остварливо сценарио...
Можат да бидат втори само со победа над Фленсбург....
 
Лазаров вика дека последните години ќе ги игра во некој клуб од Македонија, можеби Пелистер али веројатно како што стојат работите ќе игра за Металург..е сеа прашање е кога? Ама си цепе на македонски..уво не го лази :)
 
Добро нормално е да се очекува да ја заврши во Пелистер кариерата,дај боже на 40 откако освоил Л.Ш. со Металург. :D
 
Мојсовски: Силкеборг ќе падне, нема да ја пропуштиме шансата што ни се укажа
Во таборот на Металург владее задоволство откако тимот на Силкеборг славеше над Горење Велење, овозможувајќи му на нашиот првак да биде господар на сопствената судбина во трката за второто место во групата. Така, „металурзите“ сега ќе треба само да слават на домашен терен над Силкеборг за да ја осигураат втората позиција, а со тоа и нешто полесен противник (една од третопласираните екипи од останатите групи) во Топ 16 фазата од елитното европско натпреварување. Избраниците на Лино Червар се свесни дека нема да имаат нималку лесна задача и дека улогата на фаворит мора да биде оправдана на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова е шанса што не смее да се пропушти, за нас победа над Силкеборг е еднаква на триумф во финалето од ЛШ. Работите ни се поклопија за самите да можеме да се бориме за второто место и сега ни е јасно што треба да се стори за да се дојде до посакуваниот пласман. Не велиме дека ќе биде лесно, бидејќи Силкеборг токму против Горење покажа дека игра растоварено и може да се носи со секој противник. Иако веќе го совладавме овој ривал во Данска, ќе мораме да бидеме многу внимателни, да го наметнеме сопствениот стил на игра и да не дозволиме тие да диктираат брз ракомет на каков што се навикнати. Радува одличното функционирање на нашата одбрана на последниот меч во Русија, очекувам да продолжиме во ист стил и во следниот период“ - изјавува Наумче Мојсовски.

Убедливиот триумф во Санкт Петербург беше идеален начин да се отстранат проблемите што се јавија на првите натпревари во 2013 година, но и да се врати победничкиот дух во тимот.

Точно е дека се соочивме со притисок, дека атмосферата падна во изминатиот период во однос на крајот на минатата година. Најпрвин тука беа репрезентативните настапи, потоа и поразите во Белорусија во СЕХА и во Словенија во Лигата на шампионите, но радува што покажавме фантастичен карактер и се вративме кога беше најпотребно. Сега победничкиот дух повторно е присутен кај сите ракометари и очекувам да го потврдиме тоа и на следниот меч во Скопје, уште еднаш бодрени од преполната арена“ - оптимист е Мојсовски.
 
Значи во историјата ќе остане запишано ова што читам деновиве, дека со Ст Петерсбург е постигната највисока победа во ЛШ од било кој македонски претставник и воедно е срушен рекорд односно е изедначен рекордот на Кил со само 4 примени гола во едно полувреме. Додатно и уште ако успее Металург да влезе во топ осум екипи ќе урне се што досега било сработено во македонскиот машки екипен ракомет.
 
Go gledav Mandik denes.Ima potencijal detevo.A bogami ima i predispozicii za vrven bek.Go pusti Cervar epten pred kraj da go ebam,nemase vreme ni da se zagree.Za pomalce od 10 min dade 2 gola,ama se primetuvase deka ima epten trema.2 pati izgubi topka u napad.Ke mu treba vreme da se vklopi vo timot,ama raduva toa sto ne se plasi da skokne od 9m i da sutne.Se na se dobro odigra kako za prv pat pred domasna publika.
 
Конечни 3-ти места во останатите 3 групи,Атлетико,Чековски медведи и Динамо Минск.

Ако победи Металург во Недела ќе игра против еден од нив.

Многу добар расплет им се направи,уште да ја искористат шансата во Недела.

П.С. Вчера тренинг,Манасков ги отвори 10 гола им шибна,следни 2 натпревари во СЕХА прво на гости со Ловќен,и дома со Цицка Мешков,ако ги победат овие две а големи се шансите за тоа да се случи скоро сигурно ќе играат Ф4.
 
Киелце води против Горење со 27-21.
Така да, второ место останува за Металург, без разлика утрешниот натпревар како ќе заврши.
 
2ро место. Браво. Сега може да очекуваме и 1/4 финале. Утре може и полежерно.
Инаку кога треба да има ждребка и кога ќе треба да се одиграат 1/8 финалните мечеви?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom