А бе стручњак да прочачкаш по интернетов малку повеке не ке биде лошо,па да видиш се што има.И дека поголемите фирми кои се занимаваат со производство на адитиви дека има адитив кој се става во маслото,да убаво прочита во маслото,и тоа на загреан мотор,се остава да работи во лер 3-5минути и потоа се испушта старото масло.Па ке се чудиш кога ке го видиш маслото црно ко да има 150000км поминато со него.Инаку адитивите се на база на петролеј,ако не знаеш да ти објаснам......И не штракајте глупости.Ајдеееее не сум знаел...А бе луге што ми кажувате вакви работи,се последен дознавам.....
О, големо мандало, прочитај 3 пати шо сум пишал па после расправај се. И јас ти го викам истото, дека со адитив е 159745792450976523 пати поарно, пошто некој седнал потрошил време и енергија да напрај нешто што гарантирано нема да ти предизвика ултра енормно триење, или недај боже да ти експлодира турбината... И да, сигурно треба да го возиш едно 250 км и да дотураш дизел на секои 50 км. Незнам на шо база се адитивите, мада гарантирано дека нема шанса возилото да ти зариба или да прегрее поради него, баш поради процесот на тестирање - нешто што со турање бензин/дизел во маслото го немаш и си прајме чаршиски муабет по убедувањето и експериментирањето мое или твое.
Значи порано се правеа такви комбинации со ставање нафта во маслото за подобро чистење,и имаше ефект.За бензин да ставиш хмммммм,некако не ми штима.Инаку ако си чул за фирмата ВУРТ која има представништво во Скопје патем речено,имаат цела палета на производи вклучувајки и чистење на целиот систем за гориво како и системот за подмачкување ан бензински и дизел мотори.Јас лично бев 2010 на презентација каде беше донесен Гољф дизељ на кого беше демонстрирано како функционира тој начин на чистење........
Сум чул јас за Вурт штета што не презентираат кај нас во Битола. Имам пробано греачи од кај нив, братми редовно им ги користи штрафовите и штрафовската роба (штрафцигери, врвови за штрафилици, шмиргли и тн), стварно имам само пофалби за нивниот асортиман. Нудат еден нестандардно добар квалитет за нашето поднебје, и шо е подобро, на пазарот се едно 5-6 години и го држат квалитетот. Никако нити да опаднат нити ништо.
За адитивите сум користел од онај прочистувачот за дизел гориво доста е ефикасен. Аудито шо го имав, знаеше од време на време да трокира кратко под мала, ми рекоа тури таков за дизел... се среди тоа со работењето, ама почна да течи нафта од 3 места, па менував гумички на пумпата.
И уште останува она погорното шо го пишав дека можи да исчисти гареж и компресијата на моторот да опадни... то ти е сепак теорија, немора да значи дека нема да биди така, мада тргнувајќи од доодените TDI канти шо ги носат, не би ме чудело после чистач да несака воопшто да пали.
Инаку за тоа со бензинот, го пишав онака иронично, ни на крај памет не ми паѓа да правам таква работа на мотор, нити со бензин нити со дизел... Ама пошто има експерти по таа работа, можи ќе се најди некој до толку будала да извади 2 литри масло и да тури 2 литри бензин... во турбаш.