Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Трагите од „опелот“ 99,9 отсто се совпаѓаат со ДНК профилот на Алил Демири
Траги од земјата од местото на убиството биле пронајдени на автомобилот „опел омега“, а биолошките траги што биле пронајдени во автомобилот 99,9 отсто му припаѓаат на првообвинетиот за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Алил Демири, потврдија вештаците.
Во судот денес беа презентирани вештачења на траги од земја од местото на убиството и земјата пронајдена на автомобилот „Опел Омега“, со којшто, според обвинението, дел од обвинетите избегале од местото на убиството.
Беше презентирано и вештачење на траги од биолошко потекло, ДНК пронајдена во овој автомобил, како и вештачење на оружјето со коешто било пукано.
Земјата од калниците на „Опел Омега“-та се совпаѓала со земјата од местото на убиството каде што се наоѓало едно од телата на убиените. Земјата на тркалата на автомобилот, не се совпаѓала со земјата од местото на настанот, бидејќи при возењето, составот на земјата се изменил.
Примерок на земјата од месноста Вражји вир, местото каде што беше најден опелот - не бил земен за вештачење.
На задното седиште на автомобилот биле пронајдени траги од пот и епителни клетки кои се совпаѓале со ДНК профилот на провообвинетиот Алил Демири.
Форензичарот Роберт Јаневски тврди дека 99,9 отсто му припаѓаат на Демири. Неговиот ДНК профил веќе бил во крим евиденцијата од 2009 година, откако бил уапсен за нелегално поседување оружје. ДНК профилот им го доставиле колегите од СВР Куманово.
При увидот биле земени траги од 50 до 60 локации на „опелот“, но само четири биле погодни за испитување.
Според балистичарот Неџад Муриќ, во жртвите било пукано со автоматски пушки и со пиштол ткн „долга деветка“. На местото на убиството биле подигнати 13 чаури од пушка и осум чаури од пиштол. Но проектилите кои биле најдени во телата на жртвите не биле вештачени.
Според обвинението, Агим Исмаиловиќ ја зел „Опел Омега“-та од паркинг во Топаанско Поле, додека обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по убиството, со истиот автомобил дошле на обиколницата кај Качанички пат каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, го оставиле „опелот“ и се качиле во автомобилот на Азири.
Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи ги негираше сите овие факти. Судењето го следеа и роднини на жртвите и роднини на обвинетите.
Судскиот процес за грозоморното убиство коешто ја потресе цела земја почна на 20-ти декември минатата година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Судењето се снима визуелно и тонски со две камери. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, им се суди во отсуство.
Во убиството коешто се случи на 12-ти април без причина беа убиени матурантите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски.
 
Најлесен, најпи*карски начин е смртна казна.

Мачење до крај на живот, во самица, зошто се ладнокрвни убијци. Тоа заслужуваат.

Не смрт да им дадеш, туку сами да посакуваат а да не им помогнеш. Да плачат за да бидат убиени, за да се спасат.
Муабетот е за реални казни, такво нешто ти може да посакуваш, но неможе да се оствари.
Смртната казна пак, е реалност во многу земји и треба да биде секаде, се додека постојат гнаси кој не заслужуваат да живеат.
 
Проблемот е што кај нас терминот доживотна казна е заменет со 20 години затвор.
А тоа е далеку од доживотно...
Плус скоро секогаш има помилувања, за добро однесување за курои мурои, врти сучи на крај од доживотна испаѓаат 18-тина години...

Има бе брат доживотна казна како нема.

Да не си се помешал со терминот „дваесет до доживотна“?

Иначе со помилување мислам дека осуденик може да излезе одкако ќе помине 2/3 од висина на казната. Пример ако е осуден 21 година, кога ќе наврши 14 има право да бара помилување.

Не бе јас ќе ги ранам говедата до крај на живот, колку е голема таа грешка. Изделкај го на делчиња и фрли го на депонија, гнаса уште да го ранам цел живот.

Добро, не ги рани (раниме). Не им давај храна и вода, нека умрат во мака и беда.

Целата поента ми е да имаат мачење. Според мене што подолг период, тоа подобро, позадоволувачки.
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 14:16 ---
Муабетот е за реални казни, такво нешто ти може да посакуваш, но неможе да се оствари.
Смртната казна пак, е реалност во многу земји и треба да биде секаде, се додека постојат гнаси кој не заслужуваат да живеат.

Кај нас е реалност доживотна казна, не смртна, затоа што вторава ја немаме.

Како ќе се постават чуварите со нив во затвор нит јас нит ти не можеме да знаеме. Дали ќе бидат малтретирани и слично можеме само да претпоставиме.
 
Сигурен си?
Колку што знам го сменија законот пред некоја година...
Баш пред некој ден правевме муабет за ова со студенти од правен.
Добро што се студенти уште :), сменет е кривичниот закон, ама не е тргнат доживотен затвор, се менуваа други работи. И сега се спрема измена нова на кривичниот, ама за навивачите :нинџ: што значи пак нема врска со оваа работа.
За ова кривично дело, минимумот е 10 години, максимумот доживотен затвор.
А убаво вика Рокенрола, ако сте биле кај нас во затворениот дел од машкиот затвор, (кај што лежат најтешките криминалци) знаете дека и еден ден нормален човек нема да издржи.
 
Има бе брат доживотна казна како нема.

Да не си се помешал со терминот „дваесет до доживотна“?

Иначе со помилување мислам дека осуденик може да излезе одкако ќе помине 2/3 од висина на казната. Пример ако е осуден 21 година, кога ќе наврши 14 има право да бара помилување.
Незнам што сум измешал, не се разбирам многу во правни работи , туку дека пред некој ден правев муабет на таа тема, ама тоа изгледа беше дека смртна казна се сменила во 20 години затвор.
А смртна казна и доживотна си ги земав како ден ист поим, па затоа така напишав :icon_mrgr:
 
Незнам што сум измешал, не се разбирам многу во правни работи , туку дека пред некој ден правев муабет на таа тема, ама тоа изгледа беше дека смртна казна се сменила во 20 години затвор.
А смртна казна и доживотна си ги земав како ден ист поим, па затоа така напишав :icon_mrgr:
Македонија како што јас знам никогаш немала смртна казна (барем сигурно немала од 1991 навака). :)
 
Доживотна казна тука не игра улога.

Ликвидирање на јавно место пред сите,за да служат како пример за сите останани кои планираат да посегнат по нечив живот.


Но реалноста е сосема друга.
 
За Пиратерија затвор и до 10 години, да видиме ова како ќе помине. Чисто сумњам, тука некаде ќе биде. А може и помалце.
 
Сигурен си?
Колку што знам го сменија законот пред некоја година...
Баш пред некој ден правевме муабет за ова со студенти од правен.

:)
Член 35 став 2 од КЗ.

А еве и една статија поврзана со доживотниот затвор.

Доживотниот затвор ја убива надежта

Доживотниот затвор или познат како смрт за надежта на осудениците е максималната затворска казна што ја отслужуваат десетмина затвореници во Казнено-поправниот дом во Идризово. За осудениците на доживотна робија ѕидовите и затворските решетки се единствените нешта што ги гледаат кога ќе се разбудат. Тоа е нужно зло, вели професорот по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ.

- Кога ја укинавме смртната казна, единственото нешто што остануваше беше доживотниот затвор. Тоа е пракса на современите држави што значи дека така прават сите - објаснува професорот Марјановиќ.

Тој се сомнева дека доживотниот затвор може да влијае позитивно и да ги ресоцијализира осудениците.

Осудениците на доживотен затвор можат да побараат помилување од претседателот на државата веднаш откако пресудата ќе стане правосилна.

Но, праксата говори дека тие многу ретко или по издржување на дури 15 или 20 години затвор можат да добијат вакво помилување, велат правните експерти.

Осудениците на доживотен затвор не се разликуваат од обичните затвореници, освен што не смеат да работат и да ја напуштат зградата во која се сместени. Тие немаат право на викенд-отсуство.

Казната доживотен затвор кај нас е воведена во 1996 година, како замена за дотогашната најстрога казна - смртната. Дел од правните експерти и криминолози сметаат дека доживотната казна треба да се укине бидејќи нема никаков ефект и оти е посурова и потешка дури и од смртната казна.

- Човекот осуден на доживотен затвор нема никаква желба да се поправи, бидејќи казната му ги убива надежите. Понатаму тој не може да биде корисен член на општеството, што исто така е една од целите на казнувањето, бидејќи нема да се врати меѓу луѓето-велат криминолозите.

Според македонскиот кривичен законик, ако за кривично дело извршено со умисла е пропишан затвор од 15 години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна доживотен затвор. Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена главна казна. Според членот 35 од КЗ, доживотен затвор не може да му се изрече на сторител кој во време на извршување на кривичното дело не навршил 21 година од животот.

Анте Ристески (29) и Игор Мирчевски (26) се првите осуденици на доживотна робија, по две години во Македонија. Тие добија максимална казна за ѕверското мачење и за убиството на Митра Силјановска (61) и на Радослав Божиновски (68) во минатата година, во Кичево и во Малкоец. Заедно со нив вкупниот број осуденици на доживотна достигна десет. Во мај од Германија во Македонија по негово барање бил донесен Амет Грауман (35), осуденик на доживотна робија за убиство. Тој бил осуден на максималната затворска казна за убиство што го извршил во Германија. Откако во германските затвори одлежал осум години тој бил вратен во затворот "Идризово", за тука да си ја одлежи казната. Алити Бесим од Тетово е со најдолг стаж од осудениците на доживотна робија. Тој ја одлежува доживотната казна од 1997 година за убиство на двајца полициски инспектори.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2799&stID=58028
--- надополнето: 15 февруари 2013 во 14:52 ---
Проблемот е што кај нас терминот доживотна казна е заменет со 20 години затвор.
А тоа е далеку од доживотно...
Плус скоро секогаш има помилувања, за добро однесување за курои мурои, врти сучи на крај од доживотна испаѓаат 18-тина години...

Хахахха помилување:LOL:
Знаеш кои све услови кумулативно треба да бидат исполнети за да еден осуденик биде помилуван. Кај овие, доколку се докаже дека се виновни, апсолтно НИКОГАШ не можат да бидат помилувани. Хахахха
 
Македонија како што јас знам никогаш немала смртна казна (барем сигурно немала од 1991 навака). :)
Последната смртна казна е извршена 1978 за тројно убиство.
Инаку еве што најдов во врска со неа

Во време кога Македонија била дел од Југославија смртната казна била предвидена во Kривичниот закон, но и тогаш постоеле дилеми и дебати дали таа е соодветна казна и дали треба да постои. По донесувањето на Уставот на Република Македонија, најтешката казна е заменета со затвор од 20 години. Сепак и во тоа време со амандман се барало тероризмот и други потешки кривични дела да бидат санкционирани со смртна казна со стрелање. Но, демократизацијата на земјата придонела таквите барања да се напуштат и со решение животот на човекот бил прогласен за неприкосновен, поради што и смртната казна била укината.
 
Каква казна има за ова море од говна што јавно ги подржува убијците?

Законска казна нема... има само една можна казна, народот да ја превземе правдата во свои раце, односно граѓанска војна. Фино лепо, или едните или другите и крај на приказната. Вака не иде.
 
Најреално ако збораме, треба посебен затвор за ваквите па таму да бидат тепани и мачени секој ден. Зборам за најсурово мачење. Па по 2-3 години мачење да бидат живи запалени.
Е сега ова секако е далеку од остварување ама е заслужена казна
 
Не очекувајте и не се надевајте премногу. Ова е Македонија, ви текнува? Плус знаеме и сами кој кого влече за нос во нашава коалиција и не верувам дека тие нема да се замешаат во судскиов процес.

Арно ама, да се работеше за наши луѓе, тогаш ќе беа кренати две-три револуции минимум, ќе се воведеше ако треба и смртна казна, или најблаго, сторителите ќе добиеја по 100 години затвор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom